Прошетка низ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Прашање е кој не бил во Скопје, ама Скопје како Скопје си е Скопје и не може да биде никој друг град. ( шо кажав?) Сакам да направам еден по долг трип низ Скопје, многу пати сум бил но не со вистинска цел. Знам дека има што да се види а од тоа има јас го знам "Музејот на"..."комунизмот", "Музеј на холокаустот", " Мајката Тереза", "Скопско Кале", "Еден круг со новиот туристички автобус"...е мојот план, се што најпрво би сакал да видам, а вашиот предлог е?

Во Скупи сум бил, туку колку е далеку до "Скопскиот Аквадукт"?
 
побарајго Анчо да те прошета,по старите Скопски Маала,
и стари Скопски легенди,и стара нова бања,и старо сајмиште,
и стара воена болница(а не е Карпош), и Џавте корзо на кејот,
и стариот „нов“ театар,и малото мовче за театарот,ама не она
дрвеното преку Вардар,имаше уште едно само за во театар,
и уште по неколкуте калдрмисани улички-сокаци по Маџир маало,
и уште нешто за централниот затвор на Калето и касарните од ’63,
и плажите на Вардар, де градска,де руска,де офицерска,де крњевска,
де новомаалска,де дебармаалска,и секако онаа маџирмаалска под мост,железничкиот мост само дали ќе наканиме и некој „ скокач“ да видиме,
по бавчите и јазовите од Капиштец до ложионица, а за крај на Водно кај
шесте чешми и големиот костен удрен од гром,со празна средина во кој знаевме да се сокриеме кога ќе заврнеше во некој години пред земјотресот или да седнеме на карти,уф ќе заборавев,како смееше ова да ми се деси,сосем на крај ќе одиме на КРИВИНАТА,да точно прочита,ќе те одведам на Кривината каде почнаа нашите ЉУБОВИ.
 
Качи се со жичарата до крстот на Водно и од горе ќе го видиш цел град наеднаш. :D
 
Качи се со жичарата до крстот на Водно и од горе ќе го видиш цел град наеднаш. :D

ова ти е исто како да ти кажат:
Не оди по Европа и Светот
земи Атлас или Глобус - ќе ги видиш наеднаш
 
после 22 часот пред МТВ иди за 500-че ке се омрсиш
 
555531_4120490984284_735037192_n.jpg


Скопје 2020
 
Аквадуктот е во територија на касарната Илинден. За да се посети скопскиот аквадукт, потребна е дозволза од МО, или од одговорн во касарната Илинден. Одкога ке се добие таа дозвола потоа може да се отиде до аквадуктот и тоа со придружба на војник. Барем вака беше пред 2-3години, а не верувам и до сега да е сменето нешто.
 
Picture 150.jpg
Едно Скопје, во едно време, кога под овие жбунови во Вардар,фаќавме ракови
--- надополнето: 4 април 2013 во 01:01 ---
Picture 151.jpg
Градска плажа,Офицерска плажа,Руска плажа,Крњево плажа,Плажа под железен мост
Имаше уште неколку вакви плажи,прави правцати плажи на Вардар,како во Улцињ.
Па добро људи јели је то могуче.
Се капеш на Вардар во време кога 90% во градот беше со јавни чешми и бањи, и точно уште толку % немаа ланализација. Какое тоа можно,да никој од капачите не се пожалил на некој кожни нафралувања или болести. Па дали е вистина што дрнда овој.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom