Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Јас мислам освен мирни протести, поефикасно би било петиција да се напрајт во секој град. Луѓе да стојат на плоштад и да собираат потписи. Е сеа тоа би било петиција за референдум или нешто друго со кое би се стопирале овие измени. Некој правник нека објасни што конкретно може да се направи, нека се даде некој план и насока на кај да се движит работава. Без план и идеја ако се одвиваат работите, се е осудено на неуспех од сам старт.
Веќе постои идеја за граѓанска иницијатива во темата Легална борба против ЕВН и Топлификација, за која се потребни 100 потписи.
Што ако ти кажам дека во изминативе 2-3 дена ми се јавија повеќе луѓе да им правам хороскоп отколку за потпис во изминативе две недели?

Знаеш колку правници и адвокати побарав, само за да ги прегледаат текстовите за граѓанска иницијатива, и не сакаа да ме услужат, па дури и ги исмеаја ваквите напори?

Нека е со среќа протестот, ама кога не може 100 потписи да се соберат и тоа АНОНИМНО, референдум е невозможно. Уште помалку протест, за кој, нели, треба и на ТВ да се појавиш.

Наздравје бричење!
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Веќе постои идеја за граѓанска иницијатива во темата Легална борба против ЕВН и Топлификација, за која се потребни 100 потписи.
Што ако ти кажам дека во изминативе 2-3 дена ми се јавија повеќе луѓе да им правам хороскоп отколку за потпис во изминативе две недели?

Знаеш колку правници и адвокати побарав, само за да ги прегледаат текстовите за граѓанска иницијатива, и не сакаа да ме услужат, па дури и ги исмеаја ваквите напори?

Нека е со среќа протестот, ама кога не може 100 потписи да се соберат и тоа АНОНИМНО, референдум е невозможно. Уште помалку протест, за кој, нели, треба и на ТВ да се појавиш.

Наздравје бричење!
Па пиши им во хороскопот дека ако не се потпишат на иницијативата, Сатурн ќе ги изеде заедно со се нивните деца, ретроградно во втора куќа. Ете ти одма еден куп потписници.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.210
Зошто не барате повисоки плати и пензии?
И вардете се од партии и соросоиди.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Па пиши им во хороскопот дека ако не се потпишат на иницијативата, Сатурн ќе ги изеде заедно со се нивните деца, ретроградно во втора куќа. Ете ти одма еден куп потписници.
Хахаха, ме пресмеа:pos:
Не ти е лоша идејата, ќе те послушам;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не сум задоволен од барањата кои ќе се истакнат на протестите.
Во нив речиси ништо нема за Топлификација и Регулаторна.
А Топлификација за 300% ги зголеми цените и тоа на криминален начин.
Нема ништо ни за барање оставка од членовите на Регулаторна.
Очигледно моето поздравно писмо кое го постирав на Економија и бизнис - легална борба против ЕВН и Топлификација, страна 14, пост # 200, не дошло до Организаторите
Ве молам да ми помогнете како тоа писмо да го ставам на нивната интернет страница или да го пратам до нив.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ете, ви пратив поддршка за протестиве.Мајка ми сигурно ќе протестира.Таа како ветеран во штрајкување по скопските улици им препорачува на сите да земат се' што имаат од дома: копачи, мотики, буриња за туршија, кујнски ножеви, моторни пили и др. и ги повикува луѓето да не создаваат нереди, туку да ја уништат државата со цел да се почне одпоново.
--- надополнето: 12 август 2012 во 18:11 ---
Зошто не барате повисоки плати и пензии?
И вардете се од партии и соросоиди.
И да има зголемување на платите и пензиите тоа нема да биде доволно за она што не очекува во иднина.Има и те како голем простор за зголемување на финансиските средства кај граѓаните и може тоа да се оствари, но тоа зголемување сигурно дека нема да биде онака како што замислуваме ние, што е и правилна замисла.Сигурно дека нема да земаш ти после неколку месеци плата од илјада евра со цел да водиш еден нормален живот како што е тоа случај во западноевропските земји зошто нашата економија е мародна за да го стори тоа.Згора на тоа цените ќе си продолжат да скокаат и понатаму и пак ќе си се вратиш на старото - ќе немаш пари повторно да ги плаќаш сметките точно навреме.
 
A

AnFem

Гостин
Ајде малку пожустро! Ако веќе имате потреба од власт, барем не дозволувајте да ве ебе во здрав мозок.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ах, луѓе, луѓе.Ова требаше да се случи во 2006 год.А тогаш кога протестираа против продажбата на ЕСМ протестираа партиски војници, но не и оние кои најмногу требаа да протестираат - граѓаните.Самите си ја ставивме јамката а дистрибутивната електрична мрежа е во приватна сопственост и нормално дека ќе си бараат повисоки цени дистрибутерите за услугата што ја доставуваат.
Имате моја поддршка, али јас не ќе можам да дојдам зошто сум до 21:00 часот на работа тој ден.Ако се организира друг ден овој протест повторно (што и верувам дека ќе има повторно протести) сигурно е тоа дека ќе дојдам.
Веќе со струјава навистина почнаа да функционираат по „дери коза“ начинот на функционирање, ама ние сме си виновни за тоа и Македонецот како и најобично реагира тогаш кога е веќе предоцна.
Но, ако има повторно протест, организиран во некој дел од денот кој што е слободен за мене, ќе дојдам сигурно.
Не е тачно ова,баш памтам како вчера дека имаше и протести и од граѓани и тоа во Скопје секојдневно беше закочен сообраќајот. ама за џабе,ништо не се постигна.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не е тачно ова,баш памтам како вчера дека имаше и протести и од граѓани и тоа во Скопје секојдневно беше закочен сообраќајот.
Беше закочен сообраќајот ама колку луѓе беа присутни на протестите?Каде беше таа маса на луѓе која требаше да се собере?Никаде, двајца без тројца блокирале само една раскрсница спроти Мекдоналдс и неколку партиски собири пред зградата на тогашно ЕСМ и толку беше.
Ти и со десет души можеш да блокираш улица, но тоа не е доволно за да се постигне посакуваниот ефект.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
17
A како ќе се случи народ, ако не се излезе на улица? Или треба по куќи и станови да идеме со стап да ги молиме да излезат затоа шо ќе треба да плаќаат нешо шо не користат?
Ако сега немаат причина да излезат и простестираат, тогаш не знам шо уше ќе треба да се деси за да се излезе на протест.
Тие шо се од други градови ако сакаат можат да се организираат да дојдат во Скопје, исто како шо се организираат за митинзи на своите политички окупатори.


Makedonke samo revolucija go kreva ovoj narod nisto drugo a za da moze toa da se napravi ne treba da e podelen megju politickite eliti, ali za zal ne e taka.
So podelen narod polesno e da se upravuva divide et impero ....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Беше закочен сообраќајот ама колку луѓе беа присутни на протестите.Каде беше таа маса на луѓе која требаше да се собере?Никаде, двајца без тројца блокирале само една раскрсница спроти Мекдоналдс и неколку партиски собири пред зградата на тогашно ЕСМ и толку беше.
Ти и со десет души можеш да блокираш улица, но тоа не е доволно за да се постигне посакуваниот ефект.
Не беа баш двајца без тројца,далеку беше од масовност,али беа поприлично масовни у наводници за македонски услови..и протестите траеја месец дена колку памтам..секако,како секогаш не беа доволно масовни,народот повеќе се нервираше што со кола неможеше да се движи низ град,одошто ЕСМ се продаваше,типичен наш синдром..и си отиде јабана ЕСМ..а исто и сега ќе биде,без излив на револт низ секој град ништо не се прави.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не беа баш двајца без тројца,далеку беше од масовност,али беа поприлично масовни у наводници за македонски услови..и протестите траеја месец дена колку памтам..секако,како секогаш не беа доволно масовни,народот повеќе се нервираше што со кола неможеше да се движи низ град,одошто ЕСМ се продаваше,типичен наш синдром..и си отиде јабана ЕСМ..а исто и сега ќе биде,без излив на револт низ секој град ништо не се прави.
Добро јас не негирам дека немало тогаш протести ама сакав да кажам дека тогаш требаше да се излезе што е можно повеќе помасивно за да се постигнат некакви ефекти.
Ај да не ја труеме темата... :)
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Целосна поддршка за протестот, да живеев во Скопје и јас ќе учестував. Но сепак сум скептичен дека овој протест ќе вроди со плод, бидејќи мал број на граѓани ќе учевствуваат, благодарение на партиската поделеност во нашава земја. Ниеден член на ВМРО нема да учевстува, протестите ќе бидет окарактеризирани како политички (СДСМ е организатор), односно ќе бидат претставени во негативно светло од страна на медиумите. Тие како дел од оваа земја од оваа наша Македонија, треба да се на наша страна, но за жал знаеме како стојат работите во земјава. На крајот македончето трпи....
Не значи дека сите луѓе кои гласале за ВМРО, кои се нивни симпатизери или членови се автоматски и фанатици за партијата. Нити сум слепа, нити сум мутава па да не гледам што се случува во македонското секојдневие. Секако дека ќе одам на протест, од проста причина што веќе не ми е гајле кој за шо е крив - само ми е преку глава да ме д*пат у здрав мозок - кој и да е- во моментов.
А македончето трпи зашто на секоја ваква иницијатива и се дава политички контекст и на крај ќе завршиме расправајќи се за владеењето на едните VS владеењето на другите, наместо за струјата, парното или бензинот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom