[30 Jul, 2012] LOVE AND HAPPINESS Festival 2012 - Сабота 28 Јули, ГРАДИШТЕ (Ohrid, Macedonia)

  • Креатор на темата Креатор на темата SUN PRODUCTION
  • Време на започнување Време на започнување
Ја поише би идел за Дино него за Морена и том Боксер :D Мада ...ќе видиме ...само пиЌиња пијани да има :)))))))))
 
Све супер само да го немаше 50 минутното чекање пред влез ,па здравје следен настан кога ќе организирате малце поспремни бидите...
 
Искрено до организаторите ...колку карти пуштивте во продажба иако бевте свесни дека местото собира 1-2к преку сила ?


На ништо не личеше тоа вчера .... ај што се дешаваше стампедо на влез и што сељанијата од Македонија се виде на дело ...

Па ставете 3-4 огради , направете линија и нека влага народ 1 по 1 ...вака тепанија ....
 
Таквата гужва дефинитивно и нас не изненади. До последна беа продадени сите карти кои ги пуштивме во предпродажба и уште толку луѓе дојдоа на врата, што за првпат се случува во градиште.

Реално капацитетот на втора и трета плажа беше доволен, но сите знаеме каков е пристапот до плажите, дека се стигнува само преку тесен мост и тука не можевме ништо да направиме. Но нашата замисла беше влезот да биде пред првата плажа и истата ќе се користеше како меѓузона и гужвата ќе беше релаксирана. Но знаете дека тоа е јавна површина и плажа и преку ден скоро до 19 часот не можевме да поставуваме огради зошто имаше туристи на плажата, за веднаш после тоа да дојде огромна маса на народ одеднаш се направи гужва и беше невозможно да го исполниме предвидениот концепт како луѓето ќе влегуваат, затоа се створи толкава гужва.

Во секој случај се надеваме дека вредеше да се почека за да се влезе, дадовме се од себе да направиме таа ноќ да биде за паметење, поголемиот дел од 10 000 присутни таму мислам дека се согласуваат со тоа. Одамна не сме виделе толку кренати раци и таква енергија.

Ви благодариме за поддршката!!!
 
10 000? Многу бе... Иначе јако беше, в година пак а?
 
Добро е што журката испадна супер инаку ќе испцуев се живо и диво поради тоа што ќе умрев за малку на влез.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: |S|
Секако... Традицијата мора да продолжи!!!

Колку години со ред се одржува фестивалот? Минатата година не бев и мака ми е пошо нели беше Антониа. Според вас, кога беше подобра забава, годинава или минатата на Антониа?
 
Дефинитивно оваа година беше подобро во секој поглед и далеку повеќе посетено, а и технички изреализирано...
Иначе ова е втора гоина на фестивалот.

Поздрав
 
Вака јас присуствував на дешавкава и еве ги моите инпресии.
Два саати се туркав во гужвата за да влезам и саат да излезам тоа се 3 саати изгубени дишење испотени мишки,газење,туркање од кој ке стигне ужас.Ајде тоа помина влеговме што влеговме и нормално доаѓа 01 часот пополноќ ама ни М од Морена ни Т од Том.Б. стигнаа во 02 и 15 мин на бината беа ни помалку ни повеќе точно 30 минути за тој половина час испеаа рефрени од пет шест песни,и тоа три пати рефрените по редослед си ги вртеа КАТАСТРОФА.
Толку од мене повеќе од другите :)
 
Вака јас присуствував на дешавкава и еве ги моите инпресии.
Два саати се туркав во гужвата за да влезам и саат да излезам тоа се 3 саати изгубени дишење испотени мишки,газење,туркање од кој ке стигне ужас.Ајде тоа помина влеговме што влеговме и нормално доаѓа 01 часот пополноќ ама ни М од Морена ни Т од Том.Б. стигнаа во 02 и 15 мин на бината беа ни помалку ни повеќе точно 30 минути за тој половина час испеаа рефрени од пет шест песни,и тоа три пати рефрените по редослед си ги вртеа КАТАСТРОФА.
Толку од мене повеќе од другите :)

А колку песни има Морена? Само Deep in Love и тоа е тоа, да беше Antonia ај да речиш, има повеќе. Shake it Mamma, Marionette,Jameia,I got you,Roses on fire, Morena. И не е само Морена и Том Боксер, и пред тоа на Лоба беше одлично.

Не бев минатата година на Антониа, многу ми е мака, ама се надевам дека ќе ја донесат повторно :)
 
Добро де две песни толку има нејзини лични, плус три од други автори вкупно пет сигурно можела да се потруди во листата да додаде уште некој рефрен малку разновидно да биде,слободно можам да кажам дека тој дел кога настапуваше Лоба беше баш онака како што треба.
 
настанов ко што читам копи пејст е од лани :D со тоа што лани немаше таков хаос на врата а журката си беше топ , лоба исто и лани настапи пред том и антониа и испеа топ , а антониа пееше 2 песни па морена , 2 песни па морена , 2 песни па морена и така :D така да другата година може некој друг да дојде немора том
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom