Зошто така ме навредуваш ? Зарем нема секој право сам да одлучува што ќе прави со себе ? Вежбав , секакви диети правев, а се повеќе си имам мака . Премногу се замарам, имам вртоглавици и што да правам ? Да испробувам се и сешто да си правам експерименти и на крај во болница да завршам ? Не е убаво вака да се однесуваш , даваш лошо мислење само за себе . Еве актуелна е Олимпијадава во Лондон. Што мислиш дека туку така му препишувале диети на спортистите што постигнуваат светски рекорди ? Основна појдовна точка се испитувањата па потоа светски познати нутриционисти и лекари според нивните можности им препишуваат начин на исхрана и кои вежби би требало да ги прават . Мене ми личи дека ти имаш теретана и само сакаш да се рекламираш. И тоа не ти е лоша идеја но јас веќе не сакам да се препуштам на случајноста. Ни протеини ни бутур не ме спасуваат. Дефинитивноо ќе си направам ДНК тест фитнес за да видам што се случува со мојот организам , па потоа ќе превземам чекори со исхрана и правилно вежбање. Е дури тогаш , и ако ми се извиниш, ќе дојдам во твојата теретана и ќе правам само вежби кои тие ќе ми ги препорачаат . Па да видам дали тогаш ќе имам резултат.
--- надополнето: 7 август 2012 во 14:12 ---
Неам теретана дечко. Не ни сум претплатен у теретана. На 40 степена идам надвор на кеј се дружам со шипките и давам снага и пот.
А вртоглавици имаш од шо не вежбаш. Почни полека и полека појачувај. Само ко шо реков (или барем мислев пошо глеам ти не ме сфати).
Немаш мотивација.
Не вежбаш доволно.
Не се храниш правилно.
Сите го барате лесниот пат кон успехот. Епа нема.
И коа ќе глеам некој шо пробува да ги извитка природните закони за да си ја оправда не мотивираноста, многу лесно и без тронка грижа можам и го лабелирам како мрза.
Иначе олимпијада ми мешаш. Дечко тие на олимпијада 20 години се активни у спортот. И не праат ДНК анализи (барем не за тоа ти шо бараш) праат анализа на крв и општо цел организам, ДНК-то ВРСКА си нема со ова тебе шо ти треба. Нивните ДНК анализи се само за утврдување(потврдување) на полот на натреварувачот.
Не постои “ДЕБЕЛ ГЕН“. А и да “постои“ не е толку напредна технологијата да го открие.
А и да зееме како факт и да го откријат....шо после? Да не го излечат? Генетски да те сменат? Не. Ќе си речеш “ех, ете зашо не сум слабеел“ и ќе си го оправдаш пивскиот стомак?
Со тоа шо бркате глупави алтернативни решенија ги навредуваш ТИ сите тука шо се мачат да вежбаат и да го прават она шо стварно треба. Така да размисли кој кого вреѓа.
--- надополнето: 7 август 2012 во 14:35 ---
Само нешто да ви кажам , џабе си ја мачите душата со исхранава и распоредиве, јас зборев денес со доктори, и ми кажава ако сакаш да имаш такво тело како билдерите треба да имаш многу пари и сите да ги трошиш на хемија (протеини, амино киселини, курци палци), затоа што без тоа само ке си ја мачиш душата и многу малку ке се развиеш. Бев кај 3-ца познати доктори и сите истото ми го кажава!
Као прво преќини да го користиш терминот “хемија“ за протеин, амино и 'курци палци' па ќе се развиеш малце и умствено.
Или, алтернативно решение, ако не протеин и амино итн ти се хемии, немој следниот пат коа ќе ти настине газот да пиеш парацетамол, или витамин ц, или коа ќе те боли глаа да се напиеш аналгин. Хемија е се тоа. Алтернативна медицина FTW!
--- надополнето: 7 август 2012 во 15:56 ---
Го начекав ова на најнгег прееска и таман се уклопи.