Министерот за здравство Никола Тодоров се пофали дека Кралството Холандија ни подари 8 милиони евра за да ни помогне да се намали бројот на умрени новороденечиња и мајки при породување. Оти процентот е поголем од европскиот просек. Ќе се реновираат сите родилишта и ќе останат пари и за 75 патронажни коли.
Не дека ние немавме 8 милиони. Имавме ние и 12 милиони, и сто милиони и двесте милиони. Ама ни требаа за попаметни работи. И уште ни требаат.
Холанѓаните видоа, не видоа, си рекоа што се виновни децата што имаат родители што гласаат за споменици, огради и барокни кулиси и прежалија 8 милиони. Исто како што прежалија милиони за помош и Американците кои ни ги реновираат вецињата и прозорците по школите, Јапонците што ни купуваат коли за брза помош, Норвежаните и Швајцарците што ни ги заштитуваат планините и езерата, Швеѓаните што ни го чистат ѓубрето...
А ние нашите пари си ги потрошивме парите за Луна парк во центарот на Скопје.
http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=B87568A24CF0E44AA02E6BC6D0CC39EC
ја коа зборев дека фрлаат пари за глупости кога има важни работи од животно значење (буквално), а не се завршени. и дека умираат луѓе пошто нема цитостатици, стентови и се чека пола година за НМР, ми викаа дека глупости зборам: „други пари“ биле тоа.
ве поздрави болдот...