Пливање (помош, прашања, совети, новости)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Како сте задоволни од базенот во Борис Трајковски? Сте биле ли деновиве?
Сакам да појдам навечер, од 21 часот, па ме интересира дали има многу гужва, или не?
Секако, картата е 200 + капа 300. Се надевам вреди за парите.
Месечна (ако некого го интересира) е 2700 денари.

Имаш капи за 300 денари во Артурс, не се секирај, не се кине капа така лесно. И да, прескапо е за наши услови, базенот е топ несомнено, ама македонскиот синдром наречен „сакам да ги вратам парите од инвестицијата одеднаш“ убива.
 
Без гајле, си имам капа од претходно, парите не се толкав проблем:)
Повеќе ми беше да не е како порано, ненормална гужва, без ред, се џиткаат врз тебе додека пливаш (слободни скокови), немаше никаков критериум кого ќе пуштат, а кого не.
 
Ааа не, строго е сеа :) Порано знам, дива лига беше. :) Мислев да не даваш пари на секое за капа, ама ако имаш топ :)
 
Пред неполн час заврши маратонот кој е дел од светската Grand Prix серија и се одржува на езерото Сен Жен(Канада). На овој маратон Македонија имаше двајца свои претставници во машка конкуренција Томи Стефановски(41) и Евгениј Поп Ацев(24). Делницата долга 32км и во релативно ладната вода(19степени) не претставуваше пречка за нашиот искусен маратонец Томи С. да стигне како втор на целта веднаш позади првопласираниот Трент Гримсеј од Австралија. Вториот преставник Поп Ацев доплива до 4то место во конкуренција на вкупно 28 натпреварувачи(13 жени и 15 мажи). Следната трка од истата Grand Prix серија е веќе наредниот викенд на 4ри Август која ќе се одржи на езерото Магог(Канада) во должина од 34км.
 
Може ли некој да ми препорача добар клуб и тренер во Олимписки базен? Сум тренирал 6 години пливање кај Томи Стефановски и Маленко (пред едно 7-8 години) и барам некој посолиден клуб.
 
Зш не продужиш кај Томи?
 
Има уште свој клуб Томи?
 
Има уште свој клуб Томи?
Не знам, прашав, пауза напраив од пливањето не знам дали има :) инку во Студент иди, немој Вардар.
 
Зш не продужиш кај Томи?
Томи моментално е посветен на својата кариера. Не работи како тренер.

Има уште свој клуб Томи?
Нема не. Ако сакаш да продужиш иди кај Мане(акватик) има доста деца или евентуално Младост.
Не знам, прашав, пауза напраив од пливањето не знам дали има :) инку во Студент иди, немој Вардар.
Студент нема ниту еден тренер моментално. Фигурира само на хартија(ваљда)
 
Томи моментално е посветен на својата кариера. Не работи како тренер.

Нема не. Ако сакаш да продужиш иди кај Мане(акватик) има доста деца или евентуално Младост.

Студент нема ниту еден тренер моментално. Фигурира само на хартија(ваљда)
Лелее све пропаднало еј :S
 
Зависи кскво темпо фокусираш, дали е маратон, стил, тренинг, биди појасен.
 
За еден час, или колку и да трае еден тренинг .
 
Имам 20 години и можи да е срамота али незнам да пливам, каде можам да научам во скопје колку пари ви во кој дел од денот се часовите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom