- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊАТА НА СТРУЈАТА И ПАРНОТО
Ќе ја блокираме работата на регулаторот
Група на 50 - тина граѓани незадоволни од поскапувањата на цените на парното, струјата и горивата најавија дека утре во 18 часот ќе протестираат пред канцелариите на Регулаторната комисија за енергетика.
"Спонтано се собравме преку социјалните мрежи да го искажеме нашиот револт против најновите зголемувања на цените на струјата, парното и горивата под мотото 'АМАН!'. Целта е преку протести и други методи да издејствуваме снижување на цените на овие енергенси, како и да предложиме алтернативи со кои не само што ќе се спречи понатамошен раст на цените, туку и ќе издејствуваме нивно прилагодување кон стандардот на граѓаните", вели еден од иницијаторите Александар Гочев.
Според Гочев, една од алтернативите кои групата ќе им ги предложи на институциите е инвестирање во обновливите извори на енергија.
Гочев вели дека мерките кои ќе ги превземаат ќе зависат од реакциите на институциите и на Регулаторната комисија за енергетика. Доколку од нив нема позитивен одговор, и мерките ќе стануваат подрастични и порадикални.
"Најрадикалната мерка која може да ја превземеме е да ја блкокираме работата на Регулаторната комисија за енергетика", вели Гочев.
Иницијаторите првиот протест го закажуваат неколку часа по завршувањето на работниот ден во Регулаторната комисија за енергетика. Како предупредување дека се сериозни во намерите за блокади, групата за денеска претпладне закажа прес - конференција пред просториите на регулаторот . (Т.Ј.)
Извор: Vest
50-тина граѓани, а Македонија има два милиони народ
Изгледа ќе биде како кога го продадоа ЕСМ, само 10 души имаше