подрум.
невообичаено но вистинито
мојте пријатели се: менгемето,чеканот, бонсекот,турпијата и друго.
Таму покрај овие работи сум најисполнет,најсигурен и најпродуктивен.
Поради тоа и наскоро го менувам станов,за друг со поголем подрум.
За некого е живот можеби масата и канцеларијата,потписот и печат,
ама за мене алатот и „еснавот“ се: живот и надеж за живот
како за ѕидарот што се мистријата и висакот.
Не уживам на седенки,пиенки и телевизија (освен сега ова зараза компј.)
Покрај наведената занимација-хоби,работа, сакам да прочитам и некоја книга колку што би одвоил време за тоа.Но некогаш и се заборавам.
Е за шах би седнал било каде,но не остана веќе „народ“ и за тоа.