Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊАТА НА СТРУЈАТА И ПАРНОТО
Ќе ја блокираме работата на регулаторот
Група на 50 - тина граѓани незадоволни од поскапувањата на цените на парното, струјата и горивата најавија дека утре во 18 часот ќе протестираат пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика.
"Спонтано се собравме преку социјалните мрежи да го искажеме нашиот револт против најновите зголемувања на цените на струјата, парното и горивата под мотото 'АМАН!'. Целта е преку протести и други методи да издејствуваме снижување на цените на овие енергенси, како и да предложиме алтернативи со кои не само што ќе се спречи понатамошен раст на цените, туку и ќе издејствуваме нивно прилагодување кон стандардот на граѓаните", вели еден од иницијаторите Александар Гочев.
Според Гочев, една од алтернативите кои групата ќе им ги предложи на институциите е инвестирање во обновливите извори на енергија.
Гочев вели дека мерките кои ќе ги превземаат ќе зависат од реакциите на институциите и на Регулаторната комисија за енергетика. Доколку од нив нема позитивен одговор, и мерките ќе стануваат подрастични и порадикални.
"Најрадикалната мерка која може да ја превземеме е да ја блкокираме работата на Регулаторната комисија за енергетика", вели Гочев.
Иницијаторите првиот протест го закажуваат неколку часа по завршувањето на работниот ден во Регулаторната комисија за енергетика. Како предупредување дека се сериозни во намерите за блокади, групата за денеска претпладне закажа прес - конференција пред просториите на регулаторот . (Т.Ј.)

Извор: Vest

50-тина граѓани, а Македонија има два милиони народ:facepalm::facepalm:
Изгледа ќе биде како кога го продадоа ЕСМ, само 10 души имаше:(
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема крај на поскапувањето на горивата – од вечерва бензинот поскап за 3,5 а дизелот за 1,5 денари

Од вечерва ново поскапување на горивата. Цената на бензините ќе се зголеми за 3,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари.​
Од ноќеска на полноќ Еуросупер 98 ќе се продава за 87, 50 денари за литар, Еуросупер 95 ќе чини 86 денари литар бензин. Се зголемува и малопродажната цена на нафтата, така Еуродизелот ќе изнесува 73 денари за литар а екстра лесното масло за домаќинство 61.50 денари литар.

Со одлуката на Регулаторната комисија од полноќ ќе се зголеми и цената на мазутот. Од 16 јули годинава ова е трето поскапување на цената на горивата до сега. Од тогаш до денеска цената на бензините е повисока за 10, 5 денари, а дизелот поскапе за 8,5 денари за литар. /К.К.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=95101&AspxAutoDetectCookieSupport=1
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
јас не гледам животот да поскапел во МКД последниве 20тина години........во бившиот систем можеше да спиеш по улици,доколку загинеш нешто со Милиција да те бараат да ти го вратат........сега те убиваат ко пес по улица и никој не бери гајле

make the difference
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Нема крај на поскапувањето на горивата – од вечерва бензинот поскап за 3,5 а дизелот за 1,5 денари


Од вечерва ново поскапување на горивата. Цената на бензините ќе се зголеми за 3,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари.


Од ноќеска на полноќ Еуросупер 98 ќе се продава за 87, 50 денари за литар, Еуросупер 95 ќе чини 86 денари литар бензин. Се зголемува и малопродажната цена на нафтата, така Еуродизелот ќе изнесува 73 денари за литар а екстра лесното масло за домаќинство 61.50 денари литар.

Со одлуката на Регулаторната комисија од полноќ ќе се зголеми и цената на мазутот. Од 16 јули годинава ова е трето поскапување на цената на горивата до сега. Од тогаш до денеска цената на бензините е повисока за 10, 5 денари, а дизелот поскапе за 8,5 денари за литар. /К.К.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=95101&AspxAutoDetectCookieSupport=1
А ЦЕНАТА ЈА ОДРЕДУВА.........?????? ЗАВИСНАТА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА. РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ.....независна регулаторна комисија предложена од соодветни институции или целосно либерализирање на енергетскиот пазар и укинување на монополите.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Од утре, па натаму секој вторник граѓанската иницијатива “АМАН“ ќе организира протестни собири каде ќе го искажува својот револт и гнев од последните поскапувања на струјата, парното и горивата.

Овие протестни собири ќе се случуваат во повеќе градови истовремено, секаде каде што локалните жители ќе се самоорганизираат.

“Револтирани и гневни на новите одлуки од страна на Регулаторната комисија за енергетика, ние група на граѓани, самоиницијативно преку социјалните мрежи се собравме и одлучивме да започнеме со процесот на самоизборување за нашите права. Време е да кажеме – Доста е, Аман, ова што се прави врз грбот на граѓаните не е веќе ни во граници на нормалата, во период на економска криза, безпарица, Регулаторна комисија за енергетика и Владата на Република Македонија се осмелија да удрат по она од што најголемиот број на граѓани патат а тоа е нивниот празен џеб“, велат од граѓанската иницјатива.

Тие формулирале неколку барања до Регулаторната комисија за енергетика и Владата, а тоа се: Враќање на евтина дневна тарифа, сда се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката ангажирања моќност од 33 отсто во сметките за струја, да се врати цената на парното на ниво од 2008 година, да се повлече новиот правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во споственост на Македонија и инвестирање во одржливи извори на енергија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
единствен лек за спасување од овие опшествени тумори е либерализација на пазарот и формирање на нова регулаторна комисија составена од компетентни членови од секоја област од интерес ....односно активни професори од ЕТФ, Машински, Економски и Правен (секој експерт во својата струка)
Ако се либерализира пазарот регулаторната комисија ќе стане непотребна. Либерализиран пазар ќе ни донесе дупло повисоки сметки од денешниве. За првпат ќе го почувствуваме тоа во 2015 со либерализацијата во енергетскиот сектор.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Е ова со бензиниве ја прелеа чашата!!!
АЈДЕ МАКЕДОНИЈО РАЗБУДИ СЕ,ИЗЛЕЗИ НА ПРОТЕСТИ ДОСТА Е!!!!!!!
Овде не мислам на политички позадини него ние како народ да излеземе на масовен протест а не како партиски војници
ДОСТА ЕЕЕ!!!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Ако се либерализира пазарот регулаторната комисија ќе стане непотребна. Либерализиран пазар ќе ни донесе дупло повисоки сметки од денешниве. За првпат ќе го почувствуваме тоа во 2015 со либерализацијата во енергетскиот сектор.
Либерализација мислите -за увозот, за цените или на изборот на енерџипровајдер. Во тој случај каде би бил во тој систем крајниот потрошувач-домаќинството. Како што читав, домаќинствата дури и во УК немаат бенефит од слободна трговија затоа што исто се фаќа државен или приватен монопол. Само големите потрошувачи и индустријата, ако сами увезат.
Друго ме интересира дали нашиот систем е така изграден да издржи различни провајдери, пикови, падови на енергија, односно префрлање од еден на друг дистрибутер на електрична енергија.

Мислам дека што и да подразбирате под таа либерализација, нема ништо да смени, барем за граѓаните. Платите се премногу мали.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Либерализација мислите -за увозот, за цените или на изборот на енерџипровајдер. Во тој случај каде би бил во тој систем крајниот потрошувач-домаќинството. Како што читав, домаќинствата дури и во УК немаат бенефит од слободна трговија затоа што исто е државен или приватен монопол. Само големите потрошувачи, индустријата...
Друго ме интересира дали нашиот систем е така изграден да издржи различни провајдери, пикови, падови на енергија, односно префрлање од еден на друг дистрибутер на електрична енергија.
Либерализацијата на увозот ќе се случи предходно. За 2015 е предвидено заокружување на процесот со либерализација на пазарот кон домаќинствата и останатите крајни потрошувачи (малите бизниси кои не трошат огромни количини на струја). И сите експерти предвидуваат дека таа либерализација ќе боли и ќе предизвика комплетен ценовен шок.
 

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
Организаторите на протестот имаат целосна поддршка од страна на еМагаре за одржување на овој протест како и членови од самиот форум што ќе присуствуваат на протестот. Ова сите не засега!

http://www.emagare.com/forum/threads/4136/
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Воа е ного јако. Да се изгласа во парламент специјална одлука со која ќе им се забрани на електроните да се удираат и губат енергија при течењето низ проводници. Секој електрон фатен во судар со атом, ќе биде анихилиран со позитрон во погонот за производство на ништо (познат како влада).
Вери фани. Според твојава логика.
Производител на вода еве да речеме Горска, произведува 1000 литри вода, дистрибутерот тебе ти доставува 667 литри (33,3 % помалку) и сака да ти наплати за 1000 литри. Објаснувањето јас подигнав 1000 литри ама 33,3 % по пат ми исприја (пекол е надвор :))
ДАЛИ ТИ ЌЕ ГИ ПЛАТИШ ТИЕ 333 литри вода кои што не си ги добил????
Кај струјата не се наплаќаат само такви загуби на енергија кои што се нормални при транспорт и сл. мислам дека тие загуби и воопшто не влегуваат во овие фамозни 33,3 % за ангажирана моќност. Загубите при транспорт влегуваат во цената што ја побарува МЕПСО за транспортот на ел. енергија.
Фамозниве 33,3 % се ПРЕТПОСТАВЕНА потрошена ел. енергија која што броилото неможе да ја измери.
(UxI (наплатена)= UxIxcosФ (измерена) + UxIsinФ (претпоставена потрошена) )
Не е воопшто спорно дека не се мери целата потрошена ел. енергија во едно домаќинство но мене денес ми многу сомнителен овој процент. На времето кога е “пресметан“ било многу едноставно, на државно ниво ЕСМ (денешни ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН) прави математика и вика призведовме толку, наплативме толку ни фали отприлика 33,3 %. Од тогаш па до ден денес е останат истиот процент а технологијата е напредната за 1000 %.
Денешните грејни тела во многу поголем процент претвораат ел. енергија во топлинска.
Ел. апарати по дома ни се сменети од корен. На времето ел. шпорет, бољер, фрижидер и ТВ беа врвот. Денес имаш микро печки, компјутери и други разноразни гаџети, клима уреди... сите овие уреди имаат различен степен на искористеност на ел. енергија.
НЕ МОЖЕ правило донесено пред децении да ми важи и денес.
НЕ Е МОЈ проблем тоа што дистрибутерот неможе да ми измери колку јас навистина трошам и толку да ми наплати. На пазар продавачот не ми вика „не ми е баждарена вагава и овде имаш едно кило ако гледаш 800 гр плати ми за едно кило“. :tapp:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Доволно е едно барање:
Зголемување на цените на струја, нафта и слични работи - паралелно со зголемувањето на стандардот на граѓаните.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Организаторите на протестот имаат целосна поддршка од страна на еМагаре за одржување на овој протест како и членови од самиот форум што ќе присуствуваат на протестот. Ова сите не засега!
http://www.emagare.com/forum/threads/4136/
Владата да го субвенционира воведувањето на индивидуални регулатори на радијаторите во мрежата на АД „Топлификација“.
Oва го копирав на електронско магаре и оваа ме потресе!
Разберете едно: Мерењето со калориметри НЕ Е ТОЧНО! И наметнато е само за да Топлификација си ги покачи цените.
Ова е барање на Топлификација која тврди дека со поставување на „распределители “ ќе станело точно.
Топлификација и порано бараше да Владата ги субвенционира таквите „ распределители “. Мислам дека меѓу Организаторите се инфилтрирале луѓе од Топлификација.
Ако некој е близок со Организаторите, нека им го пренесе ова! Да го повлечат ова барање
Ова е многу опасно барање. Од него може да произлезе дека Топлификација барала да и се помогне за „ распределителите “ и јавноста барала, ама ете Владата не помогнала.
 
B

Black Guard

Гостин
Штета,а баш со тие 300 милиони потрешени на бронзени ташаци ќе се покриеше увозот наредниве 5 години и немаше да има енергетски удар а потоа и пораст на цените,кои будали сме крајно енергетски нестабилни па хипотетички да ја ставиме нашата индустрија на оптимум(еве 85-88 година) ние нема да имаме доволно енергија за клапацитетите,со протести ништо не се решава не додека не сме во ЕУ(како Грција-па да пуштаат пари) кај нас треба граѓанска непослушност.
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
56
Поени од реакции
7
ништо ново во другите градови освен во скопје во зима за греење во 2 собен стан се плаќа по 8000 илјади денари не ме чуди
 

Kajgana Shop

На врв Bottom