Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Денеска во паркот „Жена-борец“ беше поставен споменикот на истакнатиот македонски револуционер Питу Гули.
Споменикот кој беше излеан во белградската леарница „Јеремиќ“, го прикажува војводата на коњ. Тој е поставен наспроти Собранието на Република Македонија, на само неколку метри од споменикот на Никола Карев.

pitu-guli-500.jpg









pitu_05_500.jpg



Уште еден споменик од плејадата на споменици поставени во жена Парк , како и на целиот простор од општина Центар. Ми се смачи од споменици , срамота е ова што се прави во Скопје!
 
Луѓе, ова веродостојно ли е?
Не знам дали е од Скопје 2014, ако не е бришете слободно.http://evesti.mk/2012/08/09/tose-proevski-se-ipravi-pred-skopjani/
tose-spomenik.jpg

Стварно не сум експерт, ама ова на мене ми личи на ужасно изведено дело. Па сигурно имаме некој поасален скулптор да му се сневиди, веќе кога се фрлаат пари за глупости..
 
Мислам дека веќе беше време по едно 4 години...

http://zanimlivosti.hostoi.com/?p=774

Склуптура на Тоше ќе го краси Мостот на Уметноста во Скопје.Денес, покрај кејот на Вардар ,на Мостот на уметноста никна склуптурата на нашата мега-ѕвезда Тоше Проески.Јави Сител Телевизија .Овие денови уште неколку статуетки ќе му се придружат на Тоше, од кои голем дел познати и истакнати уметници.


g_tose-statua.jpg

Во позата на скулптурата на Тоше нема некои егзибиции – едната рака ја чува кај срцето, а другата му е пуштена долу и во неа држи микрофон – вели академскиот скулптор Сретко Јовановски
 
Каде се сега тие што јадеа трици дека делото на Тоше не се почитува? За него највеќе се има напревно, што е вистина-вистина е.. А за гробот има и фамилија, кај се они?
 
Каде се сега тие што јадеа трици дека делото на Тоше не се почитува? За него највеќе се има напревно, што е вистина-вистина е.. А за гробот има и фамилија, кај се они?
Во споредба што он има направено за македонскиот народ, е ништо..он сепак има премногу помогнато и во училиштата, болниците и слично...
 
g_tose-statua.jpg

Во позата на скулптурата на Тоше нема некои егзибиции – едната рака ја чува кај срцето, а другата му е пуштена долу и во неа држи микрофон – вели академскиот скулптор Сретко Јовановски

Онака, не е истата скулптура или овој Сретко не знаел што прави...
 
Мислам дека најдобро ќе беше во десната рака да имаше микрофон, а левата да му беше на градите. Нешто во овој стил :

558255_361622960574900_1270934130_n.jpg
 
Каде се сега тие што јадеа трици дека делото на Тоше не се почитува? За него највеќе се има напревно, што е вистина-вистина е.. А за гробот има и фамилија, кај се они?

епа ај Пистолеро заслужил да му направат...:P

тоа за гробот беше ветено дека ќе дадат пари, не дадоја, џабе споменик кога требаше прво ветеното да го исполнат.

дали си го сакал или нејќел човекот, сеедно, факт е дека сеуште е еден од најголемите синоними за државава во поблискиот регион.
 
Каде се сега тие што јадеа трици дека делото на Тоше не се почитува? За него највеќе се има напревно, што е вистина-вистина е.. А за гробот има и фамилија, кај се они?
Јас јадев трици :) затоа што отиди во Крушево и види го гробот и околу него како е ... зарем една таква музичка ѕвезда заслужува да има таков гроб? o_O Секоја чест што го направија спомеников а и редно време беше... но далеку се од тоа дека го почитуваат неговото дело и лик ... :) Со една спомен куќа и еден споменик не можат да ме убедат дека го почитуваат неговото дело и лик. За разлика он од тоа колку што има донирано и ја има преставувано Македонија на убав начин ова е малце што го прави власта и министерството
 
епа ај Пистолеро заслужил да му направат...:P

тоа за гробот беше ветено дека ќе дадат пари, не дадоја, џабе споменик кога требаше прво ветеното да го исполнат.

дали си го сакал или нејќел човекот, сеедно, факт е дека сеуште е еден од најголемите синоними за државава во поблискиот регион.
Не само во поблискиот регион..и во целиот свет секаде има оставено по некоја трага..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom