Ни јас ни партнерот не сме романтични.
Добро, тој малку е.
Му ставам до знаење дека го сакам, зошто низ се добро и лошо во животот го држам за рака и му кажувам и докажувам дека сум со него, без оглед на се, дека и кога греши пак го сакам, дека му верувам и ја има целата слобода на овој свет, дека што и да направи, јас нема да се откажам од него.
Не му пишувам СМС, не палам свеќи, не цртам картички... не ме бидува за тоа.
--- надополнето: Oct 14, 2011 2:25 PM ---
Вчера мојот драг дечко од нигде никаде ми донесе дома појадок. Можеби ќе си речете не е тоа ништо посебно. Посебното е во тоа што сме кратко заедно и што не знаеше точно кај живеам
а тој со директорот негов динг-донг „имаме пакет за госпоѓицата“
и тоа со моите омилени јадења!
Јас така кафе му носам, во ретките денови кога е слободен од работа
Одлично изненадување од страна на дечкото! Браво!
--- надополнето: Oct 14, 2011 2:27 PM ---
Ако може да ми даде некој некаква идеја само ми треба хитно ако може сега ... Сакам да направам нешто романтично да ја изненадам женската ... Малце е комплицирана работава пошто утре планираме да прекинеме на еден период ама сепак сакам да направам нешто што ќе го памти ...
А да и кажеш искрено дека ја сакаш, дека не сакаш да бидеш без неа, и дека со разделувањето нема ништо да решите?
Кај мене тоа би упалило....