Грчки план за инвазија на Македонија

O

Orion.

Гостин
Абе не тропајте глупости една недела обука,ке сме победеле у војната.. 1000 планинци не нападнаа па ке падневме на колена за малце не па грците да ни влезат. Ако дојде до тоа и ако другите креваат рамења најдобро ке ни биде да дигнеме раце во спротивно би изгинале сите ко глинени голуби. Со денешнава војска и скакулци да не нападнат нема да може да се одбраниме.
Не треси глупости...
--- надополнето: 8 август 2012 во 19:47 ---
Добро ми е познато, но сега да се најде некој како Хитлер на чело на САД или Русија, можеби и Кина и да се создадат такви околности како пред 45, мислиш нема истото да се случи па можеби и полошо!
Ова би било во директна спротивност со целта на постоењето на ООН:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.883
Поени од реакции
23.283
Додека вака размислуваме ќе има се согласувам.
За тоа дека нуклеарките спречија 3 светска можно е не викам не.

Сепак јас мислам и се надевам дека светов во наредниве 100 години ќе формира една светска влада и тоа ќе биде крај на војните.

Тоа дека имало војни е вистина ,но дека ќе има зависи од нас.
Дотогаш и Зефрам Кокран ке го направи првиот ворп мотор( 2063) и ке дојдат Вулканците, и тоа би било тоа. Доттогаш снајдвајте се кој како знае и можи:)
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Тежината на оваа Глупост не може да се мери,ако добро памтите САД ја поддржуваа хугославија дури и шерманчиња праќаа.

Но да разјасниме бАко грција планира напад без сомнение и да пробие во внатрешноста 40 километри нејзините сили ќе бидат ранливи на герилски трупи,камуфлирана ракетна артилеија и на крај краеви СО КОЈ УМ ќе одат против Југославија тогашна,имено НАТО е обврзан да ја брани членката но не заедно со неа да освојува,посебно во периодот од 1952(т.е трета)-1980,конкретно 52 и трета се кога СССР тестира нуклеарно оружје или поточно 1952 грција и турција стануваат НАТО членки за да на Крит НАТО има поморска база,инџирлик во турција и тогаш најважно ракетите Јупитер кои ја имаа го имаа на домет СССР или со други зборови САД ја употреби Турција како СССР куба,самиот страв од советскиот стратегиски арсеналукажува на фактот дека НАТО се ориентирал СТРОГО дефанзивно,па дури и првите сајдвиндери биле не за миг 71 или 21 туку за пресретнување ТУ 14-ки,за да биде уште поинтересно да не ви го спомнувам планот на НАТО за преку франција,западна германија и Англија(со авијација) да пуштаат топки(буквално) со експлозив наместо бомни со надеж да ја успорат бројно надмоќната советска армија,друг мошне важен фактор е членството на Бугарија во варшавскиот пакт,а уште поважно ако Грција се обидела да изврши агресија врз СР Македонија а со тоа и на СФРЈ најверојатно ќе го изгубеа и егејскиот дел т.е ЈНА ќе ги згмечеше(и турција ќе ја употребеше состојбата да Смири со СССР и да ќари куп острови и дел накај тасос) бидејќи Тито многу сакаше Југославија да има Излез на мЕгејот и на Јадранот,замислата на Тито за Моќна југославија беше и Егејска Македонија во Склоп на Југославија не за џабе поддржуваа сепаратисти,поточно колку македонците го сакаа Егејот исто толку и Тито и СФРЈ го сакаа а со цел сојузната држава да биде помоќна.

Нејсе бидна и Распадот на Југославија и погодете што-Милошевиќ му нуди на мицотакис токму таква поделба на Македонија каква што наводно Грција планирала,но Грција одби,секундарно поради бугарија а ПРИМАРНО ТУРЦИЈА или со други зборови во Југословенската разврска ќе се вклучеа АКТИВНО и две НАТО членки од кои едната ќе биде со србија(не заборавајте грци масакрираа во сребреница и Грчко знаме се вееше таму) додека пак Турција ќе биде против било каква поделба на Македонија што во пракса ќе значи првен индиректен а потоа директен судир помеѓу две НАТО членки=катастрофа.

Интересен би бил и Турскиот приод кон Бугарија т.е Турското Малцинство.

И трето и најважно Грција е единствена Држава на балканот на која најмногу и одговара НЕПРОМЕНЛИВОСТ на ГРАНИЦИТЕ а јасно ви е зошто е тоа така почнувајќи од географска положба,понатаму мајголем залак од етничка македонија(над 51%) па се до нивната распространетост до брегот на Турција каде со својот Ембраер(Авакс од аргентина ако не се лажам,штета што нема Тема за АВАКС а има многу да се сподели со останатите членови па и посетители,но таква тема во авијација подфорумот не најдов,ако грешам корегирајте ме па несебично ќе споделам некое инфо за АВАКС-ите) го имаат увид на цели 300-350км Турскиот воздушен простор.
Големи глупости трескаш. Никога не е имало грчки план за напад на Македониа после 1991г. Грциа винаги е имала наимногу воиска 1. против Турциа 2. против Бугариа, сега сичкото читаво им е кон Турција, малце кон албаниа и ништо сериозно против вас. Турциа е регионална сила, но на глинени крака, се пак когато решат великите сили ке ја скинат од сцената полако и фино. Аите остали овде - Бугариа, Србиа, Македониа, Босна и Црна Гора за квази-држави - без армии, без незаисна надворешна политика, без енергииска независност, слаб наталитет и бегане на младите. Соочете со реалността, види се наоколо нас добре.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не треси глупости...
--- надополнето: 8 август 2012 во 19:47 ---

Ова би било во директна спротивност со целта на постоењето на ООН:)
Братче сила бога не моли, и тогаш имало друштво на народи и некои воспоставени принципи па не се поштувале, и тогаш имало билатерален договор меѓу СССР и Германија за не напаѓање па не се поштувале, ти слепо веруваш во меѓународно право и работењето на ООН , но ако е некој моќен нешто да направи нема да се воздржува ради некои воспоставени меѓународни норми, повеќе пати и се потврдило тоа, инаку на правен сум и имам за ова дискутирано со неколку професори што се доста упатени во овој проблем и ми го имаат исто кажано, сила бога не моли!
 
Аман бе кумановац :)

Кога сега би се појавил некој како Хитлер, другите држави колективно ќе го срамнат со земја:)
 
B

Black Guard

Гостин
Големи глупости трескаш. Никога не е имало грчки план за напад на Македониа после 1991г..
Ти мене не ме разбра-јасно ми е дека немало грчки план за напад,зарем не читаш што напишав ајде повторно за да разбереш.

Тежината на оваа Глупост не може да се мери
А пак појасно од ова не може да биде

И трето и најважно Грција е единствена Држава на балканот на која најмногу и одговара НЕПРОМЕНЛИВОСТ на ГРАНИЦИТЕ
Значи погрешно ме разбра.

Никога не е имало грчки план за напад на Македониа после 1991г
Не грчки туку Големо Српски ајде потсети се на Грчката воена вежба филипос откако прогласивме независност мада е ирелевантна онашто е релевантно е планот на Милошевиќ да ја подели Макиедонија капираш ли???

Друго

Грциа винаги е имала наимногу воиска 1. против Турциа 2. против Бугариа, сега сичкото читаво им е кон Турција, малце кон албаниа и ништо сериозно против вас.
Мислам дека може да се рече дека копнената војска е повеќе против Бугарија т.е поголема закана за бугарија отколку Турција значи европскиот дел на Турција каде Грција нема што да бара како што и констатирав најмногу на Грција и одговара неменливост на Границите.

Понатаму согласно ОБСЕ договорот и НАТО правилата Грција и Турција редовно си вршат инспекција на вооружувањето и количината муниција а целта е заклучокот да биде дека е за дефанзивни цели-така и е,Исто така и наши делегации вршат инспекции на грчките леопарди и артилериски системи и повторно заклучокот е не се спремаат за никаква офанзива.

Турциа е регионална сила, но на глинени крака, се пак когато решат великите сили ке ја скинат од сцената полако и фино.
Зошто мислиш така т.е дека е на глинена крака,па турција и Грција ее есенцијални за Јужното Крило на НАТО толку важни што за време на студената војна константно имаше патроли од турција на југ па се до шведска на север.

Би можел да се сложам со тебе дека Турција,за разлика од грција чии соседи уопште не се закана(ниту албанија со илјадниците бункери-грешка е напад на таа држава,Ниту Македонија ниту Бугарија се РЕАЛНА закана за Грција,не мора да ја спомнувам нивната супериорност во однос на Албанските кинески авиони во распаѓање,,нашите Сухои кои не се активни и вашата катастрофална грешка знаеш и сам од Миг-23 и МИГ-25 за ќејфот на НАТО сега имате патроли со МИГ-21 а да не спомнувам дека МИГ-25 е брз може да носи дури и противбродски ракети,требаше да ги модифицирате и Скадовите да ги чувате,значи поентата ми е за Грција единствена закана и тоа не е сигурно кој ќе победи сеоак закана е САМО и САМО Турција што очигледно е предност за грците знаејќи дека од север заканата е смешна т.е барем ние АРМ развиваме дефанзивен концепт а и вие не сте многу различни додека Албанците уште не знаат што прават.

Е сега Ако ја видиме Турција,Ќе видиме дека за разлика од Грција,заканите по Турската национална безбедност се многу повеќе,поопасни па и асиметрични,како Прво Турција не може да се меша на кавказот,второ Иран и Сирија се сојузници и тоа доволно моќни посебно здружени(баш скоро беше шефот на Иранската безбедност да од име на ИРАН му изрази поддршка на асад и јасно Изјави дека ако има потреба Иран ќе реагира,а Сирија е полна со оружје што домашно,што мешано Иранско-Сириска технологија,па и Иран пред два месеца изврши огромна вежба на националната гарда и постави сили на границата со Сирија опремени со Противвоздушна заштита што укажува на едно нешто-Блиску има мобилни лансери на балистика.

Значи покрај Иран кој полека веќе прераснува во регионална сила(се надевам Дека НАТО ќе го среди со прифатливи загуби-Нејсе и софија ја има на домет,четирите Американски Бази,поморската исто,Турските Исто и иран јасно кажа дека ќе следува болна одмазда,СЕГА покрај овие две држави ги имаме Курдите кои можат многу лесно односно со поддршка од надвор да прават проблеми и оваа тактика им е позната на Иран и Сирија-Хезболах во Либан.

Значи ќе се согласиш со мене дека турција е во далеку понеповолна позиција за разлика од Грција,но е НАТО членка значи нема да ја бришат,поточно Германската и Турската Армија се први за реакција во случај на судир од поширок размер.

знае ли некој колку е буџетот на РМ за одбрана. Однесено кон бројот жители, сигурно е најмалиот во регионот. Зашто?
Ај да не ги барам графиконите низ фолдериве може да испадне случајно некоја песна или микс па да се дефокусирам а ќе ти одговорам-зошто да не??

Буџетот ни беше најнизок негде 1996-7 година(па и до 1999) од некои 5-6 милијарди денари или во проценти

1996 2.96
1997 2.24
1998 2.21
1999 1.80
2000 1.95
2001 6.58
2002 2.80
2003 2.44
2004 2.45
2005 2.12
2006 1.92
2007 1.99
2008 1.76
2009 1.70
2010
1.52

Како што можеш да забележиш 2001 е најголем во историјата очигледно е-тогаш беше војната,причината што сепак буџетот до 2005 година беше на ниво(гледаш 2.80%,па2.45% е фактот што тогашната влада и претседател ги вршеа НАТО реформите во пракса,е сега на прашањето зошто е толку низок а имаме голем буџет(војниците немаат обувки соодветна храна,резервни делови многумина тврдат дека бил прилично опаднат моралот кај војниците што е јасно-ЗНАЧИ додека војската добива БЕДНИ 110 милиони долари полицијата добива НАД 220 милиони(некои велат и до 300 со набавките на специјална опрема нешто од САД нешто од Израел воглавно за Следење и прислушување но фактот што има многу припадници во МВР и администрација укажува дека многу од средствата(минимум 65% ако не и повеќе) се трошат само за плати.(Имај предвид дека во пресметката на воениот буџет не се земени непотребните трошоци како уништување старо оружје и Сл,но Добро не извади Американската донација од НАД 100 милиони9 Долари и тоа од 2001 до 2006 кога беше најинтензивна,Турската исто така,Германските БТР како и успешните Хермелини на мерцедес(само мАРМ и Германската армија поседуваат хермелин...ако не го пуштиле за извоз али е маестрално оклопно возило,посебно мобилно).

Значи моментално трошат пари на новите униформи и други малоумни идеи ноИма ветување дека сегашниот буџет и тој од 2013 повторно ќе бидат над 2 %(тоа е НАТО услов) и се планира набавка на нови Оклопни возила(БМП-4 или Пандур-второво има опција топ од 105мм и Израелска противоклопна Спајк ракета со голем дострел) понатаму тереснски возила,најверојатно помодерни средства за комуникација кои нема да можат да бидат следени и во план е оформување на воздушен центар,набавка на неколку Радари и Против Авионски Системи за мали височини(до 5-6 км).

Другата замисла па дури и обврска која ја договоривме со стратешките партнери е и АРМ да има војник од иднината,значи лесно панцирно одело,модуларен нишански систем како термален т.е ноќен визир така и оптички дневен,понатаму ,посебни ком системи за војниците за полесна координација,Дигитален компас,ГПС,ласерски обележувач на мети кој може да користи за корекција на артилериска стрелба и ласерски наведувани ракети.

И престанете со тие детски муабети за 5 дена ќе не згазат уствари нема ни да стасат-урни мостови а на границата со грција(како НАТО држава) противтенковски мини и пасивна има колку сакаш,очигледно ќе одиме на герила и не заборавајте дека веќе 9 години сме во меѓународни мисии и од скоро 3000 војници при ротациите дури над 1700 добија низа признанија и медали меѓу кои беа и неколку кои за првпат армијата на САД ги доделува на војници од друга држава.

Ама ете ја плативме цената за жал со 4 млади животи и уште една жртва на терористичкиот акт.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Budzetot e 4 milioni nisto
Само? :eek::eek::eek:
--- надополнето: 9 август 2012 во 00:54 ---
Големи глупости трескаш. Никога не е имало грчки план за напад на Македониа после 1991г. Грциа винаги е имала наимногу воиска 1. против Турциа 2. против Бугариа, сега сичкото читаво им е кон Турција, малце кон албаниа и ништо сериозно против вас. Турциа е регионална сила, но на глинени крака, се пак когато решат великите сили ке ја скинат од сцената полако и фино. Аите остали овде - Бугариа, Србиа, Македониа, Босна и Црна Гора за квази-држави - без армии, без незаисна надворешна политика, без енергииска независност, слаб наталитет и бегане на младите. Соочете со реалността, види се наоколо нас добре.
Тотално си во грешка.
Средбата тербаше да е во Солун мегу Мицотакис, Милошевич и Желев. Желев одби и призна РМ и започна бргу лобирне за признаване от Турциja и Русиja.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Не треси глупости...
--- надополнето: 8 август 2012 во 19:47 ---
Зашто реплицираш мислења кога не си ги прочитал сите постови? Тоа што си го болдирал беше сарказам,можеш да видиш у лексикон што значи ако не знаеш пред да пишеш таков одговор на цитат.

глупчо
--- надополнето: 9 август 2012 во 01:03 ---
Само? :eek::eek::eek:
--- надополнето: 9 август 2012 во 00:54 ---

.
Слободно игнорирај го постот од овој ’’експертов’’ , он како експерт е убеден дека Виетнам е победник у војната со Америка.
инаку буџетот е повеќе од 100 милиони евра год.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
НАТО знае за грчкиот план за напад на Македонија

08.08.2012

Грција подготвува планови за инвазија врз Македонија и нив ги презентира во НАТО, вадејќи се на територијалните претензии што ние наводно ги имаме кон нашиот јужен сосед, што е несфатливо и во воена и во политичка смисла

Деталните планови на грчката стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање територија во длабочина од најмалку 40 километри од заедничката граница кон внатрешноста на нашата држава, би им биле познати на нашите безбедносни институции само доколку Македонија би била членка на НАТО. Оваа констатација за редакцијата ја објаснува висок безбедносен извор на државата, откако „Нова Македонија“ објави дел од плановите на грчката армија за инвазија врз Република Македонија што се правени од времето на Студената војна, вклучувајќи ја и идејата за грчка „тампон-зона“ во 2001 година, која е дел од лустрациското досие на битолчанецот Николче Бабовски, но официјална Атина ги злоупотребува до денешен ден, вадејќи се на безбедносни прашања.

Алиби-формулација

- За нас е исклучително важно да се позанимаваме со причините зошто токму на официјалните документи што се составен дел од оваа грчка стратегија за тампон- зоната, кои инаку се во сопственост на тамошното Министерството за одбрана, има формулација што го вели следното: „За грчката држава од приоритетно значење е да се одржуваат добрите билатерални односи со поранешната југословенска република Македонија. Додека овие односи се продлабочуваат, истовремено (Грција) би требало активно да работи и да ги направи сите можни напори и чекори со кои ќе се елиминираат безбедносните прашања поврзани со територијалните претензии на Скопје врз нашата земја“ - ја цитира грчката формулација за односите кон Република Македонија разузнавачот.
Со други зборови, Грција подготвува планови за инвазија врз Македонија и нив ги презентира во НАТО, вадејќи се на територијалните претензии што ние наводно ги имаме кон нашиот јужен сосед, што е несфатливо и во воена и во политичка смисла.

Името е „воен проблем“

Токму оваа прецизна формулација на стратегијата ѝ дава комплетен легитимитет на грчката држава да презентира безбедносни документи од овој калибар на претставниците на земји-членки на НАТО.
Тоа значи, објаснува добро упатениот соговорник, дека ваквата формулација овозможува легално и во согласност со меѓународните правни норми на ОН и на НАТО, Грција да подготви официјална воена доктрина за „одбрана“ од Македонија во случај на дестабилизација на нашата земја.
Според тврдењата на соговорникот, наметнатиот проблем со името на нашата држава, од ова што е приложено, може да се протолкува дека не е дипломатски ниту политички, туку е комплетно воен проблем.
Формулацијата, дециден е соговорникот, дозволува целосно правно, без притоа да се крене голема прашина во меѓународната јавност, грчката армија во кој било период слободно да се прераспореди кон нашата граница и да се подготви за агресија, без притоа тоа да биде негативно протолкувано од големите сили.
- Доколку ние не бевме блокирани во Букурешт да се приклучиме на НАТО, македонската армија денес ќе имаше увид во документацијата на бордот на директори на системите за собирање и експлоатација на разузнавачки податоци „БИЦЕС“ и ќе можевме да реагираме дипломатски, ако ништо друго, на сѐ што официјално ни подготвувала Атина во последните педесетина години - резимира изворот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8812846196&id=9&prilog=0&setIzdanie=22650
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
* точно,подарените 2-300 тенкови Т - 55 од страна на Бугарија во грчките медиуми беа оценети како голема закана по нивната територијална безбедноство гејција се сееше страв дека ќе ги нападнеме некое време.........evil fyromians :facepalm:
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Не грчки туку Големо Српски ајде потсети се на Грчката воена вежба филипос откако прогласивме независност мада е ирелевантна онашто е релевантно е планот на Милошевиќ да ја подели Макиедонија капираш ли???

Вежбата е вежба, воина се прави со долго подготовка и многуууу работи. Ништо е вежбата, ама ништо.

Друго

Мислам дека може да се рече дека копнената војска е повеќе против Бугарија т.е поголема закана за бугарија отколку Турција значи европскиот дел на Турција каде Грција нема што да бара како што и констатирав најмногу на Грција и одговара неменливост на Границите.

Грешка. До 1996-97 мислам, Грциа имаше 1,2,3 и 4 Армии. Наи мокната 4 А - на границата со Турциа (Марица), после срешту Бугариа, па натаму СРју. Сега имат 4ак, то си е она позната 4А пак против Турциа (има мислам око 40 000 човека само този ак). Против нас ништо, ама ништо, исто и ми.

Понатаму согласно ОБСЕ договорот и НАТО правилата Грција и Турција редовно си вршат инспекција на вооружувањето и количината муниција а целта е заклучокот да биде дека е за дефанзивни цели-така и е,Исто така и наши делегации вршат инспекции на грчките леопарди и артилериски системи и повторно заклучокот е не се спремаат за никаква офанзива.

Па аиде, ако не беше Жельо и Луджев (велики предавници на Бугариа) и досега ке си ги имахме ракетите сс-23 скриени, тоа договор и мижи да те лажем.

Зошто мислиш така т.е дека е на глинена крака,па турција и Грција ее есенцијални за Јужното Крило на НАТО толку важни што за време на студената војна константно имаше патроли од турција на југ па се до шведска на север.

Би можел да се сложам со тебе дека Турција,за разлика од грција чии соседи уопште не се закана(ниту албанија со илјадниците бункери-грешка е напад на таа држава,Ниту Македонија ниту Бугарија се РЕАЛНА закана за Грција,не мора да ја спомнувам нивната супериорност во однос на Албанските кинески авиони во распаѓање,,нашите Сухои кои не се активни и вашата катастрофална грешка знаеш и сам од Миг-23 и МИГ-25 за ќејфот на НАТО сега имате патроли со МИГ-21 а да не спомнувам дека МИГ-25 е брз може да носи дури и противбродски ракети,требаше да ги модифицирате и Скадовите да ги чувате,значи поентата ми е за Грција единствена закана и тоа не е сигурно кој ќе победи сеоак закана е САМО и САМО Турција што очигледно е предност за грците знаејќи дека од север заканата е смешна т.е барем ние АРМ развиваме дефанзивен концепт а и вие не сте многу различни додека Албанците уште не знаат што прават.

Да во право си 1991 бугарските ВВС според НАТО са наи-добри на Балкан, факт, па види што е било 100 Миг-21 (бис,мф и др.), 80 МиГ 23 (МЛ, МЛД и др.), 40 Миг 23 БН (ударен), 36 Су-25, 22 Су-22, 22 Миг-29 и 3 Миг-25. И сите во полетна исправност. Не броим С-75,С-125, С-200, С-300, како и Круг, Куб, Оса и Стрела-10. Но кога си загубил рат, даже и да е студени, немаш право на мокна армиа.

Е сега Ако ја видиме Турција,Ќе видиме дека за разлика од Грција,заканите по Турската национална безбедност се многу повеќе,поопасни па и асиметрични,како Прво Турција не може да се меша на кавказот,второ Иран и Сирија се сојузници и тоа доволно моќни посебно здружени(баш скоро беше шефот на Иранската безбедност да од име на ИРАН му изрази поддршка на асад и јасно Изјави дека ако има потреба Иран ќе реагира,а Сирија е полна со оружје што домашно,што мешано Иранско-Сириска технологија,па и Иран пред два месеца изврши огромна вежба на националната гарда и постави сили на границата со Сирија опремени со Противвоздушна заштита што укажува на едно нешто-Блиску има мобилни лансери на балистика.

Значи покрај Иран кој полека веќе прераснува во регионална сила(се надевам Дека НАТО ќе го среди со прифатливи загуби-Нејсе и софија ја има на домет,четирите Американски Бази,поморската исто,Турските Исто и иран јасно кажа дека ќе следува болна одмазда,СЕГА покрај овие две држави ги имаме Курдите кои можат многу лесно односно со поддршка од надвор да прават проблеми и оваа тактика им е позната на Иран и Сирија-Хезболах во Либан.

Значи ќе се согласиш со мене дека турција е во далеку понеповолна позиција за разлика од Грција,но е НАТО членка значи нема да ја бришат,поточно Германската и Турската Армија се први за реакција во случај на судир од поширок размер.

Турциа има 70% износ за ЕУ и добива дебели пари, кога немците и франсета решат да им еба... мамета тоа дето викат турците да се окренат према арапскиот пазар е пунта мара. Кои пазар, на Ирак, Сириа, Иран? А мислиш дека ако Русиа реши да подупре серизоно турски Курдистан нема 20 млн курди да фрлат државата во хаос. Турциа е сила и балканските држави се сообразоват со неа. Ама Европланите си праат плановете без Турциа во ЕУ и то е истината, со која требе да се соочиме. Зошто Турциа ке сака нешто за возврат зарад непвлегуването во ЕУ.

И престанете со тие детски муабети за 5 дена ќе не згазат уствари нема ни да стасат-урни мостови а на границата со грција(како НАТО држава) противтенковски мини и пасивна има колку сакаш,очигледно ќе одиме на герила и не заборавајте дека веќе 9 години сме во меѓународни мисии и од скоро 3000 војници при ротациите дури над 1700 добија низа признанија и медали меѓу кои беа и неколку кои за првпат армијата на САД ги доделува на војници од друга држава.

Тука согласен целосно. Ако беше лесно зошто например во Ирак око 5 000 човека (толку според ЦИА са били реалните герилци) држаха 200 000 контингент само странци. Зошто не повеке от 3000-3500 реални партизани во Курдистан држат 25 години 150 000 човека - армија, жандарма и селски стражари.
Ама питането е зошто да се тепат луге нарочито за РМ - па има едан важен пат Србиа и Грциа во државата и друго нема. За жалост или за добро.
--- надополнето: 9 август 2012 во 07:59 ---
Само? :eek::eek::eek:
--- надополнето: 9 август 2012 во 00:54 ---

Тотално си во грешка.
Средбата тербаше да е во Солун мегу Мицотакис, Милошевич и Желев. Желев одби и призна РМ и започна бргу лобирне за признаване от Турциja и Русиja.
Веруваш на таа приказна, државата која немала, нема и нема да има независна надворешна политика им казала шо да прааат Русиа и Турциа. Зошто ни Русиа ни Турциа до сега нису рекли "по инсистиране на Бугариа признахме Македониа". Не е толку лошо, Жельо е национален предател, не зарад Македониа, он нема менатална могучност да припрема таа фината со Русиа и Турциа. Одлуките са чисто нивни и во склпо со грчкиот и руски интереси. Средбата во Солун трбваше да е со представници на Грциа, Србиа, Румуниа и Бугариа. Ама немало средба, значи осталото е миситфакција, Бугариа не е била присутна, значи нико нема да разбере за што е била.
 
Мислам,дека треба да провериш какво значане има глагола лобирам.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Мислам,дека треба да провериш какво значане има глагола лобирам.
Готово, проверих. Излезе дека Бугариа никога не е имала вистинско лоби во Русиа и Турциа, ниту сега има. Значи приказната за великата улога на човека-жаба-предавник е пунта-мара. Просто и јасно.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Готово, проверих. Излезе дека Бугариа никога не е имала вистинско лоби во Русиа и Турциа, ниту сега има. Значи приказната за великата улога на човека-жаба-предавник е пунта-мара. Просто и јасно.
Да,да ... двамата реформатори,кои "симнаха" КПСС и БКП никога не са имали заеднички интереси и почитуване или односите со Демирел. :icon_lol:
Ако сакаш да си обективен,ке ставиш рака на срце и ке си признаеш,дека не не е пунта-мара, а улогата беше признаена и признаха и во Скопje, па и одликувана.Дали е требало, дали не... тоа друго прашане во кое не навлегувам. Приказната е от jaсна поjaсна.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Грчки план за инвазија на Македонија

07.08.2012
Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање македонска земја во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница во внатрешноста на државата, тврдат двајца добро информирани извори од безбедносните кругови

Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање територија во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница кон нашата држава! Оваа информација за „Нова Македонија“ ја тврдат двајца добро информирани соговорници, едниот пензионирано воено лице од врвот на АРМ, а вториот експерт по безбедносни прашања, кои побараа да останат анонимни. Ваквото сценарио за воена инвазија на Македонија досега трипати било во можност да се примени, а последен пат било за време на воената криза во 2001-та, за што дознаваме и од документите од досието на Николче Бабовски од Битола, кои ги објави Комисијата за верификација на фактите, а за кои пишувавме во „Нова Македонија“.
Во суштина, станува збор за разработен воен план, кој своите корени ги влече од педесеттите години на минатиот век, за време на Студената војна. Имено, објаснува еден од нашите соговорници, оваа воена доктрина е развиена од НАТО, а нејзината примарна односно првична намена не била уништувањето на Македонија, туку заштита на земјите-сојузнички од можна агресија на Варшавскиот комунистички блок предводен од СССР.
- Имено, иако Југославија во тоа време се декларира како воено неутрална земја и не била таргетирана како директна закана од Алијансата, сепак НАТО неа ја перцепира како можен непријател. Според тогашните пресметки, на воените аналитичари главните битки помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, ако некогаш се почнела светска војна, би се одвивале генерално во Западна Германија, објаснува соговорникот.

Злоупотребена доктрина за НАТО

Токму поради ова, вели изворот, на помош на западните држави требало да им пристигнат војските на најистурените НАТО-земји, односно Грција и Турција. Тие токму преку Македонија и преку Вардарската долина требало да ја минат нашата држава и странично или, пак, од зад грб да ги нападнат армиите на комунистичкиот блок држави.
- Со текот на времето, оваа оригинална доктрина на НАТО добива целосно различен концепт и е злоупотребена. Тоа е така, бидејќи овие воени податоци дополнително се разработени од грчката страна и профилирани во нивни цели насочени против Македонија - објаснува соговорникот.
Во 1992 година, сегашниот премиер на Грција, Андонис Самарас, во јавноста претставува грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот е наречен „Самарасова клешта“ и тој имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок на Македонија, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сѐ уште присутната ЈНА на почвата на Македонија, која била под директна силна команда на Белград. Доколку се разгори граѓанска војна, силите на Грција би им дошле „на помош на нивните српски пријатели“.
- За среќа, објаснува соговорникот, најверојатно под притисок на Запад, оваа доктрина никогаш не била применета и била исечена во самиот корен, најверојатно веднаш по неофицијалните средби на Милошевиќ и Мицотакис - објаснува познавачот на проблематиката.
Дека овие сомневања за воената интервенција се издржани се потврдува со изјавите на првиот грчки највисок дипломат во Македонија, Александрос Маљас. Тој годинава во интервју за еден дневен македонски весник објасни дека ваквиот план реално постоел и бил активиран последен пат во 2001-та година.
За време на кризата во Македонија, според Маљас, наводно бугарската држава имала намера да изврши заедничка воена интервенција со Грција користејќи го нивниот план за дејствување. Оваа здружена акција би имала за цел да ја стабилизира безбедносната ситуација во Македонија. Грчкиот дипломат во интервјуто објаснува дека Атина најверојатно поради големиот ризик од инволвирање во македонскиот конфликт го одбива барањето на Софија.

Инвазијата би се одвивала во неколку фази

Воената инвазија, барем теоретски, би се одигрувала во неколку фази, а планот имал за цел да се освојат четириесетина километри од македонската земја, која потоа би била тампон-зона, откаде во иднина би дејствувале грчките сили доколку би било потребно во соработка со српската или, пак, со бугарската страна.
- Најпрво, грчките сили би требало да бидат составени од еден корпус и две дивизии и да имаат помеѓу 30 и 40 илјади војници. Грчката армија за време на инвазијата најверојатно би се поделила на неколку правци на дејствување - елаборира добро упатениот експерт.
Тој верува оти прво оружје што би се употребило би била авијацијата на нашиот сосед, која е доволно бројна за во неколку напади да може да се уништат нашите разузнавачки и извидувачки армиски центри и аеродромот близу Скопје. Потоа грчката армија во втората фаза на нападот би се обидела копнено да воспостави линија на контрола што би се движела паралелно со нашите езера. Симултано со овие акции би се координирале и напади копнено да се заземе Штип и да се излезе на Брегалница.
Тенковите и пешадијата би имале главна улога во ова борбено дејствување, објаснува експертот, во евентуалните битки од гевгелиската рамнина до клисурата кај Демир Капија.
- Таму е многу тешко да се мине, со тешка механизација и оклопни средства, но кога ќе се стори тоа, патот е отворен до Велешко. Паралелно со овие напади, планот предвидува втора акција на напредување на грчката војска, која откога ќе стигне до Радовиш, преку Штип би излегла на Свети Николе. Токму оттаму оваа непријателската војска со оние сили што би биле стационирани во Велешко многу лесно здружено би се доближила до скопската долина - дециден е соговорникот.
Анонимниот експерт раскажува дека доколку во овој грчки план во зависност од моменталните политички потреби би се вклучиле и армиите на Бугарија и на Србија, нивните војски не би имале повеќе од по две дивизии или вкупно приближно 20 илјади војници.
- Бугарската војска би ги зазела Струмица и Делчево, а Србите за главни цели на нивните напади би ги имале Куманово и Скопје. Така што, со релативно голема надбројност, барем теоретски, доколку овие земји би нѐ нападнале со грчкиот план македонскиот отпор би се скршил за само неколку дена.

Военото сценарио од 2001-та во досието на Бабовски
Во досието на Николче Бабовски, лидер на партија на Власите од Битола, кое е обработено од Комисијата за верификација на фактите и кое јавно е достапно на Интернет може да се забележи дека во редот на објавени документи се пронаоѓаат информации за грчката идеја за тампон-зона во Македонија од времето на конфликтот во 2001 година.
Во документите што се насловени под кодното име „Ветеринар“ има пикантерии од тоа дека грчкиот конзул во Битола бил во врска со секретарката до информации важни за безбедноста на државата.
- „Ветеринар“ по наше инсистирање ја отвори темата што беше исклучително значајна. Станува збор за негова средба во ГКВ-Скопје во пролетта 2001 година, придружуван од ОО...... (името е избришано), а во присуство на високи претставници од ГКВ-Скопје, вклучувајќи го и политичкиот директор од МНР на Грција. Во кратки црти, грчките државјани спрема двата лидери на елино-влашките популации во Битола зазеле став за сестрана поддршка доколку воените дејства ескалирале и на југ, децидно ја промовирале сега познатата идеја за тампон-зона, и искажале голема загриженост, но и подготвеност за акција поради заштита на грчкиот капитал во Македонија.
Во документот означен со бројот 19 стои дека грчката држава сметала на поддршка од Власите во форма на митинзи, јавни осуди и слично.
Натаму, се истакнуваат информации дека самиот Бабовски остварувал успешна соработка на неколку полиња со Заедницата на Србите во Битола, што дополнително се вклопува во комплетното грчко сценарио за воена инвазија на Македонија.
Самиот Бабовски, во деведесеттите години на минатиот век редовно контактирал и со извесно лице што било бизнисмен и сопственик на месна индустрија од Јанина, Грција. Бизнисменот од грчка страна бил по потекло Влав и голем финансиер на влашката партија во Македонија, а самиот активно учествувал во сегрчкото влашко здружение.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8712858555&id=9&prilog=0&setIzdanie=22649
Хмммм не е можно луѓе ... не оти сум го читал некогаш ова ама во мозокот ми се причинува како да сум го читал или како да сум го слушнал некогаш ова порано, мислам ... го знаете тоа чуство,... кога нешто ви се случува и во истиот момент си помислувате дека сте се сретнале со тоа нешто претходно... - како и да е, реално овој план на грчиштата го знаев само дека со србите планирале некаква интервенција во Македонија во 1991/1992 и 2001 и ништо повеќе од ова, али сеgа ова што го прочиtав како да сум го знаеl од напред, :) ... претпоставував дека прво што ќе направат е ќе пробаат да пробијат преку Гевгелија оти реално гледано преку Ресен и Битола тешко ќе пробијат оти ќе имаат повеќе загуби во жива и материјална сила башка и кога ќе ја минат Битола ќе наидат на Јакупица планина одма и тоа ќе им биде крај на офанзивата...тешко дека ќе ги минат планините, оти Пелагонија од горниот и од страничните делови е оградена со планини, плус имаме повеќе војска сконцентрирано таму а и повеќе народ има Битола па така и повеќе резерва има, преку Кожув неможат никако да поминат оти е планински венец,и единствена можност е Гевгелија ... каде што тешко дека може да се сопрат оти слабо населено место е а и далеку е првата касарна од Гевгелија (Гевгелија нема касарна) па така да, додека да стигнат нашите од Струмичката касарна или Велешката, овие веќе ќе бидат пред Демир Капија каде и би требало да има нешто поголем отпор ...:) ... а инаку со сегашната ситуација на АРМ, тешко дека можеме да дадеме силен отпор оти со 7 500 војници незнам каде попрво ќе браниме , дали да се борат со грците на југ дали да ја вардат Шара од можен упад на балистичките сепаратисти и заеземање на Тетово ... резервата полека остаре (оти неаме служење војска веќе 7-8 години,па од тука и мажите од 27 години па до 18 се без воено искуство) така да во овој случај ќе ни биде нужна а и добредојдена било каква воена помош од страна дали ќе биде тоа турско, израелско или руско оружје, без тоа нема да издржиме многу, нашава војска моментално е припремена за герилска војна, немаме тенкови што значи дека неможеме да одиме во ослободување на териториите што ќе ни ги заземат, тенкот е столбот на армијата има големо значење и што е најбитно му е нај силен чувар на на грбот на војникот (нормално ако се знае добро да се оптребува ) неаме ловци што значи дека во возух ќе неможеме да им се спротивставиме и од тука грчиштата ќе ни ги изрокаат сите оклопни возила што ќе пробаме да ги употребиме пред се ни пешадијата наша нема да може да води било какви дејствија од воздушните напади ... и што е како е ете ти ги за некој ден пред Скопје... така да КОЛКУ СИ УЛОЖУВАМЕ ВО ВОЈСКАТА ТОЛКУ ТАА ЌЕ НЕ БРАНИИИИ !!! :(
P.S - Нас во моментот ни е нужно појачување на војската мислам не дека на денешен ден некој ќе не нападне, но сепак неможеме никогаш да бидеме на чисто со терористите на учк и гркоманската војска,... не се знае што ни готват ... армија имаме само колку да се рече дека имаме а не се вложува во неа, со 200 000 000 евра на година само платите на војниците се покриваат, требаше нели 200 оклопни возила Патриа да добие армијата, па ни Патрија ни патарица старечка видоа војниците...​
 
Kajgana Shop

На врв Bottom