Вашето катче во домот

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Возраст
29
Кое е вашето омилено место во домот, каде најчесто го поминувате вашето слободно време, место во кое обожавате да бидете сами додека размислувате, место во кое се дружите со пријателите, место за кое секојдневно посветувате големо внимание.
Видов на еден руски форум ваква тема, овде не видов но ако има избришете ја.
Нека го скрши некој мразот, јас сум втор :)
 
подрум.
невообичаено но вистинито
мојте пријатели се: менгемето,чеканот, бонсекот,турпијата и друго.
Таму покрај овие работи сум најисполнет,најсигурен и најпродуктивен.
Поради тоа и наскоро го менувам станов,за друг со поголем подрум.
За некого е живот можеби масата и канцеларијата,потписот и печат,
ама за мене алатот и „еснавот“ се: живот и надеж за живот
како за ѕидарот што се мистријата и висакот.
Не уживам на седенки,пиенки и телевизија (освен сега ова зараза компј.)
Покрај наведената занимација-хоби,работа, сакам да прочитам и некоја книга колку што би одвоил време за тоа.Но некогаш и се заборавам.
Е за шах би седнал било каде,но не остана веќе „народ“ и за тоа.
 
Во мојата соба..таму и размислувам и посветувам најголемо внимание. Таму и ми се спомените, најчесто неубави ама се` ќе си дојде на свое место еден ден...:)
 
Во мојата соба..таму и размислувам и посветувам најголемо внимание. Таму и ми се спомените, најчесто неубави ама се` ќе си дојде на свое место еден ден...:)

Дали страдаш?
 
Во мојата соба..таму и размислувам и посветувам најголемо внимание. Таму и ми се спомените, најчесто неубави ама се` ќе си дојде на свое место еден ден...:)
Ајде се ќе се среди и на мене така ми викаат. :D
 
За некои работи, да

Премини преку нив, немам ништо против форумов и форумџииве, но кога интимата е во прашање, не и е местото на форум или некој од другиве социјални мрежи, го знаеш резултатот останатото зависи од тебе.
 
Или во мојата соба или позади во двор,исклучиво навечер каде моеш да го видиш убаво небото со сите звезди на него,да зјапаш и да размислуваш.
 
можеби најомилено место ми стана покрај компјутерот, таму и имам повеќе пријатели за муабети, и тоа луѓе што не ги познавам.
а со оние сто сме од детството се некако немаат време работа па работа пари па пари се така некако некој брза а каде брза? најубаво размислувам кога ке си легнам не заспивам бргу и тоа време ги кројам плановите.;)
 
Во старата куќа имав еден посебен дел од собата, имаше еден прозорец, многу свеќи и стари книги, лаптоп, кога сакав да се одморам ќе отиев таму , ќе запалев неколку свеќи, ќе погледав некоја серија, особено добро беше навечер кога пред мене си ја гледав месечината баш на таа страна бевме свртени..
 
Во мојата соба..таму и размислувам и посветувам најголемо внимание. Таму и ми се спомените, најчесто неубави ама се` ќе си дојде на свое место еден ден...:)

„Во мојата соба“ - за почеток тоа е добро (некој тоа го немаат)
и точно се ќе си дојде на свое место-со надеж за побрзо,поздрав-Анчо
 
Во купатило....да баш таму :)
се дешава понекогаш да се затворам внатре и по неколку часа на ден
 
Мојот кревет ( мојата соба ) едноставно место каде што можам да си ја одморам главата :)
 
Мојата соба. :cool: Никој не ја обожава, преку лето е многу топла, во зима е многу студена. Сите одбегаваат да седат подолго време, така да, ептен си е моја. :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom