Скопски легенди

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Скандал во Скопје - гол маж на плажа
Во Скопје, многу рано, уште пред војната, во 1932 година, бил формиран клуб на нудисти. Тоа само зборува за отворениот и позитивен дух на луѓето, кои за тоа време многу смело, па дури и револуционерно се залагале за враќање кон природата и за ослободување на телото од традиционалните стеги на моралот.

Градот го фаќал чекорот со Европа, каде што приближно во тоа време се формирале такви клубови. Лулка на нудизмот е Германија, каде што за прв пат се капеле нудисти во 1893 година, во Есен. Потоа нудизмот се проширил во Франција и во Англија. Но треба да се знае дека идејата за формирање такви асоцијации била особено поттикната од одржувањето на првите модерни Олимписки игри во Атина. Тогаш повторно заживеал грчкиот култ кон убавините на голото тело. Тој култ бил присутен и кај Римјаните, но и на Истокот, кај Индијците, кои ја имале познатата школа на гимнософи или голи филозофи. Тие ја поврзувале голотијата со една поширока и подлабока духовна пракса. Италијанскиот писател Чавезе со право рекол: "Човекот е единственото суштество кое работи за да се облече! Зошто се срамиме од својата голотија?" Претседателка на скопското друштво на нудисти била познатата дама, секогаш активна и инвентивна, госпоѓа Шана Виќентиевиќ. Дивите плажи на Вардар биле идеално место за нудистите, иако, се разбира, тие ги избирале најскришните и најосамени места, далеку од очите на јавноста. Тоа го правеле и на тајните места на реката Треска. А најчесто се упатувале со пајтони кон Катланово. Таму, на реката Пчиња, бил нивниот нудистички рај. По угледот на Шана, во тој клуб на нудисти учествувале личности од познати скопски семејства.
Но во триесеттите години, во Скопје се случил еден скандал, кој индиректно бил врзан со нудистите, а за кои зборувал целиот град. Поточно, скандалот се случил на плажата во Ханриево, денешно Ѓорче Петров. Плажата во Ѓорче се наоѓала во близина на Арифбеговиот јаз и оттаму, низводно, започнувале другите познати плажи. Местото било многу посетено од капачи, доаѓале млади дами и момчиња со своите друштва, но и цели семејства со децата. Што, всушност, се случило на плажата? Еден млад човек, пред очите на сите присутни, се соблекол гол и во познатиот нудистички стил, се капел и се сончал како да е сосема сам! Присутните биле вџашени од глетката. Особено што младиот човек не бил едикојси, туку бил лекар по професија. Него го придружувал еден пријател, кој, исто така, учествувал во нудистичката сеанса. Двајцата, угол голи, се капеле во Вардар, а потоа се сончале на плажата, заедно со останатите изненадени капачи!
Ете како во Скопје, многу одамна, дури и пред другите во Европа, започнала сексуалната револуција. Борбата против патријархалниот морал и за слобода на голото тело. Младиот лекар-интелектуалец, веројатно, го смислил сето тоа за да искаже некој свој интимен револт. Можеби се замислувал во улогата на гол филозоф, но таа негова филозофија не поминала така лесно. Сето тоа се сметало за повреда на јавниот морал, започнале озборувањата, а ниту печатот не можел едноставно да помине преку тој скандал. Се појавиле написи во кои се велело дека капењето и сончањето во костимот на Адам, сепак, се премногу: "Покрај сите непријатности што илјадници капачи на Вардар ги имаат секојдневно, се јави уште една нова непријатност за нив, една нова напаст во Ханриево, каде што секојдневно се капат голем број дами. Напаста се јави во личноста на еден млад лекар и неговиот пријател. Тие, без оглед на присуството на дамите и на децата, се капат и се сончаат во костимот на Адам. Критичарите на овој гест нашле допирни точки со нудизмот: "Ние знаеме дека во светот има поддржувачи на голотијата, на т.н. нудисти, но го знаеме и тоа дека сите тие имаат свои клубови со оградени терени, каде што се капат и се сончаат, не вознемирувајќи ги противниците на оваа идејаа. Загриженоста одела дотаму што се поставувало прашањето за тоа кој гарантира дека нема да се повтори сето ова. Во написите понатаму се вели: "Знаеме дека треба да се чекори со времето, но не треба да се претерува во тоа. Што може да помине во Париз или во некоја друга европска метропола, не може во Скопје. А во ваква грда форма не може да помине дури ни тамуу.
Но ете, во Скопје, сето тоа, сепак, поминало. Колкава голема била димензијата на скандалот, може да се види ако се направи ваква споредба со денешната состојба. Ако денес, во 21 век, скандал предизвикува голотијата претставена во камена пластика изложена јавно, што да се каже тогаш за живата голотија видена во тоа далечно време? Првиот монокини костим за капење, со разголени женски гради, за прв пат се појавил во Мичиген, во шеесеттите години. И тој предизвикал скандал. Моделот бил приведен од полицијата. Затоа, случајот со голиот маж на плажа, можеби благодарение на смелоста на младиот лекар, го вбројува Скопје во предреволуционерните градови во однос на револуциите што се случија подоцна. Оние што ги засегаа токму разголувањето, сексот и моралот.
Aко не е соодветен насловот на темава променете ја .. или пак ако не е во ред темава во канта :гомце:
--- надополнето: 5 август 2012 во 17:52 ---
1E3D0C815A799C41B2C3611D4A748330.jpg
A6CE69E6E896AF44B49A935CBA7AE7EF.jpg
C545CD6BBB2B744C8096CACC162BE7B4.jpg
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Anco тема како за тебе скалена.. :) Пуцај!
пукам ! ама во што,веќе 50 години како не сум бил на овие плажи.
Сум слушал за ова нудисти на Вардар,ама во тоа време и женско
колено да видиш беше веќе почетен успех кон се.....живот.Па за еден прв бакнеш тогаш се чекаше со месеци,што кондури ќе испокинеш
чекајќи под стреите и испраќајки ги девојките навечер за ЏАБЕ.
А за првиот мирис на љубовта,да фатиш под сукња,напишав во една тема како се викаше „ваши колумни“.
Ги помнам плажите на Вардар,еве втората слика,гледај која гужва, ме потсеќа на Улцињ,нема место до реката.Тоа некаде е пред кривината во паркот,тука како да се гледа и Руска плажа,кој ја направија по војната руските офицери,за нивните фамилии.
Што би дале да го имаме сега тој Вардар,Вардар во кој се ловеа ракови.Помнам една случка кога ние копиљаци,од сите Маала во Скопје,се стрчавме кон Вардар(не помнам дали беше пред или по земјотресот)да го видиме тоа чудо:паднал авион во Вардар,на сред река.На плажа.Беше близу Опатија мислам,нешто погоре.
Тогаш Скопје беше град.Наш.Се разбираше,ќе чуеш што се десило со Водњанци или Пајко Маалци (мислам на оние познати тепачки)
а денес што,нема ни добар ден ни добро утро комшија,нема ни Скопје.
Подоцна прочитав не бил авион била едрилица.Е колку секојдневно тогаш летаа на скопското небо,и секојдневно се спуштаа падобранци на стариот тревнат воен аеродром,од оние стари двокрилци.
Во тоа време и радија во домовите беа реткост,па новите вести се пуштаа со летки од овие авиони,е колку босоноги сме трчале од двете страни на Вардар,да фатиме што повеќе летки-плакати во разни бои а во сите исто напишано.Сега децата не трчаат по летки.
--------------
оној Данило Коцевски,пишува и за турско и за српско Скопје,но не затоа што знае повеќе од мене ,туку зашто има пристап до сите архиви и музеи и читални,а јас само од доживување и помнење.
--------------
Со почит. Скопски копиљ во ’60 години,Анчо.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
„Ривал“-цигари,на скопските улици и плажи
Летно време беше,сонце и спарина.Случката е од 1965-67 година.
Во тоа време,цигари на сите трафики се продаваше и на парче.Зошто.
Посебно младите нешто поголеми од нас копиљаците скопски,значи веќе средношколски,немаа стално при себе пари да купат цела кутија.Но и затоа што понекогаш знаева татковците или учителите да им ги протресат џеповите и ако им најдат цигари ќе има ќотек.Па поради тие причини купуваа на парче-на комад (по скопски),понекогаш и нас не праќаа,додека тие фрлаа фанта,а често кај ги услужувавме и трчавме за нив јадевме и по некоја чврга- рутинска работа,по обичај да се знае кој е газда во Маало,а и меѓу нив имаше секогаш водач.Се знаеше кој во кое маало е цар. Фраер де. Маалски фраер.
Цигари тогаш освен „црвената“- Југославија,ја имаше и познатата „Вардар“,во уште попозната опаковка-кавена картонска кутија која се отвараше како табакера.
Трафиките се сеќавам беа дрвени,предната страна полуокругли.
Во тоа време,тие денови се појави и пушти нов вид на цигари „Ривал“ мислам дека од скопскиот монопол беа.И кај им текнало,каква реклама ќе се прави на тие нови цигари,бидеиќи телевизија имаше РТБ а телевизори по еден два во мааало,па затоа решиле на ваков начин.
Од оние авионите со големи трупови и правоаголни крила под 90% во одност на трупот а некој и двокрилци,врлаа по цел град мали падобранци.Вистински мали свилени падобранци со јажиња-врвки и доле наместо мало човече,виси кутија од новите цигари „Ривал“.
Децата - копиљаците меѓу кој и јас први сватија во што е работата и трк по цело свое Маало,трчај да фатиш некој падобранец,море и си се занел во трчањето и си навлегол дури и во друго Маало.
Паѓаа падобранци насекаде на плоштадот,на камениот мост во реката Вардар,на плажите, на крововоте од куќите ,во дворовите ,во чаршијата.Но тие не паѓаат право удоле и не одат накај нашите испружени раце-ни бегаат,а и ако се доближат врз наша близина оние повисоките прво ги фаќаа,а и тие скокаа по неколку пати како под кош . Имаше и разни паѓања,гледаш се нагоре и не гледаш каде одиш.
Некој се качуваа и по високите дрва во паркот,покрај плажите каде се закачиле некој од падобранците.Имаше и такви што рипаа и во Вардар по некоја кутија.т.с.падобранец.
Моето трчање и лов ,беше во тогашното Еврејско Мааало каде и живеев.Паѓаа и таму падобранци и јас уловив еден.Во двор на една куќа која и сега постој со истата ограда и пркоси како спомен на единствена куќа од некогашното Еврејско Маало.Од десна страна пред мостот Гоце Делчев,под Калето.
Дали рекламата успеа незнам но цигарите од тој нов вид брзо ги снема од трафиките.
-------------------------
Кога ќе најдам „време“- се спремам да ви напишам за мојте сеќавања за Камениот мост,тогаш мостот имаше „шмек“-“душа“,таму јас пораснав,на него и под него и таму видов прв пат женски г’з. Е како.
Ќе разберете почекајте.На мостот имаше уште еден мал мост.И други работи кој ги нема сега,а кој јас убаво ги паметам.-------Анчо
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Anco Каде што е новиот мост кај железничка малце подоле од мтв гледам дека има едни како столбови дали тоа е? од некој поранешен мост? или?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Anco Каде што е новиот мост кај железничка малце подоле од мтв гледам дека има едни како столбови дали тоа е? од некој поранешен мост? или?
Тука на тоа место беше железничкиот стар мост.
ист онаков како Во Велес,Криволак и Стоби.
И јас ги гледам тие столбови,но ми изгледаат дрвени,а подоле има остатоци бетонски,тука беше тој мост.
А не железен мост,тој беше друг мост погоре.
Кај овој мост, беше познатата плажа „под мостот“на Маџирмалци.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
оној Данило Коцевски,пишува и за турско и за српско Скопје,но не затоа што знае повеќе од мене ,туку зашто има пристап до сите архиви и музеи и читални,а јас само од доживување и помнење.
Анчо, мене си ми симпатичен, али овде претеруеш малце. Данило Коцевски е стар скопјанец (постар и од тебе и од мене), писмен чоек е, боем, и има однос кон градов. Добро би било да има поише писмени хроничари као него. Не е само до пристапот до архивите. Ти си више у години, па треба да знаеш дека не иде да си го мериш со постар чоек, зашо он увек ќе има подугачка меморија од тебе (сем ако не го акне Алцхајмер, јебига). Пишуј и даље Анчо, те читам со голем кејф. Али не забраај дека мемории за Скопје има пуно, и сите се наши, заеднички, на сите стари скопјани.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Анчо, мене си ми симпатичен, али овде претеруеш малце. Данило Коцевски е стар скопјанец (постар и од тебе и од мене), писмен чоек е, боем, и има однос кон градов. Добро би било да има поише писмени хроничари као него. Не е само до пристапот до архивите. Ти си више у години, па треба да знаеш дека не иде да си го мериш со постар чоек, зашо он увек ќе има подугачка меморија од тебе (сем ако не го акне Алцхајмер, јебига). Пишуј и даље Анчо, те читам со голем кејф. Али не забраај дека мемории за Скопје има пуно, и сите се наши, заеднички, на сите стари скопјани.
читам уште еднаш,што сум јас напишал за него,море и пак,
и навистина, јас знам дека не можам да си го мерам со него,еве пример кој ме мене познава во градов-никој,ниту пак сум учен како него или прошетан или начитан што се вели,за друштво па ич.Но така се десило и така било пишано не успеват сите.И пишувањето не е моја професија.А нешто за машинство е тука не му се давам на ниеден дипломиран „мозок“-дудуци са (бар овие со кој сум работел 40 г).
Но друго ми беше муабетот,друго со тоа сакав да кажам.Од каде тој ќе напише нешто за некој си бег или султан од 16-18 век,ако не од некој си тефтери или архиви,да ги имам јас тие можности и јас би го истото напишал за тоа,како за оној бунар-вир во старата чаршија.
Јас пишувам само од моето опкружување во тоа време.А тоа беше Калето,Камениот мост,плоштадот,реката и чаршијата
Кога еве би пишувале за Камениот мост,јас што ќе напишам нема тој,но тој ќе напише и за Карпош иако не видел ништо како мене.Но знае.Читал.
А и јас со задоволство го читам. (кога ќе најдам,не купувам весници)
А ова со падобранците,тој ако не трчал по нив како ќе го напише сега,можеби од ова овде прочитано па во новото издание на „Вест“
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
читам уште еднаш,што сум јас напишал за него,море и пак,
и навистина, јас знам дека не можам да си го мерам со него,еве пример кој ме мене познава во градов-никој,ниту пак сум учен како него или прошетан или начитан што се вели,за друштво па ич.Но така се десило и така било пишано не успеват сите.И пишувањето не е моја професија.А нешто за машинство е тука не му се давам на ниеден дипломиран „мозок“-дудуци са (бар овие со кој сум работел 40 г).
Но друго ми беше муабетот,друго со тоа сакав да кажам.Од каде тој ќе напише нешто за некој си бег или султан од 16-18 век,ако не од некој си тефтери или архиви,да ги имам јас тие можности и јас би го истото напишал за тоа,како за оној бунар-вир во старата чаршија.
Јас пишувам само од моето опкружување во тоа време.А тоа беше Калето,Камениот мост,плоштадот,реката и чаршијата
Кога еве би пишувале за Камениот мост,јас што ќе напишам нема тој,но тој ќе напише и за Карпош иако не видел ништо како мене.Но знае.Читал.
А и јас со задоволство го читам. (кога ќе најдам,не купувам весници)
А ова со падобранците,тој ако не трчал по нив како ќе го напише сега,можеби од ова овде прочитано па во новото издание на „Вест“
Види бе Анчо, не се дружел он со аги и бегои, али не се само архиви бе брат. Не е Данило Коцевски паднат од Марс. Еве ти пример од моја фамилија. Прабабами беше стара скопјанка, родена у Чаир. Она ги памтеше Турците како бегале 1912 од Скопје, била мала али ни распрааше како било. После двата мужа у ратои и погинале, чудо мука видела. Нејзината ќерка, баба ми, беше стара скопјанка. Исто и татко ми, а еве сеа и ја и моиве деца. Пет генерации скопјани друже. Се збрала историја и мемории.

У мојава фамилија има бајаги причи за Скопје -- и од турско, и од српско, и од бугарско, и за ДФРЈ, ФРНЈ, ИБ, Голи Отоци, па СФРЈ. Ова не се причи од архиви брат -- од луѓе у фамилија ми се. Башка има фотографии, разгледници, документи, тапии, весници, а се нашол и понекој предмет сачуван и ВХС лента.

Првите сеќавања за Скопје ми се со чичко ми и тетка ми коа искачаа на корзо, нивните журки, првите Циндапи и Че Зе, кожните јакни моторџиски. Тоа беше ја коа бев копиљ и коа се криев позад врата да ги шпиунирам. Па онда музиката на „Бис-Без“ и „Безимени“, „Република 1903“. После дојдоа игранките по гимназии а ја коа почнав у гимназија, „Леб и Сол“ свиреа у „Јосип Броз“ (у гости) и „Георги Димитров“ (на нивен терен у Тафталиџе). На гимназијата „Јосип Броз“ имаше графит со мрсна фарба: „Секоја недела Леб и Сол“. Немаше билборди, па мораше народ да се снаваѓа.

Значи, архивските материјали на Данило не му се единствениот извор. Има чоекот скопски корени и сопствена и семејна историја и паметење. Као и ти и ја.

За муабетов, Анчо, ич не е битно кој шо школо има, и шо пари има напраено у живот. Ја не бирам друштво според новчаник. Да сум сеа у Скопје, сместа те викам на дугачка пијачка. А ако ти држи чембер, ќе ја тераме до сабајле, па финишираме со шкембе чорба, домаќински, као шо е ред. И фино си пишуеш бе, нишо не ти фали.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Види бе Анчо, не се дружел он со аги и бегои, али не се само архиви бе брат. Не е Данило Коцевски паднат од Марс. Еве ти пример од моја фамилија. Прабабами беше стара скопјанка, родена у Чаир. Она ги памтеше Турците како бегале 1912 од Скопје, била мала али ни распрааше како било. После двата мужа у ратои и погинале, чудо мука видела. Нејзината ќерка, баба ми, беше стара скопјанка. Исто и татко ми, а еве сеа и ја и моиве деца. Пет генерации скопјани друже. Се збрала историја и мемории.

У мојава фамилија има бајаги причи за Скопје -- и од турско, и од српско, и од бугарско, и за ДФРЈ, ФРНЈ, ИБ, Голи Отоци, па СФРЈ. Ова не се причи од архиви брат -- од луѓе у фамилија ми се. Башка има фотографии, разгледници, документи, тапии, весници, а се нашол и понекој предмет сачуван.

Првите сеќавања за Скопје ми се со чичко ми и тетка ми коа искачаа на корзо, нивните журки, првите Циндапи и Че Зе, кожните јакни моторџиски. Тоа беше ја коа бев копиљ и коа се криев позад врата да ги шпиунирам. Па онда музиката на „Бис-Без“ и „Безимени“, „Република 1903“. После дојдоа игранките по гимназии а ја коа почнав у гимназија, „Леб и Сол“ свиреа у „Јосип Броз“ (у гости) и „Георги Димитров“ (на нивен терен у Тафталиџе).

Значи, архивските материјали на Данило не му се единствениот извор. Има чоекот скопски корени и сопствена и семејна историја и паметење. Као и ти и ја.

За муабетов, Анчо, ич не е битно кој шо школо има, и шо пари има напраено у живот. Ја не бирам друштво според новчаник. Да сум сеа у Скопје, сместа те викам на дугачка пијачка. А ако ти држи чембер, ќе ја тераме до сабајле, па финишираме со шкембе чорба, домаќински, као шо е ред. И фино си пишуеш бе, нишо не ти фали.
Moj covek :D
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
На гимназијата „Јосип Броз“ имаше графит со мрсна фарба: „Секоја недела Леб и Сол“. Немаше билборди, па мораше народ да се снаваѓа.
леле, ова го памтам иако „тек“ 40 год имам. Леб и Сол беше напишано со шаблон она нивното лого


не ми беше јасно што значи ова.. каде секоја недела, шо секоја недела...? ние ЛиС ги гледавме у 25-ти (сега мкц)... фала на инфо, сега знам
болдов по скопски, здравје ;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
леле, ова го памтам иако „тек“ 40 год имам. Леб и Сол беше напишано со шаблон она нивното лого


не ми беше јасно што значи ова.. каде секоја недела, шо секоја недела...? ние ЛиС ги гледавме у 25-ти (сега мкц)... фала на инфо, сега знам
болдов по скопски, здравје ;)
Игранки бе, денсање. Секоја недела у аула у „Јосип Броз.“ Шо ќе рече тезгарска музика, она што раја воли, кавер бенд тајп, не авторска. После живите свирки на игранките станаа лејм, па ги заменија „диџеи“ со музички системи тзв. „све у едно“ (грамофон, касеташ, радио и појачало) штекнати на мртов гимназиски разглас. Ле-по-та!;)
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Игранки бе, денсање. Секоја недела у аула у „Јосип Броз.“ Шо ќе рече тезгарска музика, она што раја воли, кавер бенд тајп, не авторска. После живите свирки на игранките станаа лејм, па ги заменија „диџеи“ со музички системи тзв. „све у едно“ (грамофон, касеташ, радио и појачало) штекнати на мртов гимназиски разглас. Ле-по-та!;)
знам, знам. али као копиљ не ми било јасно што праеле леб и сол (знаев дека свиреле, ама не знаев у кој контекст) и за јосип броз мислев дека е само „носител“ на пораката, а не дека таму била дешавката. сега ми се разјасни. у мое време само напишаното беше останато ;)
да не ја ширам прикаската, супер е темава...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Од Маркова Река се вадело злато

Пишува Данило Коцевски -
Англичанецот сер Артур Еванс, археолог, антрополог и лингвист, допатувал во Скопје во текот на 1883 година. Тогаш со Скопје и со скопскиот округ управувал познатиот Фаик-паша.
оа е оној истиот паша кој во Маџир маало, во тие години, ја изградил истоимената џамија, која постоеше сe до 1989 год. Престојот на Еванс и неговите истражувања претставуваат исклучителна чест за градот, бидејќи тој е човек со светска слава, кој ја откри палатата на кралот Миној во Кносос, на островот Крит.
Тоа негово откритие одекнало сензационално во светот, и оттогаш тој се смета не само за еден од најпознатите и најславни археолози туку и најзаслужни луѓе во светската култура воопшто, на преминот од 19 во 20 век. Но пред да го направи епохалното откритие, тој престојувал во Скопје и детаљно го истражил, интересирајќи се, пред сe, за римските и за византиските градби во него.
Еванс особено ја истражувал Скопската чаршија, бидејќи таму сретнал повеќе стари градби, кои го привлекле неговото внимание. И не само тоа. Тој бил меѓу првите истражувачи кои ја поставиле тезата дека токму тука, во Горниот Град, или долу во Подградието, треба да се бара славниот град Јустинијана Прима. Особено се заинтересирал за градбата на Безистенот во Чаршијата, бидејќи сметал дека тој потекнува од византискиот период. Тогаш, Безистенот бил во урнатини, останати уште од времето кога Пиколомини го запалил Скопје. Еванс бил одличен цртач и, за среќа, ги насликал урнатините од оваа скопска градба. Тие урнатини подоцна биле отстранети и врз старите темели бил изграден нов, денешниот безистен. Можеме да си ја претставиме таа исклучителна слика, како славниот Еванс, седнат во еден агол од Чаршијата, со блок в раце, ги слика остатоците од стариот безистен. Тој безистен, всушност, го изградил Исхак-бег, заповедникот на Скопје, во 15 век. Подоцна, по престојот на Еванс, тој бил возобновен. Од старата градба зачуван е дел од надворешен ѕид. Помалку е познато дека во темелите има остатоци од старата градба и неколку капаци кои водат долу, во внатрешноста. Остатоците од првиот објект се наоѓаат во длабочина од 0,95 м. Постои и една необична коинциденција: токму во таа 1900 година, кога се поставил натписот и се отворил новиот Безистен во Скопје, Еванс го направил своето епохално откритие на Крит.
Особен интерес кај него предизвикале старите амами и монументалното здание на Куршумли ан. Најпрвин тој сметал дека Куршумли ан потекнува од византиско време, за по деталните истражувања да заклучи дека е граден во турскиот период. Во своите подоцна објавени записи тој вели: "Кога човек ќе прошета покрај обраснатите куполи на скопските амами или покрај старите зданија од тули и камен како што е Куршумли ан, може погрешно да поверува дека тоа се оние бањи и пазаришта со кои Јустинијан го украсил својот сакан град. Но повнимателното изучување на тие зданија со византиски стил покажува дека се градени подоцна, од турските завојувачи". Речиси е неверојатно што сe истражил Еванс во Скопје и во неговата околина. Еве неколку примери. Точно ја прецизирал местоположбата на Скупи на утоката на Лепенец во Вардар и кај селото Злокуќани. Укажал на значењето на Скопје како град: "Ако ја разгледате местоположбата на Скопје", пишува тој, "ќе видите дека овој град во старо време имал исклучителна позиција, како од стратегиски така и од трговски аспект". Со особено внимание го истражувал аквадуктот, а во лозјата на селото Кучевиште открил стара римска гробница и сметал дека сиот тој крај, всушност, бил место за одмор и летен престој на видните граѓани од Скупи. Ги посочил и првите епископи на овој град.
Еванс ги истражувал римските остатоци на Зајчев Рид, локалитетите Давина и Кула кај селото Чучер, тврдините на Водно, во Говрлево открил римски камени фрагменти, ги истражувал црквите кај Матка и Шишево, пронашол мермерна плоча со натпис во слава на императорот Галиен, подигната од граѓаните на Скупи. За да ја потврди тезата дека царот Јустинијан потекнува од овие краишта, Еванс отпатувал во Катланово, во селата Таор и Бадер, каде што открил траги од Четирикулието (Тетрапиргија), за која зборува хроничарот Прокопиј. Ако тие податоци се точни, тогаш, според неговите претпоставки, Скопје мора да ја крие тајната на Јустинијана Прима.
И уште еден куриозитет поврзан со истражувањата на Еванс. Тој ја посетил Маркова Река и по нејзиното десно корито, како и покрај текот на Умова Река - открил наноси на златен песок! Тука, трагачите по злато, на посебно одредени места, ја измивале песокта. Наоѓалиштата биле од прастаро време, постоеле и во средниот век, а нив ги евидентирал и Еванс при својата посета. Иако тој, при своите истражувања и патувања, понекогаш непотребно ја вмешувал и политичката проблематика, нашите истражувачи, специјалисти за оваа област, особено истакнуваат дека "од сите европски учени патници, првото место во описите на Скопје го држи англискиот археолог Еванс".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom