Свештеникот кој му ја бакна раката на Путин е Македонец

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Локација
Скопје, Обединета Македонија
Отецот Методиј кој му ја бакна раката на рускиот претседател Владимир Путин е Македонец, пренесува РИА Новости.

putin-500.jpg

Според пишувањето на руските медиуми, свештеникот го сторил тоа во знак на благодарност од македонскиот народ. Сепак, како што може да се види и на видеото, ваквиот потег на отецот го стави Путин во непристојна ситуација, поради што ја повлече раката. Овој настан привлече многу коментари на интернет.
По овој чин кој се случил за време на посета на манастирот во Валаам, отец Методиј објаснил дека бакнежот на раката е карактеристика на источното православие.

-Јас му ја бакнав раката на претседателот на Русија во знак на благодарност на малиот народ за големиот руски народ, одговорил отец Методиј за РИА Новости.

Михаил Шишков од манастирот вели дека за свештеникот ова било многу важна постапка и имало длабока смисла. Гестот на игуменот не е невообичаен за источното православие. Бакнувањето на рака означува смирение, при што не е правило само верниците да им бакнуваат рака на свештените лица, пренесуваат руските медиуми.

А путин се исплаши хаха
 
Ајдее де големо чудо ако му ја бацил раката :D не е неговата рака златна па да е некое чудо :D е сега човекот што не муе пријатно да му ја бацуваат раката то е др :свиркам:
 
Ајдее де големо чудо ако му ја бацил раката :D не е неговата рака златна па да е некое чудо :D е сега човекот што не муе пријатно да му ја бацуваат раката то е др :свиркам:
Јас мислам дека попрво е исплашен да не му наштети некој одколку што му беше непријатно раката да му ја бацува. Медведев сто посто секој ден му ја бацува раката :-)
 
Јас мислам дека попрво е исплашен да не му наштети некој одколку што му беше непријатно раката да му ја бацува. Медведев сто посто секој ден му ја бацува раката :)

Коментаров ме покака од смеење.

онтопик:
нормално е дека трениран шпион ќе се плаши од секако неочекуван физички допир.
не дека му е гад.
 
Чудо големо!...... Ајде надвор со зурлите и тапаните.....попо го баци на путин раката
 
(y)

"Он македонец, он приехал в Россију из Македонии и решил посвјатить себја служенију Богу. ја лично подошел к отцу Мефодију и спросил - вот в СМИ обсуждаетсја вопрос, почему вы поцеловали руку президента России. Он ответил - "ја поцеловал руку президента России в знак признанија маленьким народом великого русского народа", - рассказал Шишков РИА Новости.

--- надополнето: 7 август 2012 во 17:02 ---
"Отец Мефодиј имел в виду народ Македонии", - појаснил собеседник агентства.

Этот человек - македонец по национальности, длја него это было значимо, он вложил в это дејствие глубокиј смысл.

БРАВО
 
јас во повеќе наврати,во разни теми за минатото,
наместо да кажам за која година се работи,го употребив називот-
-„ Кога поповите одеа пешки“
И стварно беше така тоа време пред земјотресот,ПОПОВИТЕ одеа пешки, и не само тоа,ние деца (скопски копиљи) каде и да видевме поп му бакнувавме рака,па и да од преку улица сме оделе кон него.Е сега од каде тоа „почитување“доаѓа-можеби од нашите мајки кој го правеа истото ако сретнеа поп по улица или низ чаршијата.
А чаршијата тое време беше наша.Зборам за местоположба на Скопје,од плоштадот т.с. црквата Св.Константин и Елена во влашко маало и црквата Св. Димитрија во Еврејско маало,па се до црквата над чаршијата Св. Спас,е тука поповите одеа пешки. Меѓу народот.
А денес ги нема по улица и во чаршијата,која и не е наша.
Па и да сакаш да му бакнеш рака тоа треба да биде или во црква на некој празник или на помен на гробишта,каде и треба да имаш нешто во раката,за да попот го прифати бакнувањето.Е нема без пари н и ш т о .
И овој да не мислел дека Путин има нешто во раката.
--- надополнето: 7 август 2012 во 17:38 ---

Ова само Македонец може да го направи нема кој друг....
Какво гзолижење човече! :facepalm: :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom