Тоа е за ваше добро, не бидете комуњари. Владата на РМ дава субвенции за сончеви панели, научете се да штедите. Плус парите од поскапувањето ќе одат на нови инвестиции во енерго системот. ЕВН печати и брошури како најефективно да ја искористувате струјата. Укинувањето на ефтината струја е за зимскиот период, наместо 30 дена рестрикција да имате 25 дена. Извозот на струја ноќта пред забрана не е вкалкулираран во вашите сметки, тоа е процес на приватни трансакции. Уклучете Сител телевизија и уживајте во Република Македонија. И запомни И ТИ СИ МАКЕДОНИЈА!
Не знам дали твојот пост е сатиричен или сериозен....
Но постоењето на две тарифи за електрична енергија е пред се технички неопходно и го има со сите земји. Во некои земји има и три тарифи за плаќање на струјата. Тоа е последица што електричните мрежи не се целовреме еднакво оптоварени. Како се движи потрошувачката во деноноќие се прикажува со дневен дијаграм на електрично оптоварување. Пред мене држам еден таков дијаграм ( во моментов не успеав да најдам таков дијаграм на интернет, па ќе замолам ако некој има таков дијаграм да го постира )
Најмало оптоварување електричната мрежа има околу 4 часот наутро и тоа изнесува околу 35% од максималното оптоварување. Потоа електричното оптоварување нагло расте и во 9 часот наутро го има првиот максимум кој изнесува 95% од максималното оптоварување. Понатаму оптовартувањето опаѓа и околу пладне има минимум од околу 70 %. Овој минимум трае до околу 17 часот кога оптоварувањето почнува нагло да се зголемува и по 20 часот го има дневниот максиму од 100%. После тоа оптоварувањето се намалува, во 22 часот веќе е околу 70%
а потоа, како што кажав на околу 35 во 4 изутрина е апсолутен минимум
Ова е неповолно за електраните бидејќи тие неможат вака бргу да го менуваат своето производство. Термоелектраните речиси воопшто не можат да да го менуваат производството. Можат само некои типови хидроелектрани ( не сите ).
Затоа е потребно овој дијаграм да се „ испегла “ Затоа се даваат поволни тарифи од 12 до 17 и ноќе од 22 до 06, за да се стимулира потрошувачката кога е струјата нај ефтина.
Ова што го направи Регулаторна е само доказ дека тие не знаат што прават .