Кој е Бог?

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Убави си кажа ти, секој човек е различен и според тоа на различен начин духовно се развива и унапредува. Религиите ја "силувале" духовноста обидувајќи се да ја унифицираат и да направат идентичен модел за сите.
Иако гледам да имам почит према луѓе кои се религиозни, сепак сметам дека се губи различноста и индивидуализмот со религијата. Не само во однос на моралот и етиката, туку и во склоп на цела серија други аспекти кои некој дури и би се зачудил зошто религијата би ја интересирало воопшто за тоа. Проблемот е што наместо нешто лично и персонално, религијата станала масовна појава и пуштила корења во нашите различни култури и станува дел од нив, и полека ги унифицира во една хомогена културолошка матрица. Барем тоа го имам забележано (а и многу антрополози, културолози). Се надевам негативното влијание ќе избледее додека дојде новава ера на секуларизам и хуманизам. Не сум сигурен за ренесанса, ама можно е и тоа да се случи :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ЗОТЕ, ова што го осеќаш (чувство на одбивност кон таква појава, на отворено), е повеќе резултат на некои глупости произлезени од нашето општество во глобала.

Чувството на сексуална/емоционална привлечност е природно нешто, и е еден вид удоволување на биолошките потреби кај пар индивидуи. Јас не знам зошто некој не мрчи на пример кога некој ќе јаде на отворено, затоа што му се присакало да јаде. Или ако кивне на отворено или не знам .... прдне?

Биолошка реакција/потреба се сите овие работи. Причината што гледам поинаку на секс на отворено е затоа што сме го свеле сексот на табу статус, и сме измислиле некои непишани кодекси на однесување кои се "општествено прифатливи", кои даваат едно големо НЕ на ваква појава.

Во идеално општество, ова нема да биде шокантна појава (уште помалку вредна за во весник да ја пишува), туку и некој ќе помине, и наместо да се крсти, грди, пцуе или зјапа во конфузија, ќе отиде ќе му даде highfive на момакот и еден палец нагоре за подршка, и ќе си замине на својот пат :).

Јас така гледам на ова. Што знам, може мене ми треба духовно лечење? :D
Погрешно ме разбираш. Деца гледаат, луѓе гледаат, едноставно за таков чин е потребна интима. Содома и гомора пропаднале зашто до ваков степен на блуд дошло и во тоа време пред 5000 години. Визнатија пропаднала токму ради вакви сексуални револуции. Ти кажав проучувај ја билијата убаво е објаснето телесното задоволство и духовното
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Иако гледам да имам почит према луѓе кои се религиозни, сепак сметам дека се губи различноста и индивидуализмот со религијата. Не само во однос на моралот и етиката, туку и во склоп на цела серија други аспекти кои некој дури и би се зачудил зошто религијата би ја интересирало воопшто за тоа. Проблемот е што наместо нешто лично и персонално, религијата станала масовна појава и пуштила корења во нашите различни култури и станува дел од нив, и полека ги унифицира во една хомогена културолошка матрица. Барем тоа го имам забележано (а и многу антрополози, културолози). Се надевам негативното влијание ќе избледее додека дојде новава ера на секуларизам и хуманизам. Не сум сигурен за ренесанса, ама можно е и тоа да се случи :D
Ако вистината се перцепира како непочитување, тогаш според мене тоа е доволен поттик да се запрашам зошто треба да почитувам такво нешто. Толеранцијата е едно нешто, почитта е сосем друго - таа се заслужува.
Инаку новата ера веќе е дојдена, доволно е да се погледне околу себе. Начинот на размислување и однесување кај новите генерации, слободата на изразување, сексуалната револуција и сите слични трендови се лицето на новиот еон или како што ти рече - новата ера.
Религиските догми го живеат нивниот последен смртен грч.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Погрешно ме разбираш. Деца гледаат, луѓе гледаат, едноставно за таков чин е потребна интима. Содома и гомора пропаднале зашто до ваков степен на блуд дошло и во тоа време пред 5000 години. Визнатија пропаднала токму ради вакви сексуални револуции. Ти кажав проучувај ја билијата убаво е објаснето телесното задоволство и духовното
Имаш познавања од многу области ЗОТЕ, и за тоа те почитувам, и сметам дека имаш право. Ама ова за Содома и Гомора друже, за жал, не ти е точно.
 
Тоа е и знакот дека доаѓа крајот на светот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е и знакот дека доаѓа крајот на светот.
Не, тоа е знак дека човештвото конечно - полека но незапирливо созрева и ги отфрла трулите идеологии кои го уназадувале со милениуми.
Времето на умирачките богови помина, доаѓа ново време, каде нема друг бог освен човекот!
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тоа е и знакот дека доаѓа крајот на светот.
Дали тоа значи дека јас сум еден од Јавачите на Апокалипсата? :D

Ама не предвесувам Разбој, Глад, Војна ни Смрт ... :cautious:

What am I?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Погрешно ме разбираш. Деца гледаат, луѓе гледаат, едноставно за таков чин е потребна интима. Содома и гомора пропаднале зашто до ваков степен на блуд дошло и во тоа време пред 5000 години. Визнатија пропаднала токму ради вакви сексуални револуции. Ти кажав проучувај ја билијата убаво е објаснето телесното задоволство и духовното

Муабетов држи вода.

Ама што подразбираме, или што подразбира под сексуална револуција христијанството?

Што е за него небогоугодно?

Има голема разлика од секс пред сите у парк, до секс со две партнерки у интима, на пример.

Човекот е љубопитно суштество пред се.

Слободната волја му ја дозволува таа љубопитност, а истата е овозможена од Бога, и јас навистина не гледам причина зашто не би се користела таа волја во задоволување на сопствениот хедонизам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали тоа значи дека јас сум еден од Јавачите на Апокалипсата? :D
off. Да не имаш дечко што се вика Апокалипса? :D
on. Книгата на откровението е кабалистички текст.
...светоста на една книга зависи од рангот на кабалистот, т.е. адептот. Кроули на едно место спомнува дека повеќето еврејски рабини не биле комплетирани адепти од највисок ранг, можеби со исклучок на Мојсие. Така Јован Богослов бил член на секта која ги мразела Николаитите, нивните ривали.
Таа омраза и секташко препукување кај Витлеем Корал нашла место и во Апокалипсата. Како и да е, неговите визии се преполни со кабалистички симболи и не можат да се сфатат без да се познава главната матрица од која се извлечени.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
off. Да не имаш дечко што се вика Апокалипса? :D
on. Книгата на откровението е кабалистички текст.

Не е битно чиј текст е, туку што содржи и колку е релевантен тој текст.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Имаш познавања од многу области ЗОТЕ, и за тоа те почитувам, и сметам дека имаш право. Ама ова за Содома и Гомора друже, за жал, не ти е точно.
Е како не е точно? што е воистина според тебе за содома и гомора?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е битно чиј текст е, туку што содржи и колку е релевантен тој текст.
Епа затоа реков дека за да се свати, потребно е да се познава матрицата - кабалата.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Муабетов држи вода.

Ама што подразбираме, или што подразбира под сексуална револуција христијанството?

Што е за него небогоугодно?

Има голема разлика од секс пред сите у парк, до секс со две партнерки у интима, на пример.

Човекот е љубопитно суштество пред се.

Слободната волја му ја дозволува таа љубопитност, а истата е овозможена од Бога, и јас навистина не гледам причина зашто не би се користела таа волја во задоволување на сопствениот хедонизам.
Све што е надвор од бракот е сексуална револуција, или задоволување на телесни страсти.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Епа затоа реков дека за да се свати, потребно е да се познава матрицата - кабалата.

Да се сфати апокалипсата ли? Или целата книга на откровението?

Што доколку не се знае кабалата? Колкав зијан е тоа за една личност, по тебе?
--- надополнето: 16 август 2012 во 18:28 ---
Све што е надвор од бракот е сексуална револуција, или задоволување на телесни страсти.
Ако е ова твојата дефиниција, јас немам повеќе прашања во врска со истата:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom