Да, ама тие пари не ги даваат на жими мајка... Прво КБ не работи со ситни играчи, а со оглед на тоа што во моментов човекот нема фирма, не е ни ситен играч. Второ, ако добро те разбрав, странец е, што уште повеќе ја отежнува ситуацијата, може да ја збриши во секој момент, а банкариве да останат со прстот во уста. Трето, секое барање подлежи на историска и идна финансиска/бизнис ризик анализа. Да беше постоен клиент од КБ се полабави, ама за 2.000.000 евра сигурно нема да прават некоја лабава анализа, т.е. ќе пуштат некој што се разбира. Со оглед на тоа што станува збор за нов бизнис, нема да има историски податоци, т.е. анализата ќе ја прават врз основа на бизнис план, проекции, или во превод на ветер во магла, што уште повеќе ги намалува шансите за финансирање. И доколку го одобрат кредитот од КБ мислам дека треба да помине и кај ЕИБ, значи уште една потешкотија. Исто така е доста битно обезбедувањето, кредитни истории, слични ствари... Шансите се 0,00000001%, со самото тоа што се работи за странец шансите се никакви. Со колку сопствен капитал сака да настапи странецот во фирмата, ако не е тајна. Исто така доколку му се одобрат 2.000.000 евра, од старт ќе треба на КБ да им искешира 30.000 евра провизија.