Бог/Богови = Вонземјани?

S

Shellshock nam67

Гостин
Добар линк :)
не е со темава ама многу ме копка ова дали во далечното минато имало борба меѓу вонземјаните за земајта видеово токму тоа го разработува :duel::pishtoldz:raz:
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Слика направена од денешен уметник:
.................
И ова ако го види некој во иднината ќе си рече, ееееј што технологија имале овие во минатото, или па ќе си речи дека ова се вонземјани.

Сфаќаш што сакам да кажам?
Концептот за научна фантастика не бил присутен во тоа време, па да речеме дека тоа што го цртале е плод на дива фантазија :).
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Денес завидов еден член како пишува оти вонземјаните ни биле Богови. Па би го замолила тука да пишува,а не во подфорум Мистерии. Да видам зошто мисли дека вонземјаните ни се Богови. Баш интересно од негова страна зошто да мисли така. Па еве и и другите да ги слушнам да видам што мислат за тоа.
Јас мислам дека не е можно тоа и дека Бог не створува Богови како што знаеме сите вонземјаните се мноштво (како што ги замислуваме), но ајде да видиме другите што викаат.
Матт ме послушал и се префрлил на мистерии? :X3::X3:
Ај малце за темава, интересни се сите хипотези поврзани со настанок на човекот и тоа што би имало по смртта, но
(многу големо НО) сите тие гледишта се само фантазија на човекот кој перцептивно гледа на работите (бидејќи објективно и не може да се гледа)(сакам да кажам дека теории такви има милијарди). Да не тупам многу, тоа дека нашето постоење има некаква релација со вонземјани е блиску до вистинита колку што јас сум блиску да станам кокошка што џонглира, па пре би верувал во некаков си „бог“ (insert random name here (eg. Allah, Hesus, Zeus, Odin etc.) отколку да верувам дека осми путник не донел тука.
--- надополнето: 14 август 2012 во 08:27 ---
Да знам за Библијата дека не признава никакви вонземјани, но во Куранот во никој случај не пишува така :nenene:
Па Бог може што сака да створува. И вонземјани да има створено пак Бог има створено.
А бог што го има створено? Или он по default постои одсекогаш?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Матт ме послушал и се префрлил на мистерии? :X3::X3:
Ај малце за темава, интересни се сите хипотези поврзани со настанок на човекот и тоа што би имало по смртта, но
(многу големо НО) сите тие гледишта се само фантазија на човекот кој перцептивно гледа на работите (бидејќи објективно и не може да се гледа)(сакам да кажам дека теории такви има милијарди). Да не тупам многу, тоа дека нашето постоење има некаква релација со вонземјани е блиску до вистинита колку што јас сум блиску да станам кокошка што џонглира, па пре би верувал во некаков си „бог“ (insert random name here (eg. Allah, Hesus, Zeus, Odin etc.) отколку да верувам дека осми путник не донел тука.
--- надополнето: 14 август 2012 во 08:27 ---

А бог што го има створено? Или он по default постои одсекогаш?
А зошто си убеден дека од толкав огромен број галаксии (па и универзуми можеби) не би можела барем една цивилизација некогаш да ја посети планетава?
И да бог отсекогаш постои, нема творец (според сите досегашни религии и митологии)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Не е убеден, само нагаѓа:P
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
А зошто си убеден дека од толкав огромен број галаксии (па и универзуми можеби) не би можела барем една цивилизација некогаш да ја посети планетава?
И да бог отсекогаш постои, нема творец (според сите досегашни религии и митологии)
Напротив убеден сум дека најверојатно некоја надворешна цивилизација има стапнато на земјава, но далеку од тоа дека сме креирани од истата. А за бог знам, само си поигрував :)
--- надополнето: 14 август 2012 во 09:22 ---
И сеуште ова се е само нагаѓање :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
:P
Напротив убеден сум дека најверојатно некоја надворешна цивилизација има стапнато на земјава, но далеку од тоа дека сме креирани од истата. А за бог знам, само си поигрував :)
--- надополнето: 14 август 2012 во 09:22 ---
И сеуште ова се е само нагаѓање :)
Па може не сме креирани, туку сме баш таа цивилизација што стапнала:vozbud:

Да бе, за се нагаѓаш, а за бог знаеш .:P
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Напротив убеден сум дека најверојатно некоја надворешна цивилизација има стапнато на земјава, но далеку од тоа дека сме креирани од истата. А за бог знам, само си поигрував :)
--- надополнето: 14 август 2012 во 09:22 ---
И сеуште ова се е само нагаѓање :)
Кои тоа ние? Се ограничуваш само на човекот или воопшто на целиот жив свет? И зошто пак таа варијанта не е можна. Можеби сме продукт на генетски инжинеринг? Или ко што вели Мики да сме тие истите.
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
:P

Па може не сме креирани, туку сме баш таа цивилизација што стапнала:vozbud:

Да бе, за се нагаѓаш, а за бог знаеш .:P
Ај сеа да си играме нати го дај ми го ако не;) Се е нагаѓање, за бог знам како е претставен незнам дали постои или не. Не верувам, ама сепак не знам.
--- надополнето: 14 август 2012 во 09:30 ---
Кои тоа ние? Се ограничуваш само на човекот или воопшто на целиот жив свет? И зошто пак таа варијанта не е можна. Можеби сме продукт на генетски инжинеринг?
За општо се што е живо на планетава зборам, да можеби, ама можеби и сме во Матрицата ако гледаш на тоа така. Поентата во горниот пост ми беше дека се е просто нагаѓање (бар мене ми држи тоа вода :)), не отфрлив ништо јас, само мислам дека ние како луѓе сме блиску до вистината - колку што е амебата блиску да сфати некои основни работи за опкружувањето.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Матт ме послушал и се префрлил на мистерии? :X3::X3:
Ај малце за темава, интересни се сите хипотези поврзани со настанок на човекот и тоа што би имало по смртта, но
(многу големо НО) сите тие гледишта се само фантазија на човекот кој перцептивно гледа на работите (бидејќи објективно и не може да се гледа)(сакам да кажам дека теории такви има милијарди). Да не тупам многу, тоа дека нашето постоење има некаква релација со вонземјани е блиску до вистинита колку што јас сум блиску да станам кокошка што џонглира, па пре би верувал во некаков си „бог“ (insert random name here (eg. Allah, Hesus, Zeus, Odin etc.) отколку да верувам дека осми путник не донел тука.
--- надополнето: 14 август 2012 во 08:27 ---
Спреми се да постанеш џонглирајучи кокош.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Напротив убеден сум дека најверојатно некоја надворешна цивилизација има стапнато на земјава, но далеку од тоа дека сме креирани од истата. А за бог знам, само си поигрував :)
--- надополнето: 14 август 2012 во 09:22 ---
И сеуште ова се е само нагаѓање :)
Не една ..... (ама ај да не ја отварам таа конзерва....)

Зошто не јас ќе те прашам?

Со денешна технологија, др. Craig Venter во 2010 го создаде првиот синтетички произведен организам во лабораториски услови. За нашата стапка на развој, тоа е возможно. Секлузивно местенце, лабораторија, инструментчиња, тоа.

За некоја цивилизација која ги совладала далечините помеѓу ѕвездите ама ич не ми е невозможно да поседува доволно развиена технологија да може создаде вештачки цела биосфера како некој лабораториски експеримент, на територија на цела планета како petri dish.

Да бидеме јасни - не се разјаснети големите изумирања на планетава, по кои најчесто следувало експлозија на разни форми на живот (кои не фаќаат само веќе воспоставени нишки во биосферата, туку цела серија нови - последново, е тоа за кое научниците се уште чешаат глави). Голем број од изумирањата не се ни по редовни интервали, па де речеме некој надворешен ефект е задолжен за тоа.

Уште не е јасна појавата на хуманоидност кај човекот. Летаат само теории кои се помалку подржани од самата теорија на еволуција. За типот на нишка која ние сме ја опфатиле, не било потребно да се создаде таков облик. Особено бипедалноста! Батали хуманоидност.

На National Geographic се обидоа преку еден добар документарец кој, признавам, располагаше со добри факти, да најдат одговор на оваа мистерија, на на крајот пак завршија со слаба теорија, немаше конкретен заклучок. А на научници им треба конкретен заклучок, за да премине нешто од теорија во факт.

Навистина не гледам зошто, како во минатото, така и денес, тие луѓе кои ги виделе "боговите" (во минатото, а вонземјани денес) ги опишуваат доста слични на нас, по изглед. Ако имале бујна фантазија, ваљда сите богови ќе беа со нечовечки атрибути, ама сепак, секој пат на тоа се навраќаме. Зошто некој освен боговите, и тврдењата за вонземјани ги опишува со лик како луѓе? Има доволно бујна фантазија да го замисли нивниот вселенски брод и целата приказна од нивното слетувње до заминувањето, ама не можеле да се потрудат за ликот да измислат нешто? МА ДАЈ ...

Исто, вакви репортажи се глобални. Од Америка, до Русија, до златна Африка. Ваљда сите не страдаме од идентична фатаморгана.

Не би сакал да навлегувам во детали. Доволно имам проучувано шпекулативна еволуција, и егзобиологија да знам кој е ставот на научниот колегиум глобално за теоретскиот изглед на вонземјаните, каков би бил, доколку би не посетиле итн. Не го негирам тоа, но не сакам да го негирам ни ова, кое би требало да биде поалармирачки, бидејќи веќе се случува.

Ако боговите од антиката се вонземјани, тогаш вистина е дека бог(овите) го направиле човекот според својот лик :).

Прашањето станува интересно кога ќе го свртиме во нивна страна - како они настанале, да бидат толку слични на нас? :)
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Уште не е јасна појавата на хуманоидност кај човекот.
Ова е најмал проблем засега. Треба прво да се објасни појавата на агли во триаголникот и појавата на облини кај круговите.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прашањето станува интересно кога ќе го свртиме во нивна страна - како они настанале, да бидат толку слични на нас? :)
Да не биде овој дел нејасен, зошто лошо го формулирав - поентата ми беше како ќе го објасниме тоа дека боговите (т.е. вонземјаните, или барем дел до нив), се со човечки изглед, како течела нивната еволуција и развиток, и што ги донело до таа стапка и физиологија, да бидат до олку слични со нас. Ние сме делум (или целосно) вештачки производ (според мене). Они да речеме имале целосно природна еволуција - како дошле до степен скоро идентичен ко нашиот? :)

Постои нешто наречено конвергентна еволуција, ама не знам во колкава мера делува, ова ми се чини дека е премногу дури и за конвергентна еволуција.

Сепак, ако земеме дека постојат не пар, туку неколку различни вида џуџести лемури во Мадагаскар, а навидум изгледаат како да припаѓаат на еден вид (нема никакви површни разлики), а генетски се толку различни што не само припаѓаат на различни видови, туку и не можат да имаат потомство со другите видови џуџести лемури, иако изгледаат идентично.

Природата е една фабрика за фасцинантни појави :).
--- надополнето: 14 август 2012 во 21:06 ---
Ова е најмал проблем засега. Треба прво да се објасни појавата на агли во триаголникот и појавата на облини кај круговите.
Повели, објасни ни го "најмалиот проблем". Се надевам ќе добиеш Џон Мејнард Смитова награда за еволутивна биологија од глобалното научно друштво кое пола век се занимава со ова и никако да го одговори.

Баш ќе не направиш горди нас Македонците ;).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom