Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ја незнам со кој мозок се оправдува и споредува со цените во Европа.Па швабата плаќа 1.5 еур,ама лапа просек 2000 еури месецот.Видело магарето на коњот му ставале потковици,па и оно пуштило нога.
По твојата логика и ЛЦД телевизорите треба да бидат по 50 евра пошто имаме помала плата. Кога ќе разберете дека Македонија НЕ произведува нафта туку ја увезува и увозната цена нема врска со стандардот. Или можеби мислиш дека во Саудиска Арабија викаат чекај Македонија има понизок стандард ќе им ја дадеме поефтино...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Вистинското прашање би било, зошто имаме најбеден стандард во европа веќе 20 и кусур години, ако веќе ништо не можеме да направиме во врско со цената на нафата?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Вистинското прашање би било, зошто имаме најбеден стандард во европа веќе 20 и кусур години, ако веќе ништо не можеме да направиме во врско со цената на нафата?
Не знам, јас од каде и да почнам секогаш завршувам со албанците како причина :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
По твојата логика и ЛЦД телевизорите треба да бидат по 50 евра пошто имаме помала плата. Кога ќе разберете дека Македонија НЕ произведува нафта туку ја увезува и увозната цена нема врска со стандардот. Или можеби мислиш дека во Саудиска Арабија викаат чекај Македонија има понизок стандард ќе им ја дадеме поефтино...
Во голем дел се согласувам со напишаното.
Но, државата може и мора да интервенира тука преку инструментите кои и стојат на располагање, а тоа се акцизата и ДДВ.
За малку да се олесни ситуацијата на граѓаните но и на стопанството. Па макар и како времени мерки.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не знам, јас од каде и да почнам секогаш завршувам со албанците како причина :)
Секако и они си имаат одговорност, но далеку повеќе се наши, т.е грешки на нашите водачи и се се плашам дека касно е сега за опоравување, не наеба и многу оваа светската криза, кога таман мислевме дека нешто може ќе биде од нас.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Во голем дел се согласувам со напишаното.
Но, државата може и мора да интервенира тука преку инструментите кои и стојат на располагање, а тоа се акцизата и ДДВ.
За малку да се олесни ситуацијата на граѓаните но и на стопанството. Па макар и како времени мерки.
Имаше лани пред избори времена мерка, 5 денари поефтине и гледам ептен пркнавме тие 2-3 месеци...големи пари се во прашање максимум што може да се отстапи е некој месец по 5 денари помалку а тоа не е нешто битно...барем по мое мислење.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Имаше лани пред избори времена мерка, 5 денари поефтине и гледам ептен пркнавме тие 2-3 месеци...големи пари се во прашање максимум што може да се отстапи е некој месец по 5 денари помалку а тоа не е нешто битно...барем по мое мислење.
Па... зависи колку бензин трошиш...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Секако и они си имаат одговорност, но далеку повеќе се наши, т.е грешки на нашите водачи и се се плашам дека касно е сега за опоравување, не наеба и многу оваа светската криза, кога таман мислевме дека нешто може ќе биде од нас.
Лошата приватизација и меѓуетничките проблеми го убија националниот занес кој го доживеавме на почетокот од деведесетите. 2001 година не дотепа. Очигледно е дека ни на меѓународната заедница не и чуе многу за Македонија (некогаш се добива впечаток дека повеќе би сакале и да не постоиме). Точно е дека заслуживме подобри лидери, но некогаш се прашувам колку повеќе можевме да направиме до сега? Да се потсетиме дека Македонија делумно килаво се формираше со силна скепса од голем број Македонци и со негирање од албанското малцинство...резултатот го гледаме до ден денес. Сега кога речиси сите Македонци се убедени во потребата и одржливоста на самостојната македонска држава, имаме ситуација во која повеќе не можеме да ја водиме државата туку водењето ни го диктира некој друг...
--- надополнето: 13 август 2012 во 21:07 ---
Па... зависи колку бензин трошиш...
за 500 ставам :) шала на страна во право беше некој друг што кажа, и да се намали делумно акцизата(што не верувам бидејќи никој не се откажува) ќе се изнајде начин на друго место да се вратат парите. Тоа е тоа...се е пресметано се е видено. Слаба е економијата, а за жал кога ете можеби малку се среди ситуацијата (во правна смисла и создавање клима за инвестиции) дојде рецесијата во светски рамки...барем да сме уште млади кога ќе се сврти циклусот од рецесија во економски раст :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
[за 500 ставам :) шала на страна во право беше некој друг што кажа, и да се намали делумно акцизата(што не верувам бидејќи никој не се откажува) ќе се изнајде начин на друго место да се вратат парите. Тоа е тоа...се е пресметано се е видено. Слаба е економијата, а за жал кога ете можеби малку се среди ситуацијата (во правна смисла и создавање клима за инвестиции) дојде рецесијата во светски рамки...барем да сме уште млади кога ќе се сврти циклусот од рецесија во економски раст :)/quote]

Е тоа намногу ме боли. Кога бев дете и тинејџер цело време слушав како било транзиција, како било многу тешко, невработеност, стејачи и сл.

Сега сум млад човек, пак истото, сега е светска криза, европска криза, пак невработенст, мизерни примања и сл.

Да како бе се погоди такво време да нема еднаш, барем 5-6 години да трае и да речеме, е овој период е добар, напредуваме.

Зборувам генерално кај целиот народ, идивудуално финасискат состојба зависи и од други работи, некој може баш во овој период има повеќе пари отколку пред 5-6 години кога имаве висок раст на економијата.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
По твојата логика и ЛЦД телевизорите треба да бидат по 50 евра пошто имаме помала плата. Кога ќе разберете дека Македонија НЕ произведува нафта туку ја увезува и увозната цена нема врска со стандардот. Или можеби мислиш дека во Саудиска Арабија викаат чекај Македонија има понизок стандард ќе им ја дадеме поефтино...
Зошто има акциза на бензините, а нема акциза на ЛЦД телевизорите?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зошто има акциза на бензините, а нема акциза на ЛЦД телевизорите?
Епа во државава, секоја луксузна стока има акциза. Дури беше бензинот 40-45 денари, некои 10 денари потпаѓаа на акциза, плус имаше 5% ддв. Сега, акцизата е околу 25 денари и ддв-то е 18%. Потрошувачката на гориво драстично е зголемена, споредено со пред 15 години, така да на голем дел од формирањето на цената има улога акцизата и ддв-то, да неречам појќе од пола од тие 87 денари се давачка за државата.

А ако веќе сакаме европски пазар, време е да ја пензионираат регулаторната комисија за енергетика, која шо не прај ништо посебно освен шо вработува 150 ботој и 5 полу писмени кои што знаат да собираат на дигитрон. Па либерален пазар, цената ќе си ја формира конкуренцијата.


Да се корегирам, секоја луксузна стока шо се троши многу има акциза. А мислам дека бензинот се троши појќе од леб, ако одиме по аналогија литар бензин = 1 леб...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
додека некој си тера мајтап и си гледа сеир на темава со неговите 16/18 години, на многу луѓе во македонијава им се плаче... не да им се плаче им иде да искочат и да врискаат од мука! секој ден нов удар по џебот. те бензин поскапел те струја те вода те ова те она.. сите НЕОПХОДНИ работи за егзистенција се поскапија. једино што не мрдна (можам да кажам и надоле дека отиде) се нашиве веќе мизерни плати...

најмизерни сме откако се распаднала југославија најмизерни и ке останеме! со тек на време и африканскине неразвиени држави ке не поминат и тие ке бидат престиж за нас !

една работа не ми е јасна само... што толку сме погрешиле на господа што не казнил па сме се родиле во ваква држава....
 
F

fantomX

Гостин
Епа во државава, секоја луксузна стока има акциза. Дури беше бензинот 40-45 денари, некои 10 денари потпаѓаа на акциза, плус имаше 5% ддв. Сега, акцизата е околу 25 денари и ддв-то е 18%. Потрошувачката на гориво драстично е зголемена, споредено со пред 15 години, така да на голем дел од формирањето на цената има улога акцизата и ддв-то, да неречам појќе од пола од тие 87 денари се давачка за државата.

А ако веќе сакаме европски пазар, време е да ја пензионираат регулаторната комисија за енергетика, која шо не прај ништо посебно освен шо вработува 150 ботој и 5 полу писмени кои што знаат да собираат на дигитрон. Па либерален пазар, цената ќе си ја формира конкуренцијата.


Да се корегирам, секоја луксузна стока шо се троши многу има акциза. А мислам дека бензинот се троши појќе од леб, ако одиме по аналогија литар бензин = 1 леб...
Хммм, луксузна стока. Кој го одредува што е луксузна стока, а што не е? За некого луксуз е и велосипед, знам и такви луѓе, на еден таков му имам дадено еден велосипед од оние старите целосно железни на користење, пластики збира човекот, со оглед на тоа шо имам уште два други велосипеди.

Уште еден доказ дека државен апарат во основа е трома, безвезна и прилично криминогена работа.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Sramota e na eden litar gorivo ima davacki kolku za 2 leba. Stvarno sramota. Zatoa Evropa ke propadne,sekade isto sranje so akcizite.Sakaat jadenje bez rabota,e ne biva. Treba da ja šutnat 70% administracija,da gi smalat danocite i da gi ukinat akcizite. Ako ova ne se napravi Makedonija sama sebe ke se zakopa. Istoto vazi i za EU. Vo USA,Rusija,Kina,Brazil itn najakite svetski ekoniomii gorivoto e so cena 60-70 centi,stujata e upola poeftina i komunalnite davacki. Posle neka se cudat zosto industrijata vo Evropa propaga.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom