Goran Bt
локал патриот
РАКОМЕТ: УТРЕ ВО ДАНСКА ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖОТ ЗА СП 2011 (ЖЕНИ)
Гино не ги сака Романките и Црногорките
Македонија ќе има тешка задача бидејќи во шеширот за можни противници се искусни и квалитетни селекции, како што се Црна Гора, Шпанија, Хрватска, Франција, Украина, Холандија...и затоа ќе ни треба и среќа
Женската репрезентација на Македонија успешно ги мина квалификациите за пласман во баражот за претстојното СП што ќе се одржи идната година во Бразил, откако во Драма ги демолира селекциите на Швајцарија, Азербејџан и домаќинот Грција. Извојувавме лесни победи, но сега нашите девојки и селекторот Гино Стрезовски се пред нов, но многу потежок испит. Утре во данскиот град Хернинг ќе биде извлечена ждрепката за баражот, што се игра во јуни идната година. Списокот на репрезентации, како можни противници е атрактивен и се работи за квалитетни селекции, учеснички во завршницата на ЕП во Данска и Норвешка, кое финишира утре .
Македонија не успеа да оди на ЕП, но затоа сака на СП. По натпреварите во втората фаза во групите, веќе се познати и можните противници на Македонија во ждрепката за баражот. Од А-групата тоа се Црна Гора, Шпанија и Хрватска, а од Б-групата Франција, Холандија и Украина. Според пропозициите на ЕХФ, првите три репрезентациите одат директно на СП во Бразил, додека четвртата од овие полуфиналисти оди во баражот, а директно на Мундијалот се пласира и Русија, како актуелен светски првак.
Селекторот Гино Стрезовски вака размислува за утрешната ждрепка во Данска:
- Сите се квалитетни и силни селекции, штом избориле учество на Европскиот шампионат во Данска и Норвешка. Сепак, не би ги посакувал на мегдан Романија и Црна Гора. Романките имаа добро претставување на ЕП, Црногорките се вистински хит иако првпат учествуваат на вакво големо натпреварување. Со сите други репрезентации можеме да се носиме, дури и да ги поминеме. Сепак, Холандија, која е наш стар должник, од квалификациите за ЕП 2010, која не елиминира со нерешен резултат во Скопје, би ја посакале како најдобра опција, рече пред ждрепката селекторот
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=02476173D78F6C4C8ADAD65FCB2451D4
Да се надеваме дека ќе ни падни холандија и се разбира да ни останат сите ракометарки односно сите да се јават на повикот и да нема откажување :smir: