Иванов по тридневен молк, успеал да дознае само како што се вели во соопштението на неговиот кабинет, униформираните лица кои салутираа на борците на ОНА не биле од армискиот состав, туку од кабинетот на министерот за одбрана.
Претседателот Иванов побара од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност. Претседателот на Република Македонија бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот Иванов.
И додека Иванов бара да се расветли случајот, од Владата експресно му одговорија –
Груевски нема да го повика на одговорност ниту Бесими, ниту министрите што со него се поклонија на споменикот на борците на ОНА. Во соопштението од Владата велат, посетата на Слупчане била
приватна режија на како што велат лица кои во моментов се членови на Владата. Бидејќи велат ниту Владата ги испратила на таков настан, ниту зборувале од името на Владата, ниту настанот имал официјален државен карактер.
Владата не може да преземе мерки кон лица кои во своето слободно приватно време и во приватен ангажман, се појавиле или зборувале на некој настан. Појавувањето на определени лица и она што било зборувано на тој настан, не ги одразува политиките и позициите на Владата и не може да се стави во корелација со официјални ставови и погледи на Владата, се вели во соопштението од „Илинденска“...
-
http://www.24vesti.mk/ivanov-veli-ima-prekrshuvanje-na-procedurite-gruevski-nema-da-bara-odgovornost
п.с. повторно се поставува прашањето : Има ли пилот во авионот ?!!