Луѓе што не чуваат домашни миленичиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
M

Moon Child

Гостин
Што мислите за луѓето кои никогаш не чувале домашно милениче? Јас често наидувам на зајадливи коментари, претежно од моите соседи за тоа колку го сакам и пазам мојот мачор. На пример, наредниот ден откако ми избега и го најдов, ме виде една соседка, и онака зајадливо, полно со цинизам демек како можам да се замарам толку со едно маче, ми се обрати "Го најдовте Фигаро:D?" и се насмеа како да сум јас ненормална што толку многу се нервирав и плачев кога го немаше. Истиот ден додека очајно го барав, несакам ни да замислам што се си помислувале за мене, а налетав и на коментар, "Ај што се секираш, маче е земи си друго"o_O
Како бе, така? Јас не го чувам од ете така, колку да се рече дека имам маче па ај сега друго ќе си земам:eek:
Зошто некои луѓе неможат да ја сфатат љубовта и поврзаноста која што може да ја имаш со домашниот миленик? Несакам да се водам по стереотипи и да генерализирам, ама се повеќе почнувам да мислам дека луѓето што не чуваат домашни миленичиња и никогаш не чувале, се оперирани од чувства. Или е простотилук во прашање. Друго нема.

Наидувате ли вие на такви коментари, и како реагирате ?
 
Јас дома чувам еден мачор и една мачорка и 3 мали мачиња околу 4 месеци стари :) комшијата секогаш ми вика како е можно толку да се замараш со мачкишта :cautious: дури ме направи луд тоа што сум и викал на мачињата ајде на папање когаи носам јадење :pos: Незнам ама многу ме гледаа чудно комшијата причина дали он не осетил љубов кон некое животиче и да посвети свое внимание незнам ама ептен некако мене ми се чудни тие луѓе кои не чуваат домашно милениче :) А искрено не се замарам со таквите луѓе што ќе кажат а и како ќе ме гледаат :)
 
Ретки се тие што никогаш не чувале домашно милемиче.
Јас под поимот домашно милениче подразбирам не само маче и куче туку и други видови животни и растенија.
На пример познавам една жена која одгледува кактуси. Еднаш таа миу рече дека наводно кактусите чувствувале дали некој ги сака. Ако го сакаш кактусот тој наводно убаво растел и се развивал.
 
Што мислите за луѓето кои никогаш не чувале домашно милениче?

Јас мислам дека луѓето кои не чуваат домашни миленичиња, или кој не дај Боже никогаш не чувале, се бесчуствителни говеда кои треба да се истребат од лицето на Земјата.

Оние пак кои чуваат (како Хитлер на пример, кои секогаш имал куче) се морално супериорни, и се вистински луѓе.

Лесно може да се заклучи дека имањето домашно милениче е лакмусовата хартија за степенот на моралност на еден човек...

:cautious:
 
Што мислите за луѓето кои никогаш не чувале домашно милениче? Јас често наидувам на зајадливи коментари, претежно од моите соседи за тоа колку го сакам и пазам мојот мачор. На пример, наредниот ден откако ми избега и го најдов, ме виде една соседка, и онака зајадливо, полно со цинизам демек како можам да се замарам толку со едно маче, ми се обрати "Го најдовте Фигаро:D?" и се насмеа како да сум јас ненормална што толку многу се нервирав и плачев кога го немаше. Истиот ден додека очајно го барав, несакам ни да замислам што се си помислувале за мене, а налетав и на коментар, "Ај што се секираш, маче е земи си друго"o_O
Како бе, така? Јас не го чувам од ете така, колку да се рече дека имам маче па ај сега друго ќе си земам:eek:
Зошто некои луѓе неможат да ја сфатат љубовта и поврзаноста која што може да ја имаш со домашниот миленик? Несакам да се водам по стереотипи и да генерализирам, ама се повеќе почнувам да мислам дека луѓето што не чуваат домашни миленичиња и никогаш не чувале, се оперирани од чувства. Или е простотилук во прашање. Друго нема.

Наидувате ли вие на такви коментари, и како реагирате ?
Да чуваш куче да те разберам, ама мачор (n)
 
Навистина не ги сфаќам луѓево кои не можат да одвојат време и простор во својот дом за еден член на семејството со кого сите ќе се забавуваат. Мене ми е преубаво на сабајле коа станам и го видам кучето до врата, мавта со опашката. Значи ако никој друг не ме чека сигурен сум дека тоа ќе биде пред вратата и нестрпливо ќе се фрли врз мене, да ме собори
 
Чувањето животно ти ја развива одговорноста, сочувствителноста и тн. Во животов имам чувано куче, мачки, папагал и хрчак :-) Сите си имаат свои убави карактеристики, во моментов не чувам ништо ама наскоро ќе имам пак куче.
 
Да се пријавам во групава "фрикови" кои чуваат и сакаат домашни миленичиња.:icon_lol:
И мене повеќето луѓе ми се чудат и се трудат да ме донесат на памет, кога ќе ги спомнам кучињата. Као... Аман уште ги чуваш? Како бре во стан со нив живееш? Во кревет со тебе спијат??? Ги гушкаш??? Колку трошиш за нив??? Абре тргни ги некаде не се занесувај! Остави ги некаде на улица и среди се! Разбирам да ги сакаш, ама да плачиш за нив??? Итн итн итн...:confused:
Не сакам да ги споредувам со луѓе, но јас навистина ги сакам повеќе од себе. Одамна ги чувам овие две што ги имам сега (5 години), а и пред тоа сум чувала. Имав добарман, имав еден куп мачки и тазеродени мачиња и ехеееее. Јас по улица ранам животни, не па овие дома да не ги гледам и сакам или да ги исфрлам некаде. Да не навлегувам во тоа како сум ги преживеала сите потешки моменти со труења, болести, операции итн. Исто ме болат како луѓе, иако пак ќе кажам - знам дека не треба да се споредуваат. Овие се далеку побеспомошни и позависни од мене, а јас никогаш нема да им наштетам или да ги оставам. Сонциња мои.:love:
Иначе мислам дека секој може да засака било какво животно, само доколку му се укаже прилика да го чува и да поминува време со него. Не треба никој на невидено да им суди на другите.:(
 
Oooo везилке да знаеш можам да кењам заа ваквиве луѓе до утре сабајле. Наводно, повеќето ме/не` гледаат чудно коа ќе им споменам дека чувам (добро де повеќе братучетка ми чува) 7 мачки и еден Вест териер. Тоа е една ствар ама за храната што им ја приготвува тетин ми со огромна љубов. Варени вратови, полуварени виршли.....
Но најзајадиви коментари слушнав коа ми отепаа еден пес пред многу години со пушка. Замисли - мислеле дека е волк. КАј бе усред лето, бо населба водно да имаш волк? А уште и после ни грижа на совест ми вика човекот - па земи си нов. Мамата....

Тие што немаат чувано животно поради тоа што не сакаат (не затоа што не можат), не сакаат ни луѓе. Егоцентрични се до даска, дури и своето родено дете се спремни да го шутнат на буниште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom