СРАМНО: Офицери на АРМ се поклонија на споменикот на УЧК

  • Креатор на темата Креатор на темата ACTION
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еех Македонијо. Мајки останаа без синови, деца без татковци, херои го дадоа животот за оваа држава за после десетина години нашата држава да се поклонува на споменикот на нивните убијци. Ова ниту го имало некаде, ниту пак ќе го има, поголеми безрбетници не сум сретнал во светот од мојов народ.

Луѓето ги дадоа своите животи за модерна Македонија, а денес во Македонија се слави антиката и се подигнуваат споменици на Јустинијан, наместо споменик на оние кои го дадоа животот за модерна независна Македонија. Наместо нивните семејства да се третираат како семејства на херои, патриотиве од влада амнестираат злосторства против човештвото за да се наместат на фотелја. Остај што го дадоа животот, македонските синови не можат ниту раат да почиваат.

Каде ќе ви оди душата бе, безрбетници? Уствари, каде ќе ни оди душата на нас, затоа што упорно излегуваме на избори и премолчуваме буквално СЕ...
 
Ако е така како што велиш ти,тогаш треба сите да летаат од работа,ако има некој муда тоа да го направи(не знам чија ингеренција е тоа).

Тоа треба Министерот за Одбрана ама знаеме сите дека тешко ќе го направи тоа, има главучи и над што се кои му даваат инструкции како и што да работи. Тој е уствари под команда на Аљи ( че го пукам море еј ) а не под Владата и Врховниот Командант.
 
Аааа, значи помирение било ова! А зошто не отидоа албанециве прво на плочата на карпалак, за да ни покажат дека е вистина тоа, сеа пред една недела беше, а?
Ах, колку ми се тепа некое функционерче...
 
Што се поклонија се поклонија,за некое време ќе сакаат и улици и училишта да именуваат па нив.ГНИДИ СКАПАНИ !!!
 
Што се поклонија се поклонија,за некое време ќе сакаат и улици и училишта да именуваат па нив.ГНИДИ СКАПАНИ !!!
I spomenici,da nemas somnez vo toa.I toa vo srceto na Skopje,na plostad Skenderbeg.Zivi bili pa videli,sto bi rekle Srbite.
 
И што дека ке ги пцуеме на форумов ке смени нешто тоа?
Кој им ја даде таа униформа оние патриотине кој градат споменици за Александар а се продаваат како курвине пред прва.
Доцна е веќе одамна ја презедоа контролата врз земјава со помош на нашите политичари кои изјавуваат дека сме нов народ на Балканот и кои им даваат полициска заштита,работа во администрација,улици и училишта со името на нивни херои од Албанија и мн.др. и сеуште се гласени.
И кога имаше протести пред влада за убиствата на децата кај езерото наиде на посмев на останатите во земјава.
Голема албанија ке дојде кат тад.
 
Всушност е правно-институционално нелогично и апсурдно ГШ на АРМ да се огради од дејствијата на министерот за одбрана али јбг ние не сме држава туку вукојебина
 
Ех, вака изгледа едно пробно балонче од Фатмир, Блерим, Муса и Џелал т.е од министерот за одбрана, министерот за правда, вицепремиерот и заменик министерот за внатрешни работи НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кон...паааа...Република Македонија!

Сето тоа фино помина, со многу почасти и цвеќе, си се заврши и се тоа фино, ама мене највише ме интересира (а мислам дека уште повеќе го интересира друштвото на Фатмир, Блерим, Муса и Џелал), а тоа е: ШТО МОЖЕ (читај, СМЕЕ) ДА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ВО ВРСКА СО ТОА?

Башка имам впечаток дека Премиерот и преЦедателот не го ни приметија настанов, што за мене значи дека таков настан немало...
 
Од 2001-тата наваму речиси секоја година министри-Албанци, сами или дел од делегација, ги посетувале спомениците на загинатите припадници на ОНА, најчесто објаснувајќи дека настапуваат како членови на политичка партија. Вчера, првпат јавно луѓе во униформа на АРМ поставија венец на паметник на луѓето кои пукаа на истата АРМ.
 
Еве откако еден ден се изкажавте на раат , би сакал и јас да искажам мислење.

Оваа видео што го гледате , режирано е од 2001ра со потпишување на Охридскиот договор.

Ако за време на војната припадниците на УЧК беа терористи , со потпишувањето на договорот , тие станаа заслужни за промена на Уставот и демократизирање на Македонија.
Тоа што не им успеа на албанците 100 години со молби и со мирни методи , им успеа на овие од 2001ва со оружје.

Кај овие припадници на УЧК вчера требаше да бидат и од партиите на турците , власите , ромите , бошњаците , србите ... сите тие треба редовно да одат да се поклонуваат кај нив.

Зошто ?
Затоа што денеска турците се вработени во сите државни институции како никогаш во последните 100 години , затоа што имаат општини каде турскиот е официјален јазик и каде го употребуваат нивното знаме.
Затоа што нивните верски права и слободи се гарантирани , и затоа што конечно има и денови кога имаат одмор за време на некои празници (национални или верски).

Значи од 2001ва навака , Македонија е сосем поинаква , многу подемократска (Уставот) , ако до 2001ва имаше едвај 2% албанци во државните институции , денес имаш 17%.
Ако во АРМ имаше 2-3% , денес имаш 25%.

Понатаму , со Охридскиот договор , припадниците на УЧК беа амнистирани , со тоа се почна со нивно интегрирање , ги имаш вработени од Чистота и Зеленило , па се до Собрание и Влада на РМ.

Припадниците на АРМ и МВР не се виновни за тоа што војуваа во 2001ва , на нив им беше наредено да одбранат нешто што не требаше да се брани , да бранат УСТАВ кој не беше соодветен за околнонстите во Македонија.
Држава каде 38% од населението беше немакедонско , а сепак функсионираше како да има само македонци (срби и власи).

Ни припадниците на МВР/АРМ ни тие на УЧК не се виновни , Уставот беше виновен со се тие кои водеа политика.

Посетата на гробиштата во Слупчане како и споменикот на паднатите борци од Карпалак праќа порака на помирување.

За македонците сето ова што го пишувам е тешко сватливо и прифатливо , но ова не ги загрозува нивните права , и тоа е важно.

Сите овие реакции се непотребни , правењето политика и придобивање политички поени од овој настан е непотребен.
Во самото АРМ/МВР имаш полно бивши припадници на УЧК , можеби некој од нив што е погребан во Слупчане денеска ќе беше заменик министер или заменик командир во полиција , тие не се ништо помалку или повеќе од овие што денеска се во Влада.

Во тие гробишта во Слупчане се погребани и 10 цивили , кои беа убиени од неконтролираното стрелање со намера да се уништува што повеќе од страна на АРМ.

И вчера припадниците на АРМ со тој потег се извинија на селаните за уништените 600 куќи во Слупчане (само 8 останаа непогодени) , а Бесими им се извини на семејствата на загинатите од Карпалак.

Припадниците на АРМ во Слупчане се поклонија и пред овие деца и жени (убиени од АРМ)

familjazymberi.jpg
 
Дарди, напад на Устав е напад на држава, btw ако малце познаваш конституционализам...
 
Дарди, напад на Устав е напад на држава, btw ако малце познаваш конституционализам...

Али сепак е во право иако е до негде и во грешка.

Плус најголемиот проблем со нашиот устав е дека загарантираните права всушност не се загарантирани воопшто зошто со нив се поврзани стотици закони и даноци така да само се права на збор.

Чист пример за ова е Право на приватна сопственост и право на слободен говор.
 

UCK е воена формација од друга држава во случајот Косово, кај нас беше мислам ОНА или АНА. Колку што знам терористите пардон борците од ОНА се оградија дека се тесно поврзано со УЧК од причина што тоа би значело дека воена формација од туѓа држава врши воен притисок врз Македонија и доволен доказ за објавување војна со Косово.
Ако е веќе само политичка игра, нека се игра до крај.
Реално да зборниме без официјалности ми остави впечаток една колумна во изданието на Дневник за Илинден, во него се спомнува една епизода од Корто Малтезе која мене ми е навистина драга и го опишува овој наш соживот.
Во стрипот се раскажува ситуација каде што јапонски војник излегува со бело знаме за да преговара за примирје. Мајорот наредува да се запре пукотницата и да се виде што сака непријателот. На тоа Распутин станува и го убива војникот кој носи бело знаме, мајорот гневен оди до него и го прашува да не полудел или да не е глув. На тоа Распутин одговара "Не ме прашавте кога ја почнавте војната, не дозволувам да не ме прашате и кога ќе ја завршите"
Е нас Дардијана во Македонија, Македонците никој не' не праша дали сакаме да ја завршиме војната, затоа се вакви и реакциите.
 
И вчера припадниците на АРМ со тој потег се извинија на селаните за уништените 600 куќи во Слупчане (само 8 останаа непогодени) , а Бесими им се извини на семејствата на загинатите од Карпалак.
им се извини
им се извини
им се извини
им се извини
Во 2001. година го убив вашиот син, ИЗВИНЕТЕ. :eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom