Ја уште од мал имам посебен вид анксиозност(ај да не го наречам така,повеќе делува на панични напади и страв) . Уште помал имав страв/паника од забавиште и основно школо(тестовите посебно). Во гимназија ги немав за среќа. се до пред 3 месеци кога ми се случи на испитна сесија(јунска) да ме фати огромна паника,црни мисли и некаков вид страв од полагање. Можеби е нормално тоа, но моево беше претерано. 5 дена пред полагање јас имав спиено околу 13-14 саати, и тогаш си реков дека ова не вреди и оставив 2 испита за у септември(тоа беше единствениот начин).Срцето ми чука енормно брзо,немам никаков апетит, страв константен,несоница,осеќам дека че паднам, проследено со други константни црни мисли/страв и остало, како да не бев тоа јас .Можеби ќе ви е смешно што имам паника/страв од полагање/факултет, но како што реков ова датира уште порано(забавиште па основно). Цело лето се прашувам како да го решам проблемот(кој не е од неучење патем и се појавува од време на време). Ајде некако се живее со стравот ама несоницата/уморот од ноќите непреспиени неможе да се трпи,башка срцето ми чука 238 на саат. Џабе ми е и шетња,трчање,играње со куче,баскет,музика,чаеви,излегување со другари(со кои во тие моменти не се осеќав како да сум јас туку некој total stranger), кога неможам тие гадни мисли да ги тргнам од глава кои ја предизвикуваат несоницата и неспиењето. Еве сега се наближува полагање, и ми е страв пак да не се повтори тоа.Mоите родители ми велеа дека тоа не е ништо, не е причина за страв и сл. но мојата психа и моето тело ми го кажуваа спротивното.. Па ако може некој да ми каже совет како да се справам со сето ова, дали лекови за смирување/спиење или пак некој друг начин(природен).
п.с незнам каде да се обратам на кајгана за овој мој проблем ама мислам дека оваа тема највеќе одговара за ситуацијата. Фала однапред. Поздрав