- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
http://www.emagare.com/forum/threads/4136/Ваква точка не стои во листата барања под која ќе се одржи протестот утре. Не знам кај си го прочитал и не знам како си сфатил дека ова е едно од барањата, но секако ме забавува степенот на конспиративност што владее меѓу овој народ, кога и за еден мочан протест против масовната кражба на елитата врз народот ќе се појави некој што ќе утврди „инфилтрираност“. И тоа не инфилтратори на опозицијата, не на не знам кој, туку на Топлификација?! Ех...
Се гледаме утре, се надевам во доволен број. Сепак, не е важно колку сме, важно е дека не има.
Eве овде сум прочитал. Тоа е последна точка на наводните барања. И ти можеш да го прочиташ како последна точка стои;
Владата да го субвенционира воведувањето на индивидуални регулатори на радијаторите во мрежата на АД „Топлификација“.
Воведувањето на мерењето со калориметри е криминален чин. Тоа мерење не е точно и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Тоа го знаат и во Топлификација и во Регулаторна, и знаат дека тоа е главна причина за масовното исклучување на граѓаните од системот.
На почетната страница на Снабдување исток
http://www.snabduvanjeistok.mk/
од десната страна има колона „ Почетна “
Прочитај ја веста од 26. 11. 2011, „ Вградување на опрема со примена на моделот за распределба и наплата.... „
Можеш да видиш дека на 28. 10. 2011 во Регулаторната комисија е одржана подготвителна седница и дека на таа седница снабдување исток вели:
„ Снабдување Исток уште еднаш ја актуелизираше потребата за нормативното уредување за вградувањето на опремата со чија помош би се применил моделот за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан кај новите Објекти во градба(топлински распределители, термостатски вентили и баланс вентили) .
Целта на инцијативата е во насока на смaлување на трендот на исклучување на потрошувчите , кое во 2011 год е најизразено и кое во нарениот период може да ескалира , барем кај новите објекти во градба , кај кои е најлесно да се реализира вградувањето на опремата за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан.
Новите објеки би биле и најголеми промотори за полезноста од примената на овој модел на наплата и кај постојните објекти,со што директно ќе се влијае и на негова се поголема примена .
Топлификација, бараше да се изменат Законот за градба или Законот за домување за да во нив се вметнат такви одредби.
Ако на Протестите се појави барање Владата да го субвенционира поставувањето на „ распределителите “, тоа е исклучиво во интерес на Топлификација и представува обид да се прикрие криминалот. „ Железарското “ парно ниту има калориметри, ниту има има распределители и успешно работи, со многу пониски цени. До грејната сезона 2007/2008 ниту Топлификација не ги користеше калориметрите иако тие беа вградени, во сите подстаници, уште во 2003. А цените на Топлификација се зголемени за 300% од тогаш
Вакво барање, да Владата ги „ субвенционира “ распределителите може да ги компромитира Протестите.
Затоа ако контактираш со Организаторите, предупреди ги дека вакво барање е всушност обид да се прикрие криминалното дело. Топлификација е приватно претпријатие и зошто Државата, би субвенционирала нешто такво.
Како барање може да се стави да се прекине со мерењето со калориметри или уште подобро, да се изведат пред лицето на правдата тие што наметнаа ваков начин на мерење, но барање Државата да дава субвенции за нешто што е криминал не стои.