Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Весела математика. Цената на барел нафта во светот 2006 година 58 долари. Цената на барел нафта во 2011 година 87.48 долари. Во моментов за 2012 цената просечна е 93.5 долари. Значи од 58 2006 на 93 во 2012. Цената на бензинот(95 октански) во 2006 година во македонија - 68.5 денари. Во моментов 86 денари...Сличноста е очигледна...работата е што треба да расте стандардот а тој не може да расте кога во цел свет има рецесија (никаде не расте со чесни исклучоци), насекаде е криза...жалосно ама тоа е тоа.
Акциза 2006 - 50%
Акциза 2012 - 50%
Весела математика 2
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Акциза 2006 - 50%
Акциза 2012 - 50%
Весела математика 2
Да уз пат може и ДДВ да се направи 2%? иначе акцизата не е 50%, некаде25-30% ако не се лажам. месечно државата добива 10-15 милиони евра од акцизите. Значи на годишно ниво некаде 150 -200 милиони евра. Тоа е значителна ставка од приходите, затоа очигледно ниту Македонија ниту било која друга земја од Европа се откажува од акцизата...
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да уз пат може и ДДВ да се направи 2%? иначе акцизата не е 50%, некаде25-30% ако не се лажам. месечно државата добива 10-15 милиони евра од акцизите. Значи на годишно ниво некаде 150 -200 милиони евра. Тоа е значителна ставка од приходите, затоа очигледно ниту Македонија ниту било која друга земја од Европа се откажува од акцизата...
Акциза - 200 милиони евра
Скопје 2014 - 300 милиони евра

Весела математика 3
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ме интересира врз основа на ШТО го поскапеа овој пат бензинот ???
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Акциза - 200 милиони евра
Скопје 2014 - 300 милиони евра

Весела математика 3
Скопје 2014 се гради неколку години.Цената не ти е точна. Дел од зградите носат приходи, дел се замена за простории кои досега биле под кирија. Е сега ме интересира што ќе правевме со 20 денари поефтин бензин цела година? Веројатно ќе се курчевме на цела Европа, ќе јадевме пиевме излегувавме и на одмор ќе идевме на Бали.
--- надополнето: 13 август 2012 во 15:57 ---
ме интересира врз основа на ШТО го поскапеа овој пат бензинот ???
поскапување на цената на нафтата на светскиот пазар, како и секогаш. Цената се одредува според тоа...
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Весела математика. Цената на барел нафта во светот 2006 година 58 долари. Цената на барел нафта во 2011 година 87.48 долари. Во моментов за 2012 цената просечна е 93.5 долари. Значи од 58 2006 на 93 во 2012. Цената на бензинот(95 октански) во 2006 година во македонија - 68.5 денари. Во моментов 86 денари...Сличноста е очигледна...работата е што треба да расте стандардот а тој не може да расте кога во цел свет има рецесија (никаде не расте со чесни исклучоци), насекаде е криза...жалосно ама тоа е тоа.
Цената не е само со барелот туку е врзана и со цената на доларот, така да математиката и не е толку проста
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Како ќе се договорат Макпетрол и Лукоил да биде 200 ?

Ако се договорат да биде 200 ќе се отворат илјадници приватни бензиски и ќе ја симнат цената одма.

Значи под 3 денари поефтино неможе никој да продава бидејќи ќе влезе во минус, ако ти продаде некоја бензиска поефтино гориво значи дека истото е со послаб квалитет.

Инаку тоа дека ќе биде 200 денари го реков на шала, бидејќи кај нас конкуренција тешко, на фирмите им е полесно да се договорат отколку да конкурираат една со друга!


Плус:
Со привлекување на странски инвестиции и со отворање на нови работни места, земјава се справува со последиците од кризата. Кај нас стапката на ДДВ изнесува 18%, а кај некои производи 5%, додека кај придонесите стапката остана непроменета од 10%.
Од земјите од регинот, Хрватска плаќа ДДВ од 25 отсто, Грција 23, а Словенија, Бугарија и Албанија од 20 проценти.
Дали не спремаат за зголемување на ддв-то?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Дали не спремаат за зголемување на ддв-то?
Не верувам, бар не сега пред избори. Ама ако тепаат на наредните парламентарни рачунај тоа ќе е прва работа што ќе ја направат
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Ако плаќаш 84 денари за гориво , 43 денари одат на државна сметка. Тоа е повише од 50%.

Ако полниш 3000 денари гориво , 1550 денари одат во буџетот.

И уште ми велите зошто не се презема нешто да се намали цената.

Нели гледате дека што повише растат цените , толку повише пари влегуваат во буџетот , за потоа да се фалат , имаме најголем буџет во историјата на Македонија.

-
Други велат дека ќе возат велосипед. Нема потреба , подобро возете автомобил , пошто тие пари предвидени за да се наполни буџетот , ќе ви ги земат и на друг начин. Ќе ви постават акциза за велосипед.
Ќе мора да ги регистрирате велосипедите , ќе платите паркинг место , казна за непрописно паркирање.

Или пак ќе се задолжат негде , па овие 43 денари ќе ни станат 63 , кои ќе ги платиме понатаму со камати.

Затоа да не намалиме на трошење горива , пошто ќе го јадиме повише.

И што е овој песимизам , бидете оптимисти , во Германија плаќаат за 10 денари поскапи горива. Ееејј за 10 денари.

Дизелот

Македонија : 73 денари

Луксембург : 73,5 денари

Унгарија : 73,5 денари

Швајцарија : 74 денари

Австрија : 80

Белгија : 80

Франција : 80

Латвија : 80

Полска : 80

Шпанија : 80

Словенија : 82

Португалија : 82

Холандија: 83

Чешка : 83

Ирска : 87

Германија : 87 денари

=

Којзнае што би правеле граѓаните на овие држави ако плаќаат горива од 11 евра од литар. ( Толку е тоа за нашиот стандард)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Не, заради трошоците за транспорт. Едно поскапување повлекува друго, BTW луѓе што работат во Жито Леб ми кажаа дека ако уште еднаш се качи цената на бензинот, ќе се качи и цената на лебот. Се е поврзано..;)

Жито Леб ќе кренат и ова ниво на цени на горива ако го задржат подолг период, од пракса ;)
Шо е до мене нека го кренат и 50 денари векна.Ние сме спремни :cool:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
ме интересира врз основа на ШТО го поскапеа овој пат бензинот ???
Односот на доларот со еврото....Изгледа дека е овој однос сексуален од причина што трудни остануваме ние.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
И што е овој песимизам , бидете оптимисти , во Германија плаќаат за 10 денари поскапи горива. Ееејј за 10 денари.

Дизелот

Македонија : 73 денари

Луксембург : 73,5 денари

Унгарија : 73,5 денари

Швајцарија : 74 денари

Австрија : 80

Белгија : 80

Франција : 80

Латвија : 80

Полска : 80

Шпанија : 80

Словенија : 82

Португалија : 82

Холандија: 83

Чешка : 83

Ирска : 87

Германија : 87 денари

=

Којзнае што би правеле граѓаните на овие држави ако плаќаат горива од 11 евра од литар. ( Толку е тоа за нашиот стандард)
Имаме ефтин дизел еден од најефтините во европа затоа што имаме помала акциза.
За разлика од некои држави кај акцизата за Бензи и Дизел е скоро иста кај нас
Акцизата за бензин е 23 денари а за дизел е 13 што значи има простор државата да го качи 10 денари дизелот како кај некои други држави.
Најлиберална држава од западот за даноци на бензини е САД таму има минимални давачки и литар бензин за кој замислете се бунат тие американци е 40 денари.
Замислете на наше место да се:icon_lol:

Цената на бензините е таа даноците од нив за држава како нашата се најбитен столб во буџетот.
Е сега ние може да бидеме само незадоволни како се трошат парите од тие даноци.
Мислам треба повеќе пари да се трошат за инфраструктура и енергетски капацитети.
Се разбира грешка и тежок популизам беше намалувањето на акцизата за 4 денари пред изборите.
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
28
Поени од реакции
5
Абе не споредувајте цена на бензин нафта струја со европа со свет таму земаат плата 2000 Евра минимум кај нас 200 евра не земаме а цените ни се исти. Доста со тоа дека сме имале најефтин дизел нз што.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Имаме ефтин дизел еден од најефтините во европа затоа што имаме помала акциза.
Еден од најевтините , но сепак за нас тоа е најскапиот нели.

А кај бензините не сме најевтините :

Австрија , Унгарија , Латвија , Луксембург , Полска , Шпанија , Швајцарија , Литванија ... имаат поевтин бензин него Македонија.
Како и Белгија , Чешка , Словенија ... кои имаат иста цена како Македонија.

А кога се зема во предвид какви плати зимаме и колкава вработеност имаме , тогаш оваа мое споредување е глупаво и абсурдно.

Затоа реков дека тоа што за нас е 1,4 евра од литар , за овие западни земји би требало да биде 11 евра.

Замисли Луксембург и Швајцарија имаат поевтини горива од нас.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Ја незнам со кој мозок се оправдува и споредува со цените во Европа.Па швабата плаќа 1.5 еур,ама лапа просек 2000 еури месецот.Видело магарето на коњот му ставале потковици,па и оно пуштило нога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom