Браво за темава....
Овие „трендови“ не се воопшто нови...
Уште вашите (моите) татковци и дедовци голтале тешки ср**а уште од времето на такозвани вестерн филмови, во кои Џон Вејн и каубојците ги праат партали индијанските племиња (кои btw меѓу себе не војувале) и во него е претставен како полубог....пропагандата е измислена многу пред ТВ и сите други електронски медиуми, со таа разлика што во денешно време, не се оди на суптилно подметнување, туку да на простачко-насилнички начин на ментално труење...
Јас самиот се обидувам да не си ги равнам мозочните виуги со тоа што воопшто ги немам програмирано (Сител, Канал 5, Наша и други слични тралалајки од телевизии) и во букмарк неам добар дел од сајтовиве што ги цитирате погоре(mnogooo, точки исл.).....и не викам дека тоа е „Решението“ - на прв поглед кога не некој „нормален“ Македонец ќе му го кажам ова во старт сум чуден, незаинтересиран и СДС (нормално......wtf???)
Реално, а1-тв прва почна со драматично спуштање на стандардите и да беа живи и нив ќе ги тргнев од тв....знаеа да убацат, па и „Космос“ на Саган, ама во конкуренција со Латасот и они го допреа дното, а сител веќе длабоко копа во него и којзнае до каде ќе стигне во продавањето идиотизам....
.....ignorance is bliss викаат енглезите - си викам „нек си е** мајката народов кога е глуп“, бар ја да не си го тупам паметот и да ги губам нервите....
Од друга страна, сите овие бљувотини се главниот (ако не и единствениот) извор на информации на голем процент од луѓето во државава. Што е па и потрагично и тие што сурфаат (а постара генерација воопшто не го прави тоа), си го трошат времето на СЕНЗАЦИИ, ЕКСКЛУЗИВИ и слични малоумни активности....па и не е чудо кого избира народот да му биде власт, кој да им биде идол, како да размислува, како да се носи и во што да верува....главната идеја е мозокот да ти биде паркиран на страна и некој друг да ти го каже изборот и решението во животот за било што...
Не ми е идејата да продавам памет или некаква продуховеност, туку само се прашувам кога ќе почне овој народ по-критички, по-аналитички и подлабоко да размислува и да расудува...