Кои се првите 10 лустрирани кодоши

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Е, ова ти се вика селективна лустрација:

Латас го притиска Аџиев


Сабота, 04 Август 2012 13:58
Според информации на Охридскај во досието кое се води во комисијата за верификација на фактите против Коста Балабанов се споменува името на таткото на Ивона Талевска актуелна уредничка на ТВ Сител и весникот Вечер, Тррифун Талевски, кој своевремено работел како новинар во МТВ.
Латас според извори на Охридскај деновиве правел голем притисок врз Аџиев да се избрише досието на Талевски кој сега ужива во пензионерските денови, а во 1968 година за време на студентските протести бил соработник според досиеата во архивот на УБК на тајните служби.
Инаку, врз Балабанов комисијата за фактите води случај кој е недокажан, а Балабанов е еден од ретките кои има големо значење за сузбивање на грчката тајна служба во Македонија, кој работел во интерес на Македонија, а не како кодош кој ги загрозува интересите на државата.

Извор: www.ohridsky.com
Како што пренесува телевизија Сител, раководителот на Институтот Отворено општество финансиран од Сорос, Владимир Милчин веројатно ги кодошел Живко Чинго и Ристо Шишков.

Мене ми е далеку поинтересно што лидерот на т.н. граѓанско општество во Македонија изминативе години - Владимир Милчин е всушност докажан кодош и поткажувач. Не е застрашувачки тоа што човек што лепел етикети на свои колеги пред УДБА(меѓу кои и за Ристо Шишков кого го местел дека имал пробугарски ставови), го има киднапирано граѓанскиот сектор? Тебе поинтересен ти е таткото на една минлива новинарчица од сител...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Како што пренесува телевизија Сител, раководителот на Институтот Отворено општество финансиран од Сорос, Владимир Милчин веројатно ги кодошел Живко Чинго и Ристо Шишков.

Мене ми е далеку поинтересно што лидерот на т.н. граѓанско општество во Македонија изминативе години - Владимир Милчин е всушност докажан кодош и поткажувач. Не е застрашувачки тоа што човек што лепел етикети на свои колеги пред УДБА(меѓу кои и за Ристо Шишков кого го местел дека имал пробугарски ставови), го има киднапирано граѓанскиот сектор? Тебе поинтересен ти е таткото на една минлива новинарчица од сител...
Кога ќе ги видам лустрирани и Љ.И. Динго, Лотос, БС консалтинг и остала дружина која е десна рака на власта, тогаш ќе верувам во праведна лустрација. Не е прашањето дали Милчин треба да се лустрира, тоа одамна го знаеме, прашањето дали правдата ќе важи и за властољубците.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кога ќе ги видам лустрирани и Љ.И. Динго, Лотос, БС консалтинг и остала дружина која е десна рака на власта, тогаш ќе верувам во праведна лустрација. Не е прашањето дали Милчин треба да се лустрира, тоа одамна го знаеме, прашањето дали правдата ќе важи и за властољубците.
Чекај малку, дали си сигурен дека овие лица биле соработници? Друга работа е што Ѕинго,Латас, БС и тн. никогаш не викале ние сме плодови на демократијата овој е диктатор и тн. Имаат свои какви-такви ставови и јавно си ги кажуваат. Додека Милчин и остали се први во борба против некаква диктатура а самите биле соработници во диктаторски систем...

P.S. нова тура соработници објавени..http://www.kvf.org.mk/mk/registar.html
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Чекај малку, дали си сигурен дека овие лица биле соработници?
Сите тие влегуваа од задна врата во Државниот архив криејќи се од новинарите и експресно добиваа некакви уверенија дека не биле кодоши. Секој поупатен ќе ти каже дека процедурата за тоа трае со недели и месеци, а не неколку саати.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кире Дојчиновски е новолустриран бивш пратеник. Инересно што најдов на гугл за него
-Пратениците не престануваат да си ги прошируваат привилегиите. На предлог-законот за пратеници кој, доколку се изгласа, ќе ги направи пензионери со 55, односно 53 години старост и 25 години работен стаж, вчера е поднесен уште еден амандман.
Пратеникот Киро Дојчиновски од СДСМ бара привилегијата да можат да ја искористат и пратениците кои претходно стекнале пензија по друг основ, се разбира ако заклучат дека ова е поповолно за нив.
-Пратениците Киро Дојчиновски од СДСМ и Лилјана Ивановска од ЛДП немаат дилема дека треба да има извинување за недемократското однесување на поранешниот режим, меѓутоа, како што рекоа, времето ја прегазило декларацијата-Претседавачот Киро Дојчиновски од СДСМ, освен 8.000 денари, зема дополнителни 30 отсто од основната плата на секретарот на општината. Со ова, велат во општината, претседавачот прима дополнителни 5.082 денари месечно
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Колега Mjolnir кога ќе се смени власта еден ден ќе видиме и овие за кои викаш дека немало докази дали и што биле во минатиот систем.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Колега Mjolnir кога ќе се смени власта еден ден ќе видиме и овие за кои викаш дека немало докази дали и што биле во минатиот систем.
Мене ме интересира дали го поддржувате процесот. А за Ѕинго минго не ми чуе. Еве доколку е вистина нека ги објават зошто да не. Тоа нема да ме шокира и сигурно нема да бидам против. Сакам да се расчисти колку што може со минатото.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Да, го подржувам процесот, кога ќе поминат сите инстанци до Управен суд, ако на пр. се докаже Милчин дека бил соработник треба како и бившиот претседател на Уставен да се повлече од секоја јавна функција. Ако СДСМ се грижат за тоа јас им препорачувам дека многу подобро ќе биде за нивната партија без типови како Милин и Угриновски.

Но, да нема жалби и поплаки ако утре некој друг за некого го прави истиот јавен линч кој го прави „најчесниот и најголем“ македонец Д-р Павлович.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Мене ме интересира дали го поддржувате процесот. А за Ѕинго минго не ми чуе. Еве доколку е вистина нека ги објават зошто да не. Тоа нема да ме шокира и сигурно нема да бидам против. Сакам да се расчисти колку што може со минатото.
Со минатото требаше да се расчисти 1991 да се лустрира се .Но тогаш кодошите влегоа во сите партии и не дозволија такво нешто.Сега најголемите кодоши се и најголемите подржувачи на лустрација.Да не ги набројувам со име сигурно не биле дисиденти во тој систем.
Баш сакам да видам да лустрират некој академик велеа имало но овие ќе ги лустират само непослушните.Новинари,попови,академици,уметници нема некој што има кажано НЕ на удба можеби кажал но подоцна го ``предомислиле``

Инаку тој црн и диктаторски анти македонски систем чудно ми е како прв пат ги кодифицирал македонската азбука го кодифицирал јазикот ја возобнови МПЦ.Стварно чуден систем.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Супер забава за широките народни маси!

Док ние си се забављаме со кодошите од средината на МИНАТИОТ ВЕК, ете ја струјата рипнала, па парното отишло УПМ, па дошло време коа бараш начин да подигнеш некакво кредитче за животни трошоци, па стегнале рестрикции на вода, па те надвила некаква состојба која у весниците ја опишуваат као портокалова фаза (а никој не знае да каже што точно се прави у таква фаза, освен што сите знаат дека, нели, е портокалова и дека може да премине у црвена или евентуално у жолта), па плата не стига на време, па фрчат афери со корумпирани полицајци, па глеаш како да скрпиш одмор од максимум 5 дена негде на море без да предизвикаш катастрофа у домашниот буџет...и така...али на кого, јебеш га, му е гајле за тоа, коа СЕКОЈ (буквално секој) во ова наше мало царство може да си дозволи (исто така) мало преверзно задоволство во пронаоѓање и линчување на кодоши од минатото и нивните потомци? И се тоа, док ни крчи стомакот...непроценливо!

Нема замена за вакво задоволство! :вонзем:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Со минатото требаше да се расчисти 1991 да се лустрира се .Но тогаш кодошите влегоа во сите партии и не дозволија такво нешто.Сега најголемите кодоши се и најголемите подржувачи на лустрација.Да не ги набројувам со име сигурно не биле дисиденти во тој систем.
Баш сакам да видам да лустрират некој академик велеа имало но овие ќе ги лустират само непослушните.Новинари,попови,академици,уметници нема некој што има кажано НЕ на удба можеби кажал но подоцна го ``предомислиле``

Инаку тој црн и диктаторски анти македонски систем чудно ми е како прв пат ги кодифицирал македонската азбука го кодифицирал јазикот ја возобнови МПЦ.Стварно чуден систем.
Коj ке ти дозволеше да разчистиш 1991 година? Те ти спровели операциja "Опера" ти сакаш да разчистиш.
Тоj чуден и црн систем излегува малце на виделина, но се уште черешката на тортата си е во Белград.Нели не забораваш дека овде са само дел?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Во исчекување на новите имиња...а се разбира и во "чест" на објавените...неколку пригодни нумери.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Кирил Псалтиров (советник од ВМРо-ДПМНЕ во гази баба) и исак Ајрули советник на ДУИ од Боговиње се новите имиња на листата на соработници. Овој Ајрули добро ги откуцал сите.
Кирил Псалтиров па едно време го следеле па после им добавувал некој информации па пак се расправале од УДБА со него и така...само смешно ми е што Кирил Псалтиров е македонски актер кој го има глумено Христо узунов во Тврдокорни а уште посмешно е што ја имал главната улога во драмата БОГ ДА ГИ БИЕ ШПИУНИТЕ :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кирил Псалтиров (советник од ВМРо-ДПМНЕ во гази баба) и исак Ајрули советник на ДУИ од Боговиње се новите имиња на листата на соработници. Овој Ајрули добро ги откуцал сите.
Кирил Псалтиров па едно време го следеле па после им добавувал некој информации па пак се расправале од УДБА со него и така...само смешно ми е што Кирил Псалтиров е македонски актер кој го има глумено Христо узунов во Тврдокорни а уште посмешно е што ја имал главната улога во драмата БОГ ДА ГИ БИЕ ШПИУНИТЕ :)
Сепак, Псалтиров на пошироката јавност и е попознат како несудениот царски зет од македонски народни приказни :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Гоце Стојановски, жртва на кодоши: на 15 септември 2003 дојдоа да ме убијат!

20
АВГ 2012​
13:22​

Гоце Стојановски, родум од селото Мартиница, Крива Паланка, е жртва на тајните служби што од политички и идеолошки причини го следеле, го малтретирале, го заплашувале, режирале кривични дела, поради кои пет пати лежел во затворите во Скопје и во Крива Паланка, се обиделе да го ликвидираат.


Накратко, поминал низ тешка голгота, а најголем притисок, како што тврди, имало во времето кога министер за внатрешни работи бил Љубомир Фрчкоски и во времето кога директор на тајната служба бил сега покојниот Добри Величковски, за што Стојановски има и досие, кое прв пат успеал да го види на 14 февруари 2001 година.
Тајните служби како пијавица му се закачиле уште во 1991 година. Тоа, како што вели Стојановски, можел и лично да го прочита во досието во кое по налог на тогашната Служба за државна безбедност под псевдонимот „Мартин“ заведен под број 26551 во прво време бил следен, биле запишувани сите негови активности, сите, како што вели, негови јавни зборувања и агитирања. Подоцна кодошите со псевдоними „Градски“, „Брат“, „Мaцко“, обединети во кодошката група „Павароти“, буквално му биле како сенка, од која со години немал мир. Додека не наполнил 33 години, Стојановски вели дека немал ниту една кривична пријава, а потоа врз основа на измислени кривични дела од кодошите, не можел да куртули од пријави, кои најчесто завршувале со затворски казни. Првата кривична пријава ја добил за време на претседателската кампања за Борис Трајковски. А по последната пријава поради наводно поседување уред за ноќно гаѓање (тоа било двоглед купен од скопски „Микеј“, кој во полицискиот записник бил запишан како уред за ноќно гледање) бил осуден на една година затвор, од каде што излегол лани во март. Одлежал само шест месеци откако поднесол жалба, која била прифатена затоа што успеал да докаже дека уредот (двогледот) што бил запленет во неговиот дом, подоцна во доказната постапка бил погрешно заведен како уред за ноќно гаѓање.
Само што почнав да работам како цариник на Деве Баир, дојдоа една група шверцери, кои превезуваа текстилна стока. И нормално, за стоката им напишав царина, по што прво ме нападнаа со пцости, а потоа сакаа и физички да се пресметаат со мене. Повикав полиција, но никој не дојде. Потоа ме пријавија дека јас сум ги нападнал. Тоа е стара финта на ДБК. Секаде е применувана. Ќе ве начекаат на улица, ќе ви удрат два-три бокса и после, нормално, вас ќе ве приведат и ќе ве затворат“, вели Стојановски.
Тој засега само се сомнева кои би можеле да бидат кодошите што се кријат зад псевдонимите. Официјално ќе може да ги обелодени и да дознае кои се откако неговото досие ќе го разгледа Комисијата за верификација на фактите, каде што од понеделник планира да ја предаде целокупната документација.
Врз основа на тоа што го прочитав во досието, можам да насетам кои би можеле да бидат кодошите. Но тука јасно пишува дека директивата ја давал Добри Величковски, како директор на ДБК. Потоа на формирањето на личното досие од ДБК учествувале и Горан Станковски и Живко Георгиевски. Потоа се споменуваат имињата на Младен Стаменковски, кој ми нудеше виза да заминам во Австралија, и Љубомир Георгиевски, началник на кривопаланечката ДБК“, вели Стојановски и покажува документ од досието каде што стои потписот на Величковски и печат на тогашната служба.
Кодошкиот ген тешко се искоренува
Стојановски вели дека врз основа на досието, кое официјално било отворено во 1996 година, бил следен на повеќе основи – поради македонски екстремизам и врховизам. На крај од досието пишува дека не нашле никакви елементи на врховизам, туку само на екстремизам.
„Од кодошите во групата „Павароти“ има и такви што и денеска се на функција, или се членови на општинскиот комитет на партијата“, тврди Стојановски.
На прашањето дали мисли на ВМРО-ДПМНЕ Стојановски одговара:
Да, тоа се луѓе инфилтрирани во ВМРО-ДПМНЕ од страна на тајните служби, кои и до ден денешен кодошат и така се одржуваат на функција. Па мене токму такви луѓе, кои се претставувале дека работат за партијата, ме кодошеле. И што е најстрашно, меѓу нив има луѓе што и денес се на функции, и тоа директно предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ним едноставно таков им е генот. Тоа тешко се искоренува. Кодошкиот ген не е од вчера. Еден војвода, 20 кодоши. Војводата го убиваат, останува кодошкиот ген. Имаме многу примери во историјата за тоа“, коментира Стојановски.
Но, зошто овој млад човек во 1991 година (кога имал 24 години) бил толку интересен за тајните агенти?
Во тоа време, Стојановски како студент на универзитетот во Киев почнал да го организира месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка и за таа цел агитирал кај познаници, пријатели, кај сите што ги поддржувале идеите за самостојност и независност на Македонија, да ѝ се приклучат на партијата. Потоа во периодот до 1996 година почнало и организирањето околу Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека токму поради тоа што тогашната власт знаела дека ќе успее да собере повеќе млади луѓе околу себе, ја почнала и голготата против него. Последиците ги трпел до лани, кога поради измислени и накалемени кривични дела од кодошите лежел во затвор. Но тоа не било единствениот пат кога Стојановски, како што вели, направо осуден одлежувал затворска казна.
Да се само затворските казни. Бев многу изненаден кога во досието прочитав дека имало план наречен „Врело“, кој предвидувал задушување на сите активности и најпосле и смрт“, со прст покажува Стојановски во делот каде што пишува за планот „Врело“во досието.
„Врело“ – план за ликвидација
Планот, како што ни објаснува, кодошите го спроведувале на тој начин што прво се агитирало во најблиската средина.
Ги заплашувале луѓето дека ако бидат видени со мене, ќе биле обесени на плоштад и дека на чело ќе им изрежеле петокраки. Ова, како што пишува во досието, се случувало во 1998 година. Во тој период се обиделе да го спроведат и делот од „Врело“ што се однесува на моја ликвидација. Тоа, кажано со јазикот на тајните служби и кодоши, требало да биде направено со помош на машина за расчеречување“, сега со иронична насмевка вели Стојановски.
А, што била всушност застрашувачката машина за расчеречување?
Откако го прочитав ова во досието, се сетив на настанот во кафе-барот „Фламинго“ во Крива Паланка, во екот на самата изборна кампања во 1998 година. Тогаш сфатив која била всушност машината за расчеречување. Додека седев во кафеаната со пријатели, одеднаш бев нападнат од група од петмина. Носеа стапови и метални шипки. Во групата беа двајца што претходно имаа одлежано затворска казна за убиство и тројца улични бандити. Тие имале налог да ме расчеречат“, вели Стојановски и открива дека уште во раната младост вежбал боречки вештини и дека затоа спасил жива глава во тепачката, во која поминал со телесни повреди, а подебелиот крај го извлекле таканаречените „расчеречувачи“.
Тука не престанале следењето, кодошењето и обидот на тајните служби да се оттргне Стојановски од средината во која, вели, имал влијание да ги организира луѓето под единствена кауза. Му било нудено да ја напушти земјава, да отпатува во Австралија. Додека студирал во Киев, поради исто така накалемено кривично дело од кодошите, му бил одземен пасошот.
По Ченто, не верувам дека има друг некој што бил толку многу малтретиран и толку прогонуван, Ова е само дел од долгогодишната голгота. Кога ми го зедоа пасошот, за да ги продолжам студиите, границата ја минував на црно. Но тоа не е ништо во однос на патот што морав да го изодам во докажување на правдата за делата за кои бев неосновано обвинуван. Судовите и сега се во нивни раце, а камоли тогаш. Бев обвинет за насилство додека работев како цариник (настанот со шверцерите на текстил на Деве Баир). На судењето донесоа лажни сведоци“, вели Стојановски.
Го осудиле. Казната ја одлежал, дел во затворот во Скопје, дел во Крива Паланка. Вториот пат бил приведен на 15 септември 2003.
Ако се сеќавате на слоганот што во 2002 година го кажуваше Црвенковски „ на 15 септември народот ќе ја преземе власта во свои раце“. Јас на тоа јавно им порачував на членовите на СДСМ. Ако, вие само гласајте за Црвенковски, до следниот 15 септември во џебовите ќе ви остане само прав, ништо друго. И токму на тој ден дојдоа да ме апсат поради наводно старо кривично дело, за кое имав условна казна. Полицијата ја опколи целата зграда и командирот со репетиран пиштол ми нареди да се симнам пред зградата, во спротивно се закани дека ќе пука. Подоцна разбрав дека дошле не да ме приведат, туку да ме ликвидираат. Чекале да почнам да бегам и да пукаат. Планирале да ме убијат како што го отепаа Поштарот во Скопје, 15 дена по овој настан“, сведочи Стојановски.
Откако бил приведен во затворот во Крива Паланка, ја одлежал казната од осум месеци.
Но и тоа помина. Не е лесно да те затворат во притворска ќелија во која имаше најголем број осомничени за убиство. За да излезеш од затвор нормален, треба да си поголем ѕвер од сите. Треба или да си голема личност или да имаш многу пари“, се присетува поранешниот претседател и основач на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка.
Стојановски, како магистер по менаџмент, сега не работи никаде. Личното досие му е преполно со кривични пријави, потерници, со затворски казни. Работата на царина ја изгубил одамна, кога прв пат бил осуден на затворска казна. Со семејството живее во Крива Паланка. Вели дека секој ден ги среќава луѓето што изградиле кариери, станале функционери и сè уште се на високи функции и тоа само поради тоа што со години труеле туѓи животи со кодошлук, лаги…
Неправдата е направена. За да барем малку се исправи неправдата, државата треба откако ќе го заврши процесот на лустрација, да почне рехабилитација на жртвите. А на кодошите, на сите до еден треба да им го одземе целокупниот имот и со него да се обештетат жртвите. Тогаш, би можеле да зборуваме дека на некој начин е задоволена правдата“, смета Стојановски.
А државата? Преку лустрацијата и рехабилитацијата на прогонуваните ќе избрише една голема дамка од минатото….
 

Kajgana Shop

На врв Bottom