Никогаш нема да сфатам што имате у тоа главите наместо мозок. Одвратно.
офтопик
Во Волшебникот од Оз имаше еден лик Плашило за чавки....наместо мозок имаше трици....беше во потрага по мозок....но иако имаше трици наместо мозок....беше најпаметен во групата
Не е битно што имаме во глава....битно е како и колку го употребуваме...
Друга приказна е колку ТВ детергент поминал низ нашите глави
За мене е подобро да размислувам со своја глава и да грешам....отколку со туѓа и да бидам во право
Се додека мама и тато плаќаат сметки и носат јадење лесно е да ги етикетитарш другите како соросоиди, комуњари, предавници, шарлатани, наркомани, клошари и слично
Реалниот живот почнува оној момент кога ќе ве ишутираат од гнездото ....кога ќе почнете да се грижите сами за себе....сами да обезбедувате храна....сами да ги подмирувате трошоците за живот....тогаш поимот опстанок станува многу поважен од поимите лидер, партија, идеологија, навивање......
Проблемот со македонскиот народ е што неколку генерации живееја и растеа во систем кој се грижеше за нив наместо тие самите....редовна плата, бесплатно здравство, школство, ефтини кредити, социјални станови....овие генерации беа научени дека некој друг (државата) треба да се грижи за нив....овие генерации и покрај распадот на тој систем сеуште очекуваат дека некој друг треба да им ги решава проблемите и да им обезбедува егзистенција.....тешко е овие луѓе да ги помрднете од летаргијата во која се западнати....тешко е да ги натерате да почнат да се грижат за себе и сами да ги решаваат проблемите.....на овие луѓе секогаш ќе им треба некој Грујо, Бранко, ЉуБчо, Али, Тачи да ги води низ животот со лажни ветувања.....но најтрагично е што овие луѓе својата летаргија ја пренесуваат и на своите поколенија....ги прават опшествени инвалиди...од мали нозе ги учат дека во животот неможат да постигнат ништо сами....ги учат дека само партијата може да им донесе подобро утре...подобра работа...и подобар стандард
неможам да им се лутам на овие луѓе....можам само да ги сожалувам