Другар, со добар тренер(немора најдобриот), услови немора перфектни се остварува норма. Според ова што го збориш можам да закључам дека од спортови имаш спортувано само шах. Норма да оствариш во земји каде што спортот е на едно високо ниво е не толку тешка работа. Знаеш ли колку австралијанци, американци, французи, руси итн има што имаат остварено А норма али поради правилата за да може една земја да има само двајца свои претставници во една дисциплина седат дома, премногу. Остварувањето на норма во скоро идеални услови не е нешто спектакуларно, додека освојување на златен медал е итекаков Успех.
Условите а тука спаѓаат спортски комплекси,тренери(кои се стручно оспособени, и единствено работат како ТРЕНЕРИ а не како и професори во школите, тренери кои ќе одат барем еднаш месечно на семинари за усовршување на своите знаења), спортски лекари, финансиски надоместок за спортистите и ред други работи, се НАЈБИТНИТЕ работи за остварување на поголем спортски резултат. Талентот секако дека треба да постои но доколку ги нема горенаведениве работи талентот исто како и да не постоти бидејќи нема тој каде да се развива. Никој со талент не станал светски, олимписки првак. Шампион се станува само со работа и тотална посветеност на спортот.