- Член од
- 9 август 2012
- Мислења
- 18
- Поени од реакции
- 13
Незнам дали темата е на правилно место,но ако не е,администраторите слободно нека ја преместат во друг оддел.
Како и секоја година,и оваа година во Берово се организира етно фестивал на народните ора,песни,храна,рачните изработки.Сето тоа почнува на 26 Август во што е вклучено и саем наречен Малешевијата на дланка,кој како и секоја година почнувајќи од 2007 зазема пред се медиумско присуство.
Има многубројни гости,највеќе странци се разбира,пред се од Холандија и Велика Британија.Саемот зазема централно место,за на крај да се кулминира со курбан на црквата
св.Богородица(1.5 км од градот) каде се собираат сите луѓе.
Ланската година имаше посетеност од преку 11.000 луѓе што ја надминува дури и бројноста на градот по жители и од искуство можам да ви кажам дека кој дојде нема да се покае.Јас сум роден овде и цел живот сум во Берово.
Освен саемот,има и бина на која настапуваат исто така и од македонската естрада.Оваа година се очекува да настапува Кирил Џајковски(но сеуште неофицијално) како и од српската естрада од која се очекува да настапува великанот на народната музика Лепа Лукич(секако,за стариот народ исто така мора забава) како и позната ЧА ЧА ЧА танчерка од Бразил а исто така и мноогу културно уметнички друштва од целиот свет.
Цените за смештај ги малце креваат за време на празниците,но над 500 денари од лежај нема,најскапото е 500 денари,најефтино е 300 денари додека во хотелите е поскапо секако.
Кој се накани да посети,нема да погреши.Поздрав