СРАМНО: Офицери на АРМ се поклонија на споменикот на УЧК

  • Креатор на темата Креатор на темата ACTION
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Море коќе размислите подобро и малце му е на овој народ..нека ја направат струјата 1000 евра и бензините по 1000 денари литарот и пак нека излегваат на гласање сите и во Сител нека даваат изјави како во Монте Карло да живееме...сигурно постарите генерации сега жалат што не бевме присвоени од Србија или Југославија што се растури..јас не знам ама тогаш барем бевме држава во секој аспект а сега што се случува???..луѓето немаат пари,нема работа,нема иднина за младите,се градат споменици наместо фабрики,се вработуваат во администрацијата неписмени лица со вмровски книшки и под хитно пополнет број на албанци,во спортови сме катастрофални и политиката е длабоко навлезена и кај нив...всушност овие се вистинските проблеми а медиумите не замараат со Албанците...

се срамам што сум Македонец:facepalm:
 
... , МАКЕДОНЦИ СВЕСТЕТЕ СЕ СУДБИНАТА Е ВО ВАШИ РАЦЕ, БОЈКОТ НА СИТЕ ИЗБОРИ !! И ДВЕТЕ ПАРТИИ ИМ СЕДАТ ВО СКУТ НА БАЛИСТИВЕ ЗА ФОТЕЉА И РОДЕНА МАЈКА ЌЕ ПРОДАДАТ БЕСРАМНИЦИ ЕДНИ!!

Досега судбината неколку пати беше во негови раце, ама македонецот се :гомце: на неа
 
Сето ова беше УДАРНА ВЕСТ За да се оттргне вниманието од поскапувањата на струјата и на бензинот...

Секогаш кога ќе има бран драстични поскапувања веднаш на ТВ некој албански радикали ќе станат топ тема, и место со правите проблеми, цела јавност ќе се занимава со Албанците
Аааааа......тоа билоооо??? Демек на шиптариве веќе здосадено им е со освојување на државава!?.....ова друго било....
Дајте бе со вакви муабети, аман.....поскапувања си се поскапувања, овие угнетениве од дома ќе те избркаат и уште ли ќе си мислиш дека е тема за занимавање на јавноста место нешто друго!?
Од партиска призма, баш е така.....од национална, македонска - треба глави да почне да летаат што поскоро и за цените и за понижувањево!
 
Еве види вака:
Јануари 2009 година кога имаше поскапување од 10% на струјата и 30% на храната истиот месец вниманието од таа актуелност го оттргнаа со сценариото (Идејата за изградба на Бурманли Џамија на плоштадот во Скопје).
Народот тогаш заборави на скапотијата бидејќи сите беа преокупирани со Џамијата...

Исто и Јануари 2011 и тогаш струјата и храната повторно поскапеа за 10% и тогаш тој проблем го оттргнаа со Рушењето на Црквата на Кале...Лани Цел Јануари и Февруари рушењето на црквата беше топ тема по медиумите...

И оваа година во Јануар месец исто поскапе струјата и на крајот од месецот вниманието од таа актуелност го оттргнаа со Запалената црквата во село Лабуништа/Мала Речица.

И в година од Јануар месец повторно ќе има драстични поскапувања на давачките и на храната и уште отсега за тогаш ќе смислат некое слично сценарио...
 
и велиш никој не јадеше,не пиеше,не користеше струја вода то време па не осетија

тие што ги гледаше да се шетаат по протести и контрапротести беа партиски војничиња,а не свесни независни граѓани
 
Историски гледано никогаш не сме се соединиле како еден и да се спротивставиме некому или решиме проблем, кој е во интерес на македонскиот народ, а не на поединци.

Некои ќе речат оти сме глупи, некои ќе речат оти сме ментално доста напреднати. Вистината е секогаш некаде помеѓу.

Потезот на циникот со ночарчињата кој се клања на споменикот на УЧК е директен обид да се види до каде оди Македонската индолентност, незаинтересираност за општото добро и сопствениата чест и гордост.

Очигледно тестот е успешен, но не за нас, туку за другата страна.

Не е проблемот што отишле да се поклонат пред УЧК споменикот, сакале и го сториле тоа. Секој може што сака да стори.

Проблемот е во реакцијата на другата (македонската) страна после тоа, која воопшто не успева да наметне да прекршителите почуствуваат најригорозни последици од нивниот акт.
Мора да се занаат последиците што следат после ваков испад.
После тоа бујрум нека повели и некој друг да го стори тоа, знаејќи што го чека.

Вака само уште една порака дека државата припаѓа на Македонците и Албанците.

Една голема лага, полека станува вистина. За жал.
 
Еве види вака:
Јануари 2009 година кога имаше поскапување од 10% на струјата и 30% на храната истиот месец вниманието од таа актуелност го оттргнаа со сценариото (Идејата за изградба на Бурманли Џамија на плоштадот во Скопје).
Народот тогаш заборави на скапотијата бидејќи сите беа преокупирани со Џамијата...

Исто и Јануари 2011 и тогаш струјата и храната повторно поскапеа за 10% и тогаш тој проблем го оттргнаа со Рушењето на Црквата на Кале...Лани Цел Јануари и Февруари рушењето на црквата беше топ тема по медиумите...

И оваа година во Јануар месец исто поскапе струјата и на крајот од месецот вниманието од таа актуелност го оттргнаа со Запалената црквата во село Лабуништа/Мала Речица.

И в година од Јануар месец повторно ќе има драстични поскапувања на давачките и на храната и уште отсега за тогаш ќе смислат некое слично сценарио...
За хронологијата на настаните се согласувам.......ама дали стварно мислиш дека не сакаат џамија на плоштад (поготово ако она телено запнеше за црквата до даска), дека тие сакаа нова црква на веќе (како што си мислат) нивна територија - лева страна на Вардар), дека не им смета црква во демек-албански села.....па уште кога ќе чујам некоја теорија од некое новинарче (ала Младенов и Ефтов) дека и 2001 имало некое поскапување.....абе до кога со тие теории!? Дека сме гадови меѓу нас е многу точно, ама се' некако правите крвници ги тргате на страна...
Да не одеа цели фамилии да чистат клозети по Швајцарија, Италија и дилаат дрога таму немаше ни кајгана да ја имате...
 
Еве види вака:
Јануари 2009 година кога имаше поскапување од 10% на струјата и 30% на храната истиот месец вниманието од таа актуелност го оттргнаа со сценариото (Идејата за изградба на Бурманли Џамија на плоштадот во Скопје).
Народот тогаш заборави на скапотијата бидејќи сите беа преокупирани со Џамијата...

Исто и Јануари 2011 и тогаш струјата и храната повторно поскапеа за 10% и тогаш тој проблем го оттргнаа со Рушењето на Црквата на Кале...Лани Цел Јануари и Февруари рушењето на црквата беше топ тема по медиумите...

И оваа година во Јануар месец исто поскапе струјата и на крајот од месецот вниманието од таа актуелност го оттргнаа со Запалената црквата во село Лабуништа/Мала Речица.

И в година од Јануар месец повторно ќе има драстични поскапувања на давачките и на храната и уште отсега за тогаш ќе смислат некое слично сценарио...
Глупсоне, они нон-стоп више праат пиздарии. Толку ли си слеп?
Нормално дека нивните насилства и секакви други срања, ќе се поклопат со било што, коа ги има низ цела година секој месец.
:tapp:
 
Брале татко ми се уште живее со трауми од кога ги носел мртвите војници на раце од бојното поле до базата...

Хахахах не ќе одиш резервиста?? Ќе те видам за 2-3 години коа гејциве ќе ни објават војна шо ќе праиш ;)
нема да имаме потреба од војска против нив, еднаш им ги видов авионите ловци у акција кога бркаа турски авион, тие ако ни ги пуштат џабе војска :(
 
Реакција на здружението „Бедем“ за положувањето цвеќе пред споменик во Слупчане

14.08.2012 - 20:48 |
Здружението на припадници на безбедносните сили „Бедем“ оценува дека вчерашното положување на цвеќе од страна на министерот за одбрана пред споменик на ОНА во селото Слупчане е погрешен чекор.
bedem-logo_109430.jpg
- Министерот треба да ги почитува чувствата на припадниците на АРМ, како на оние кои се сега, така и на оние кои претходно биле дел од армијата на Република Македонија. Функцијата која ја извршува не смее да ја употребува за партиски цели, се вели во реакцијата од БЕДЕМ.
Здружението ја поздравува брзата и соодветна реакција на Генералштабот на АРМ и на Владата на Република Македонија.

Македонски обединети сили побараа итна оставка од Бесими

Македонија | 15. август 2012 - 11:11
Македонски обединети сили го осуди положувањето цвеќе на на гробот на загинатите од УЧК од 2001 година.

82c14757-3fbc-4261-ad9f-aa01123d3194_cx0_cy8_cw%3Cp
82c14757-3fbc-4261-ad9f-aa01123d3194cx0cy8cw59w800r1.jpg
Македонски обединети сили го осудија завчерашниот настан во Слупчане и побараа оставка од министерот Фатмир Бесими.
- Со ваквиот настан, се нарушува достоинството на македонските бранители, се нарушуваат меѓуетничките односи во Македонија и се создаваат услови за нивна ескалација, велат МОС.
-Ги повикуваме институциите во Македонија, што имаат мандат, најитно да ги санкционираат припадниците на АРМ кои го направија тој чин, а од министерот за одбрана Фатмир Бесими, бараме итна неотповиклива оставка, дополнуваат од МОС.
 
Која реакција бе ало, гледате ли вие некоја реакција, глави треба да летаат. Али кај ќе летаат кога постапките им се одобрени од погоре.
 
Прво Генералштабот се огради од Армијата. Ненормална работа! Си велам, како може Генералштаб, кој раководи со таа Армија, да се огради од сопствената Армија. Но тоа не е се. И тргна. Министерство за Одбрана се огради од Генералштабот, Владата од Министерство за Одбрана, а ВМРО-ДПМНЕ од ДУИ. За да комедијата биде комплетна, чекаме ДУИ да се огради од Бесими, Бесими од Муса Џафери, а Муса од себе си. Уште Престедателот Иванов да се огради од својата функција, и сликата ќе биде комплетна! Монти Пајтон Држава!

целиот текст тука

http://www.plusinfo.mk/mislenje/575/Monti-Pajton-Drzhava--
 
Но, СМК очекува мнозинската партија во Владата да ги детерминира ваквите однесувања на која и да е владина партија на Албанците во Македонија и соодветно да ги санкционира поради ризик од повторување! На спомен обележја на припадници на УЧК во Македонија, не смеат поздрав да оддаваат службени лица на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Македонија!

СМК укажува, дека припадниците на Вооружените сили на Македонија во 2001 година се бореа за одбрана на територијалниот интегритет и на суверенитетот на државата Македонија! Наспроти нив, припадниците на УЧК создаваа “слободни територии“ и вршеа етничко чистење врз Македонците во кризните региони. Амнестијата беше добра волја на мнозинството за ослободување на определена група од казната за сторените дела за време на војната, како знак на помирување, но тоа не значи амнезија на делата коишто овие екстремистички паравоени групи врз припадниците на Вооружените сили на Македонија ги сторија. И затоа е неприфатливо, на нивни спомен обележја, службени државни делегации цвеќе да полагаат и почит да оддаваат!
--- надополнето: 15 август 2012 во 13:24 ---
Соопштение од кабинетот на Претседателот Иванов

Во врска со последниот настан во Слупчане, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по добивањето на релевантните информации од надлежните институции, оценува дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури
.

Униформираните лица во придружба на Министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата на Република Македонија, туку членови на Кабинетот на министерот.

Претседателот Иванов побара од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност.

Претседателот на Република Македонија бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели.
Бесими за настанот во Слупчане се повикува на Рамковниот договор и Уставот

15.08.2012 - 12:28 |
Градењето доверба се базира на меѓусебното почитување. Искрено жалам што не е целосно разбрано ова залагање за помирување кое е во духот на Охридскиот договор, кој пак е составен дел на Уставот, а тоа е исклучително важно за иднината и просперитетот на Република Македонија, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска по неформалната средба со поранешните министери за одбрана и началници на ГШ како дел од одбележувањето јубилејот „20 години АРМ“.
slupcane_109456.png
На новинарско прашање дали за завчерашниот настан кај Слупчане имало координација со Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија и со премиерот, Бесими се повика на Уставот.
- Институцијата Претседател на Република Македонија го дава своето „за“ со самиот потпис на Охридскиот договор, што е составен дел од Уставот на Република Македонија, одговори Бесими.
Прашан дали ќе поднесе оставка со оглед на фактот дека и ВМРО - ДПМНЕ како коалициски партнер и Владата се оградија од неговите активности во Слупчане, Бесими уште еднаш се повика на вредностите од Рамковниот договор и Уставот, а со тоа, потенцира тој, не треба да има никаков страв од каков било аспект затоа што најсигурен гарант за иднината на Република Македонија е граѓаните да се почитуваат меѓу себе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom