Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата PSYtisfaction
  • Време на започнување Време на започнување
Абе убаво е ние како граѓани да си развиеме свест за кревање протести.

Само лошо е ако се протестира за се и сешто.....така ќе премине во навика,и никој нема да обраќа внимание на протестите.

Значи се знае бе....како протестите од 97ма.....штрајк со глад....поставени шатори....назначени лидери.....штрајкување со денови.....е тоа е штрајк.....овоа другово се е само правење ќејф на опозицијата ништо друго(со дечиња соросоидчиња-распеани скопјанчиња,ко авторот на темава)!!!
 
Целосна поддршка за протестот, да живеев во Скопје и јас ќе учестував. Но сепак сум скептичен дека овој протест ќе вроди со плод, бидејќи мал број на граѓани ќе учевствуваат, благодарение на партиската поделеност во нашава земја. Ниеден член на ВМРО нема да учевстува, протестите ќе бидет окарактеризирани како политички (СДСМ е организатор), односно ќе бидат претставени во негативно светло од страна на медиумите. Тие како дел од оваа земја од оваа наша Македонија, треба да се на наша страна, но за жал знаеме како стојат работите во земјава. На крајот македончето трпи....
Вмровците нема да плајкаат поевтина струја, затоа нека искочат сите на протести!!!!!!!!!
 
Протестот помина одлично. Имаше доволно луѓе за да биде гласен и валиден, но сепак за ваква работа која ги засега буквално сите граѓани во држава се очекува да биде далеку помасовно.

Прилог од Алфа: http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=53573

Ги повикувам сите форумџии што сакаат да се приклучат во организација на протестот да дојдат на наредната организациона средба, во петок во 20:00 кај Мајка Тереза. Секогаш се потребни повеќе луѓе за организација, а средбите се неофицијални и отворени и во духот на директна демократија заедно ги одлучуваме сите чекори.

Ги повикувам и сите форумџии од другите градови да потегнат иницијатива во своето локално место и да организираат протест наредниот вторник истовремено со Скопје, Куманово, Прилеп, Битола и Велес. Тоа се градовите кои досега се најавија дека ќе протестираат нареден вторник.
Ако има некој што е спремен да иницира а не знае како, нека ме контактира и ќе му помогнам со некои технички совети.
 
Абе убаво е ние како граѓани да си развиеме свест за кревање протести.

Само лошо е ако се протестира за се и сешто.....така ќе премине во навика,и никој нема да обраќа внимание на протестите.

Значи се знае бе....како протестите од 97ма.....штрајк со глад....поставени шатори....назначени лидери.....штрајкување со денови.....е тоа е штрајк.....овоа другово се е само правење ќејф на опозицијата ништо друго(со дечиња соросоидчиња-распеани скопјанчиња,ко авторот на темава)!!!

Никогаш нема да сфатам што имате у тоа главите наместо мозок. Одвратно.
 
Никогаш нема да сфатам што имате у тоа главите наместо мозок. Одвратно.

офтопик
Во Волшебникот од Оз имаше еден лик Плашило за чавки....наместо мозок имаше трици....беше во потрага по мозок....но иако имаше трици наместо мозок....беше најпаметен во групата

Не е битно што имаме во глава....битно е како и колку го употребуваме...

Друга приказна е колку ТВ детергент поминал низ нашите глави

За мене е подобро да размислувам со своја глава и да грешам....отколку со туѓа и да бидам во право

Се додека мама и тато плаќаат сметки и носат јадење лесно е да ги етикетитарш другите како соросоиди, комуњари, предавници, шарлатани, наркомани, клошари и слично

Реалниот живот почнува оној момент кога ќе ве ишутираат од гнездото ....кога ќе почнете да се грижите сами за себе....сами да обезбедувате храна....сами да ги подмирувате трошоците за живот....тогаш поимот опстанок станува многу поважен од поимите лидер, партија, идеологија, навивање......

Проблемот со македонскиот народ е што неколку генерации живееја и растеа во систем кој се грижеше за нив наместо тие самите....редовна плата, бесплатно здравство, школство, ефтини кредити, социјални станови....овие генерации беа научени дека некој друг (државата) треба да се грижи за нив....овие генерации и покрај распадот на тој систем сеуште очекуваат дека некој друг треба да им ги решава проблемите и да им обезбедува егзистенција.....тешко е овие луѓе да ги помрднете од летаргијата во која се западнати....тешко е да ги натерате да почнат да се грижат за себе и сами да ги решаваат проблемите.....на овие луѓе секогаш ќе им треба некој Грујо, Бранко, ЉуБчо, Али, Тачи да ги води низ животот со лажни ветувања.....но најтрагично е што овие луѓе својата летаргија ја пренесуваат и на своите поколенија....ги прават опшествени инвалиди...од мали нозе ги учат дека во животот неможат да постигнат ништо сами....ги учат дека само партијата може да им донесе подобро утре...подобра работа...и подобар стандард

неможам да им се лутам на овие луѓе....можам само да ги сожалувам
 
Се надевам во вторник ќе има повеќе луѓе на протест. Стравот остајте го дома и размислете дали може нешо полошо од ова да се случи. Која сигурна и светла иднина би ја имале доколку останете дома?
 
Се надевам во вторник ќе има повеќе луѓе на протест. Стравот остајте го дома и размислете дали може нешо полошо од ова да се случи. Која сигурна и светла иднина би ја имале доколку останете дома?

Ако народот до тогаш се врати од плажирање во Грција, можда ке има уште некој, ама пошто ние сме решиле секој наш денар да вложиме за доброто на грција, тогаш тешко.
 
Амаааааааннннннн замаааааааааааан :icon_lol:.

Од каде бре губитничка парола за протест, означува безнадежност кукање плачење. Имаш ти протест Окупирај го Волстрит таму против кои се протестира викаат дојдоа и окупираа, а овде регулаториве ќе викаат еве ги голтарите па да кукаат секој вторник како саат точни куку куку куку куку лелееееееееееееееее :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 
Плусинфо, објави вест дека само училиштата и градинките во Општина Чаир и должеле на Топлификација половина милион евра. Не знам колку училишта на има во Општина Чаир, но оваа сума ми звучи фантасично. А ако годишна бруто плата за еден наставник во основно школо е 5000 евра, ова е колку 100 годишни наставнички плати. Дали во Општина Чаир има вработено 100 наставници? Дали и таму Топлификација почнала да „ мери “ со калориметри?
Треба да ги поканиме и наставиците да ни се приклучат во Протестот
http://www.plusinfo.mk/vest/53583/U...Chair-na-Toplifikacija-i-dolzhat-500000-evra-
 
Никогаш нема да сфатам што имате у тоа главите наместо мозок. Одвратно.

Пак ПМС???

Инаку прочитај го 7-8 пати мојот пост и можеби ќе ја разбереш поентата....ама можеби....не ти гарантирам.
 
2832_10151178855173086_2143482107_n.jpg
 
Од сега искачање на протести стриктно само кога ќе се организираат од Марсовци. Едните соросоиди, другите бугарољупци, никако не ни се погаѓа.
 
Од сега искачање на протести стриктно само кога ќе се организираат од Марсовци. Едните соросоиди, другите бугарољупци, никако не ни се погаѓа.

Епа ај кажи ми која е поентата со транспаренти да си шеткаш низ град?....освен да добива поени опозицијата.

Се знае што е протест бре луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom