Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ја од 94-та од Светското пратам фудбал, а за Јунајтед сум од 96-та од после Европското.. :)

И да, ги жалам оние што не навивале за Јунајтед во 1999 г. :P
 
Ја од 94-та од Светското пратам фудбал, а за Јунајтед сум од 96-та од после Европското.. :)

И да, ги жалам оние што не навивале за Јунајтед во 1999 г. :P
Имам гледено преглед на таа сеззона неколку пати ама знам дека не е тоа тоа.
 
^^^ Manchester United Vs Borusia Dortmund 97 ..тој меч ми е врежан у сеќавање ,
 
Јас сум навивач на Јунајтед точно од 1999 г. поточно од дуелот со Баерн Минхен !
 
Најпрвин ќе те прашам: Зошто си ги потценуваш играчите?
-Чичарито го зедовме да не речам за "2 вреќи брашно" што за мене навистина беше одличен потег од страна на скаутите што го виделе Чичарито.
Првата сезона 21 гол во сите натпреварувања,играше и летото за Мексико,дури имаше и повреда на главата,од која што беше отсутен некој период од терените.
Втората сезона ми се чини постигна 10 гола,што за мене навистина е одлично.

П.с. втор пат ова истово го пишувам и на претходната страна го имаше... :cautious:, само на друг член му пишав.

Епа баш тие што го имаат Агуеро во напад,ни ја зедоја титулата со иста бодовна разлика,но подобар просек на голови.Што значи дека и не е голема разликата,впрочем и срамота е при толку пари трошење и на онаков начин да ја освојат лигата. :)
Да се разбериме,не велам дека е лош играч Агуеро,напротив јас го почитувам како напаѓач.

Што е разликата од Пато до Велбек?
-Пато нема изиграно натпревари,колку што има крампони на копачките во една сезона. :pos:
не зборам за тоа кој играч колку пари кошта, кога ќе ја погледнеш табелата со бодовите и шамионот таму не пишува кој играч колку вреќи брашно чини, тоа никого не го интересира, единствено што пишува на табелата се поените и рангирањето! Значи според твојата идеологија ако истовремено ни се понудени пример Чичарито и Ван Перси ние треба да го земеме чичарито затоа што вреди помалку вреќи брашно без разлика кој е појак техничар или кој ќе донесе титула на тимот, битно е што помалку вреќи брашно да извадиш од мелницата?!
Сигурен сум дека да земем некој уште помизерен, некој утепан од господа не виден играч овде ќе го направите великан на светскиот фудбал нормално, затоа што фергусон го купил за некоја си вреќа со брашно.... за разлика од таквите размислувања јас гледам понапред от тимот или тренерот, сакам да го гледам мојот тим како гази каде ќе стигне а не да се мачи на домашен терен со Отелу или да прима срамни 5+ од главниот конкурент за титула.........
 
20m + бонуси, нова понуда до Арсенал. Венгер сака да си го отслужи договорот и го блокира трансферот, бордот на Арсенал не се сложува со тоа. Ќе бил реализиран трансферот наводно ама требало трпение.
 
20m + бонуси, нова понуда до Арсенал. Венгер сака да си го отслужи договорот и го блокира трансферот, бордот на Арсенал не се сложува со тоа. Ќе бил реализиран трансферот наводно ама требало трпение.

Венгер не сака да го продаде, ама ќе потклекне. Мислам дека сезоната ќе ја почне како играч на Арсенал, а ќе замине негде кон крајот на месецот. Слично како Насри лани. Штета за Нас, бидејќи Венгер не сака да го даде, но управата сака да направи пари. Ете тоа прави акционерско друштво, како нас, а не тим со еден сопственик. Но, што е тука е.
 
Како и да е вие профитирате од ова :) 29 год има РвП а штотуку ги зедовте Казорла, Подолски, Жиру... :)
 
Како и да е вие профитирате од ова :) 29 год има РвП а штотуку ги зедовте Казорла, Подолски, Жиру... :)
Прашањето е што ќе правиме со РВП ... нека си седи во Арсенал најубаво .
 
не зборам за тоа кој играч колку пари кошта, кога ќе ја погледнеш табелата со бодовите и шамионот таму не пишува кој играч колку вреќи брашно чини, тоа никого не го интересира, единствено што пишува на табелата се поените и рангирањето! Значи според твојата идеологија ако истовремено ни се понудени пример Чичарито и Ван Перси ние треба да го земеме чичарито затоа што вреди помалку вреќи брашно без разлика кој е појак техничар или кој ќе донесе титула на тимот, битно е што помалку вреќи брашно да извадиш од мелницата?!
Сигурен сум дека да земем некој уште помизерен, некој утепан од господа не виден играч овде ќе го направите великан на светскиот фудбал нормално, затоа што фергусон го купил за некоја си вреќа со брашно.... за разлика од таквите размислувања јас гледам понапред от тимот или тренерот, сакам да го гледам мојот тим како гази каде ќе стигне а не да се мачи на домашен терен со Отелу или да прима срамни 5+ од главниот конкурент за титула.........

Па тоа ти зборувам бе друже, за евтини пари зедоа квалитетен играч. Чичарито за "ништо" пари го зедоа,но сепак прикажа одлични резултати.
Сепак фудбалот во сегашно време,а најверојатно во иднина ќе биди и нешто повеќе,а тоа е БИЗНИС! :)
Значи Манчестер Сити како што кажав се изнатрошија пари,којзнае колкави плати земаат,што и повеќето од нив не ги заслужуваат,а и начинот на кој ги земаат би рекол никој не заслужува (треба првин да ги ЗАСЛУЖИШ,па после да земаш голема плата како што е случајот кај нас со Руни,си заслужи си зема голема плата).
Секогаш се зема во предвид карактеристиките,староста и барањата на фудбалерот,ако навистина се идеални зошто да не го земат фудбалерот.Чист пример сега е случајов со Ван Перси,одличен играч,но сепак малце е стар со годините,но кој знае можеби ќе игра на високо ниво неколку години.

Кој не би сакал да го гледа тимот кај што му победува,кажи ми навивач кој не го сака тоа.. :)
Не оди против себе и самиот си свесен дека таа утакмица со Манчестер Сити,цело второ полувреме бевме со играч помалце и тогаш имавме многу првотимци повредени.
Истото важи и за Лига Шампиони, повредите имаа најголема улога во нашите (не)успеси минатава сезона.
 
Прашањето е што ќе правиме со РВП ... нека си седи во Арсенал најубаво .

Има периоди од сезоната Руни кога не може да сврзе ни едно додавање, за тогаш арен ќе е. Ама па подобро да дадеме пари за подолгорочно решение. Или па можеби се носи РвП за таман Велбек да се доразвие бидејќи медицинскиот тим открил дека Велбек се` уште расте, неговото тело уште не е финиширано со развитокот па мора да се работи уште со него од тој аспект, потоа играчко искуство да се добива.
 
Како и да е вие профитирате од ова :) 29 год има РвП а штотуку ги зедовте Казорла, Подолски, Жиру... :)

Аххх, дека профитираме не знам. Дека за Вас ќе биде идеално засилување, ќе биде. Искрено, сакам да остане кај Нас, но ако не сака не можиме да го врзиме. Венгер убаво изјави дека не знај шо ќе биди со него и дека ќе почека. Се си мислам дека ќе остане.
 
Aбе еднаш у 100 години се дешава Фергусон да испушти 8 бода на 6 кола до крај. Ма и да освоевме сигурен сум дека пак ќе најдевте маана, а вака муабетите секојдневни ги слушам и шо е најтрагично од фанови на Јунајтед. ,,Ееее Вељане ете до кое дереџе стигнавме со Еванс и со Керик'', ,, Фергусон остарел''. Никој од нив не видел статистика дека двајцата заедно со Валенсија и Руни не одржуваа цела сезона. Како у некоја друга димензија да глеат фудбал...

Велбек не чинел, пази во прва сезона дава 12-13 гола, сите стручњаци му предвидуваат блескава иднина, ама не бил Бензема или Ван Перси( не давал по 30 гола). И Роналдо кога дојде не беше Роналдињо у тоа време, ама клубот веруваше у него и се виде што излезе од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom