Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Aко се фју, фактички пола тим сме купиле ова лето.. :D
 
Ама зашто од средина да купуваме кога Флеч почнал со тренинг? Пуни сме таму, мислете и на Петручи и Лингард, Таниклиф.
 
На 31 август или цел фан клуб ќе е на антидепресиви или сите ќе 'лепиме плочки' низ дома. Мене ми стои дека ќе се трча по аптеки.
 
Добро е шо 31 не е во недела па затворени аптеките. :D

:D
Ваква изјава на Гил баш на денот кога се пуштаат акциите, а цената е малку пониска од планираната... :rolleyes:
 
Јас мислам дека Бејнс 100 % доага,а и РВП,но ме загрижува Арсенал,дали ќе го дадат на своите ривали.Значи Гил рекол дека неколку засливуања се блиску значи повеќе од две.јас мислам дека тоа се Бејнс,РВП и некој од (Мутињо,Иско,и овој од Селтик Вањама)
А од овие 3ца највеќе го преферирам Иско.Може и овој од Селтик ако не Иско.:)
Да не се залетуваме премногу сепак повеќе од 2 засилувања ми е тешко за верување, сепак да оставиме до 31 да видиме што се ке се случи. Ако купиме 3ца најмалку двајца би требало да си заминат од тимот и тоа веројатно Бербатов ке биде првиот.
 
E aј кои можат да бидат тие фју? Како се напалија некои Мутињо Иски Миски бла бла.. Знаеме веќе дека од Бејнс нема ништо а тешко дека ќе има, ќе беше веќе потпишан но штом стивна така се тоа е. РвП само и тоа ако го дадат Арсенал. Тоа е што е :)
 
Настрана изјавиве, гледате што се случува кога ќе купиш фудбалер и ќе му понудиш плата без резон? Клик. Затоа уште еднаш да не видам некој да реплицирал во стилот на:

- Што се циганчи Фергусон нека му даде на играчот уште 10,000 неделна плата и ќе прифати;
- Де бе, за 3 милиона за агентот е проблемот што не даваат? Ситно :confused:;
и ова последново што ми е омилено
- Не ги даваме парите од наш џеб, што сте се засекирале?

И комшиите наши не ги даваат од нивни џеб, ама баш да видам како ќе ги продадат (а мораат да продадат за да купат нови) Санта Круз, Џеко, Џонсон, Адебајор, Де Јонг, Коларов, Коло и останатата багра кога земаат плати до небеса и ретко кој друг клуб освен ПСЖ или Реал би сакал да му ја понуди истата плата а камоли да му ја покачи.

Ги земам комшииве само како пример затоа што еве ги првите проблеми кај нив, да не настанат и кај нас (чисто сумњам ама ај). Затоа треба да се мисли малце кога се договара плата и трансфер цена со некого, а не дај му колку сака па после ако сакаш да го продадеш, како ние Бербатов со полиција да бараш купци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom