Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ваква точка не стои во листата барања под која ќе се одржи протестот утре. Не знам кај си го прочитал и не знам како си сфатил дека ова е едно од барањата, но секако ме забавува степенот на конспиративност што владее меѓу овој народ, кога и за еден мочан протест против масовната кражба на елитата врз народот ќе се појави некој што ќе утврди „инфилтрираност“. И тоа не инфилтратори на опозицијата, не на не знам кој, туку на Топлификација?! Ех...

Се гледаме утре, се надевам во доволен број. Сепак, не е важно колку сме, важно е дека не има.
http://www.emagare.com/forum/threads/4136/
Eве овде сум прочитал. Тоа е последна точка на наводните барања. И ти можеш да го прочиташ како последна точка стои;
Владата да го субвенционира воведувањето на индивидуални регулатори на радијаторите во мрежата на АД „Топлификација“.
Воведувањето на мерењето со калориметри е криминален чин. Тоа мерење не е точно и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Тоа го знаат и во Топлификација и во Регулаторна, и знаат дека тоа е главна причина за масовното исклучување на граѓаните од системот.
На почетната страница на Снабдување исток
http://www.snabduvanjeistok.mk/
од десната страна има колона „ Почетна “
Прочитај ја веста од 26. 11. 2011, „ Вградување на опрема со примена на моделот за распределба и наплата.... „
Можеш да видиш дека на 28. 10. 2011 во Регулаторната комисија е одржана подготвителна седница и дека на таа седница снабдување исток вели:
Снабдување Исток уште еднаш ја актуелизираше потребата за нормативното уредување за вградувањето на опремата со чија помош би се применил моделот за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан кај новите Објекти во градба(топлински распределители, термостатски вентили и баланс вентили) .
Целта на инцијативата е во насока на смaлување на трендот на исклучување на потрошувчите , кое во 2011 год е најизразено и кое во нарениот период може да ескалира , барем кај новите објекти во градба , кај кои е најлесно да се реализира вградувањето на опремата за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан.
Новите објеки би биле и најголеми промотори за полезноста од примената на овој модел на наплата и кај постојните објекти,со што директно ќе се влијае и на негова се поголема примена .


Топлификација, бараше да се изменат Законот за градба или Законот за домување за да во нив се вметнат такви одредби.
Ако на Протестите се појави барање Владата да го субвенционира поставувањето на „ распределителите “, тоа е исклучиво во интерес на Топлификација и представува обид да се прикрие криминалот. „ Железарското “ парно ниту има калориметри, ниту има има распределители и успешно работи, со многу пониски цени. До грејната сезона 2007/2008 ниту Топлификација не ги користеше калориметрите иако тие беа вградени, во сите подстаници, уште во 2003. А цените на Топлификација се зголемени за 300% од тогаш
Вакво барање, да Владата ги „ субвенционира “ распределителите може да ги компромитира Протестите.
Затоа ако контактираш со Организаторите, предупреди ги дека вакво барање е всушност обид да се прикрие криминалното дело. Топлификација е приватно претпријатие и зошто Државата, би субвенционирала нешто такво.
Како барање може да се стави да се прекине со мерењето со калориметри или уште подобро, да се изведат пред лицето на правдата тие што наметнаа ваков начин на мерење, но барање Државата да дава субвенции за нешто што е криминал не стои.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Уште еднаш ќе ти кажам дека ова не се официјалните барања, кои ги срочи групата што го организира утрешниот протест и кои и беа презентирани на јавноста.

Во овој пост на форумов има и други барања кои се додадени или изменети, не само тоа што ти го цитираше.
Воведување на евтина тарифа преку цел ден за социјалните случаи.
• Забрзана гасификација.
• Транспарентност во работата на Регулаторната комисија за енергетика.
• Се солидаризираме и го поддржуваме правото на граѓаните на Скопје за опцијата исклучување од мрежата на АД „Топлификација“ без да плаќаат за нешто што не го користат.
Овие барања (иако некои од нив се сасвим на место) прв пат ги читам сега и не се дел од официјалната листа. Барањата што ние ги договоривме ги имаш во воведниот пост на темава.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Новооформената граѓанска иницијатива „Аман“ денеска во 18часот ќе го започне протестот против Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, пред порта „Македонија“. Протестот е предизвикан после серијата нови поскаувања на струјата, парното и горивата. Од денеска, па натаму секој вторник оваа граѓанска иницијатива ќе организираат протести на кои граѓаните ќе го искажуваат својот револт поради честото зголемување на цените. Од „Аман“ информираат дека протестите ќе се случуваат во повеќе градови низ Републиката, секаде каде што ќе се саморганизираат локалните жители.
Барањата на граѓаните се:
1. Укинување на ставката ангажирања моќност од 33%
2. Враќање на евтина дневна тарифа
3. Ревидирање на цената согласно последното поскапување, односно намалување на цената на струјата за 9.83%
4. Трговските претпријатија да плаќаат исто како и домаќинствата односно да не се наплаќа индустриска струја
5. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Инвестирање во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија и енергија на ветер)
7. Повлекување на новиот правилник на Топлификација
8. Намалување на цената на парното за 4% и укинување на порамнувањето во сметките за парно греење
9. Владата да го намали износот на акцизата, 6 денари за бензините, односно 5 денари на дизел горивата, 1 денар на маслото за греење и намалување на стапката на ддв на мазутот од 18 на 5%
10. Воведување горна граница на нафтените деривати, Еуро Супер 98 – 79 денари, Еуро Супер 95 – 77 денари, Еуро дизел БС – 69 денари, Масло за горење – 57 денари и Мазут – 40 денари, тоа би значело дека кога цената на нафтените деривати ќе достигне над овие горни граници , Владата за износот од горната граница до цената на дериватите ќе се откаже во име на акцизата
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ти ке присуствуваш ? Љандра ке присуствува ? И уште еден куп кајгана гуруа за економска и социална еднаквост ама некако само виртуелни.
Прв одговор што го очекувам од сите овде јаки на прсти е јас имам некоја работа, јас сум зафатен/на да недолжам многу проблемот со македонецот е што секој сака на готово,секој сака поевтино поубаво побрзо но само доколку некој друг му го обезбеди то.
Епа не ОДАМ !!
Се си е супер, мора да има поскапувања на горивата и електричната енергија, секаде е така па и овде.
Не се проблем цените проблем се приватните крвопијни газди кој да можат и за 4000 денари ке ги тераат луѓето да работат,потребно е да се бара покачување на платите во македонија,еднаш да се застане со целокупно производство и никој да не оди на работа,сите на улица само 5 дена ништо повеќе да видиш како ке си ги одврзат кесињата газдите.
Јас ќе присуствувам, а ти ќе присуствуваш? Или само ќе се јадат гомна на форуми и фејсбук колку ни е крш државава, а ќе се плашиме у 21 век да го оствариме граѓанското право да протестираме. У Шпанија пред некој ден беа искршени неколку супермаркети и храната се делела на сиромашните, а во кршењето учествувал и градоначалник на кој размислуваат да му дадат орден.
Е нив ќе ги биде. Нас никогаш нема да не биде.
Седете дома и глејте како некој јавно, јасно и гласно ве работи. Со седење дома мош ќе имате поише ќеш. Набавете си поише пивце за вечер, за да може комплетно да уживате во сеир фаќање на оние кои ќе бидат наречени хулигани, комуњари, соросоиди и обавезно ако коментирате на фејсбук или овде вклучете caps lock за да им тииит матер на протестантите. Пошо медиумите најобјективно ќе ве информираат за текот на протестот, па не мора да присуствувате на истите коа можете да глеате
Сител, МТВ, Канал5 да прочитате на Курир и нормално да испцуете све живо и диво. Полесно е зад монитор кај шо никој не ве глеа, ама револтот и незадоволството се покажува на улица, пред институции кои не доведоа до ова дереџе.
Од многу фаќање сеир меѓу себе, почна светот да си праи комедии од Македонија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Добро...., Не ми се допаѓаат барањато во делот за Топлификација, но барем сега се знаат.
Моето барање, одамна го знаете, тоа е 18 денари месечно за метар кваратен - фиксно и работа на системот 24 часа нон - стоп. A не е ни барана ниту оставка од Регулаторна...
Ќе дојдам....
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Е за ова треба протест, ама денес луѓево за мал проблем ајде протест излегле 20 души наркомани и ајде протестираме. Го изгуби своете значење протестот веќе...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е за ова треба протест, ама денес луѓево за мал проблем ајде протест излегле 20 души наркомани и ајде протестираме. Го изгуби своете значење протестот веќе...
Го изгуби оти не знаеме вечер да испаднеме и да ја запалиме регулаторна, па да видат дали сме озбилни или неозбилни. Преку таквото од мирни протести, изгази ги сите под нозе, запали го собрание и влада да горат како факели. Па да видам дали на некој ќе му текне да изиграва газда и фраер над сопствено население.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мелничарите сакаат да ја зголемат цената на лебот

Мелничарите за септември подготвуваат пресметки за формирање на нова цена на лебот, повисока за околу 10 отсто од сегашната. Барања за зголемувања на цената на лебот веќе побараа српските и хрватските мелничари, за 6 отсто.​
Според неофицијалните калкулации на македонските мелничари, ова практично ќе значи поскапување за околу 2,5 денари. Доколку се остварат овие најави, од септември лебот, наместо за 25 денари за векна, ќе може да се купи по 27 или 28 денари, во зависност од цената на увозната пченица.

Во Министерството за земјоделство тврдат дека во случај на пазарни нарушувања или недостиг на одреден производ, можно е Агенцијата за стокови резерви да интервенира со одредена количина од државните резерви, но за тоа треба да одлучи Владата. /З.М.
http://bukvar.mk/news/melnicharite-sakaat-da-ja-zgolemat-cenata-na-lebot?newsid=7mXW
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Само што пројдоа на МТВ рекламата за трето дете и отчетот. Направете си по три деца и кога ќе дојде време за ручек фрлете им еден леб нека го гризаат.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само што пројдоа на МТВ рекламата за трето дете и отчетот. Направете си по три деца и кога ќе дојде време за ручек фрлете им еден леб нека го гризаат.
Цел леб многу им е, ќе се здебелат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Цел леб многу им е, ќе се здебелат.
Да заборавив 46 денари беше оброкот и на лето доволно беше да се јаде само еднаш дневно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom