Ајде да не попувам за невработеноста и за економија пошто тука има и некои кои се стручно потковани за таа тематика.
Ама секогаш има едно ама.
Дека ЦЦН откри топла вода дека процентот на невработенсота ни е околу 30% и тоа веќе со децении. Јака работа тоа секој го знае.
И сега што е борбата??
Ако си ги поврзам неколку случки од последните неколку месеци, онака колку и да се лажам себеси дека е случајно сето ова и колку и да се правам наивен сепак работата изгледа дека е далеку од наивна. Можеби и грешам ( набрзо ке дознаеме) ама се нешто ми се чини ни спремаат онака демократску пуч. За кои цели мислам и врапчињата знаат.
Да не навлегувам подлабоко во виша политика, ама работите некако се движат во насока во која сериозно ке наебиме.
Искрено една работа што мене ми оди на нерви е кога некој со сила ти наметнува влада. Од чист принцип ке гласам обратно.
Друга работа која мене ми пречи е дека некој со цел ум верува дека колку и да оваа гарнитура моментално не чини, опцијата која ни ја сервираат за следна е подобра. Па самата коалиција како е склепана има само една цел а таа нема врска со економија и невработеност.Како си го оправдуваат тоа економските екперти тука на форумот незнам, ама ете јас со моето скромно знаење неможам никако да ја оправдам или поддржам. Едноставно нешто смрди во извештајот на ЦНН и сличните на него извештаи, статистики изјави на експерти,а нема врска со економијата и невработеноста, во тоа сум сигурен.
Ама пак ке речам не сум економист, па сепак не ми е јасно со што се тешат правите економисти, дека следените што ни ги токмат ке решат нешто, ке биде подобро?? Тие ке решат нешто сигурно, ама економијата и невработенсота сигурно не.