Навреда на Фејсбук - кривично дело

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Во велешкиот Основен суд паднаа првите пресуди за закана и навреди изречени на општествените мрежи на интернет или по електронска пошта. Казнети не се големи, туку симболично парични, но остануваат пресудите по што голем број интернет фанови се предупредени дека навредите и заканите кои се упатуваат по електронски пат се санкционираат.
Во првиот случај осуден е Игор К. за кривичното дело навреда изречена на мрежата Фејсбук. Тој на 13-ти јуни 2010-тата, како член на Организациониот одбор на Рациновите средби, незадоволен од текстот на новинарот Владимир Тевчев објавен на А1 со навредливи зборови се нафрлил врз авторот, а што можеле да го прочитаат голем број негови пријатели, но и пријатели на Тевчев. Истите тие подоцна се јавиле како сведоци во судскиот процес, со кој била потврдена автентичноста на профилот на тужениот, иако тој негирал дека е негов и дека друг лажно се претставувал со неговите иницијали.
За ова тој е казнет со условна казна од сто евра, доколку во следните две години го повтори делото. Соочувајќи со оваа новина за македонски услови, во Основниот суд во Велес процесот траеше невообичаено долго, две години, при што беа одржани дури 19 рочишта. Во обид за вештачење и докажување дека Игор К. е авторот на навредливите зборови, побарана е помош и од мрежата Фејсбук. Тие пак барале возвратно други детали, потребни за македонската полиција за да докаже дека заканите се изречени од профилот на тужениот. Преписката заглавила а судијката Тања Милева, која ја донесе оваа прва пресуда во Македонија, неа ја темели врз основа на изјавите на сведоците и нивната потврдата за автентичноста на профилот на Игор. К.


Извор - http://tirekovmirece.com/Novost/Паднаа-првите-казни-за-интернет-закани-и-навреди


Уште ке пишуваме се и сешто на ФБ?
 
љеЉе ќе бидам осуден на доживотно :place: за што објавив дека глујо и бранко компанија :place:
 
Член 173 од Кривичен законик -навредата е крвично дело.И клеветата.Мислам дека Миленко затвор лежеше за ова.

И што има од уставното право на слободен говор.Да си ја држам устата затворена ?
 
Јас нема да споменувам грујо и бранко, само мујо и хасо од сега ќе ги користам. Не знам за вас али јас сум осомничен уште од по одамна
glavnaw.jpg
 
И што има од уставното право на слободен говор.Да си ја држам устата затворена ?
Се додека не повредуваш никој, зборуј. Ако навредиш некој, како на пример во случајов новинар од А1, ке го јадеш :)
 
Значи не смеам да пцујам по Фејсбук али смеам во весник, зашто така е слобода на говорот. Нека отворат у веснициве рубрика "Навреди" и да биде после Некролог, каде што ќе си се пцуеме слободно. По.го.ле.ма.глу.пост.не.ма.ло!
 
а јас што секојдевно сум навредуван од политичари и новинари можам да ги тужам?
 
А тоа што ги отерав 70% од корисниците на Фејсбук во 300 лепе во еден пост, може и доживотно да ме затворат. Само да ми дадат барем да се изберам до кое животно. :)
A дефиниција за навреда? :icon_lol: Некого можеби ќе се навреди ако му пишеш „еј пер...“, на некој к... (упс, морам да пазам на речник) го боли што некој му пишал на Фејсбук.

Ако не е некоја закана, не гледам причина да се тужи. Кај е слободата на говор?
П.С. Ајде да го тужиме Борјан за навредите на #SpreadTheTruth. :icon_lol:

А тоа што не ебат во здрав мозок? :)
 
2 години гонел човек заради некоја навреда ?

Арен ли е авторот ? (да не е и ова навреда да избришам побрзо ?)
 
Ќе ставале и микрофони по домовите да видат ако навредуваш некој да ти опнат тужба
 
И јас се прашувам овој новинар колку пати има навредено некој, па сеа оти него го навредиле, тужел. Како што зборуваат велешани, а А1 Тевчев рекол дека организаторот бил неспособен да ги организира Рациновите средби, а организаторов на ФБ пишал дека непознавач на Рацин нема лице да коментира или нешто такво. И новинарчево се навредило и тужело. Не знам оти организаторов не го тужел него? Ама тогаш А1 ке отвореа едни усти....како новинарите немале слобода на говор....Кај се сеа новинарите? Кај се сеа, кога сите политичари ги повлекоа тужбите против нив? Оти новинаров не ја повлекол тужбата? Или на светов има два вида луѓе, новинари и ние, обичните смртници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom