M
Moon Child
Гостин
Што мислите за луѓето кои никогаш не чувале домашно милениче? Јас често наидувам на зајадливи коментари, претежно од моите соседи за тоа колку го сакам и пазам мојот мачор. На пример, наредниот ден откако ми избега и го најдов, ме виде една соседка, и онака зајадливо, полно со цинизам демек како можам да се замарам толку со едно маче, ми се обрати "Го најдовте Фигаро?" и се насмеа како да сум јас ненормална што толку многу се нервирав и плачев кога го немаше. Истиот ден додека очајно го барав, несакам ни да замислам што се си помислувале за мене, а налетав и на коментар, "Ај што се секираш, маче е земи си друго"
Како бе, така? Јас не го чувам од ете така, колку да се рече дека имам маче па ај сега друго ќе си земам
Зошто некои луѓе неможат да ја сфатат љубовта и поврзаноста која што може да ја имаш со домашниот миленик? Несакам да се водам по стереотипи и да генерализирам, ама се повеќе почнувам да мислам дека луѓето што не чуваат домашни миленичиња и никогаш не чувале, се оперирани од чувства. Или е простотилук во прашање. Друго нема.
Наидувате ли вие на такви коментари, и како реагирате ?