Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

F

fantomX

Гостин
Енергенсите се последната златна кокошка на оваа рамковна држава, јас не знам шо не е тука јасно. Каква Регулаторна, се е натокмено од повисоко.
Убаво беше пишано поназад, ЕВН ни е крив што живееме овде?

Ко сме кај австријците, некој месец после спогодбата на ЕВН со ЕЛЕМ лани, Груевски доби „престижна награда од виенскиот институт за успешните реформи“. Ако на некој не му беше јасно какви тоа реформи, еве сега ги гледаме.

Следно, па би требало да се укине и евтината струја преку цел ден во недела, да биди исто како другиве денови, 22 до 07. Ко новогодишна честитка ова би било.
Па здравје в година ова време, ново поскапување....ако дотогаш не дојди ситуација „кој е последен да гаси светлото“.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Едно прашање до тебе: Побројна е администрацијата или народот? Народот дава власт и истата ја зема.

Не сум за револуција, туку легално да се избориме за своите права. АПЕЛ ДО МОИТЕ КОЛЕГИ ПРАВНИЦИ: КАЖУВАЈТЕ СРЕДСТВА ЗА ЛЕГАЛНА БОРБА ПРОТИВ ОВИЕ КОПУЦИ!!!

Еве една идеја. Исчитајте го ова како Оче Наш (Закон за заштита на потрошувачи). Најдете било каква дупка во законот, активирајте се, дајте да споделиме мислења. Од кукање по форуми нема многу фајде. Доста спиете бе луѓе, сторете нешто конструктивно!

http://ebookbrowse.com/gdoc.php?id=124947342&url=f07b9fd793a2be4f7f6edc5e5af16529
Е ова треба сериозно да се прифати.И јас апелирам до правниците да му помогнат на народот,само со нивна помош може нешто да се направи,ако ништо друго да им докажеме дека сме тука,тука сме и сега несамо кога им требаат нашите гласови.
ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ!!!!!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Па здравје в година ова време, ново поскапување....ако дотогаш не дојди ситуација „кој е последен да гаси светлото“.
Далеку е догодина, ново поскапување се спрема од есен/зима.

Ситуацијата „кој е последен да гаси светлото“ нема да се случи, тука ќе останат пензионерите, јавна администрација, олигархија со фамилија и остала патриотски просветлена раја.
 
F

fantomX

Гостин
Далеку е догодина, ново поскапување се спрема од есен/зима.

Ситуацијата „кој е последен да гаси светлото“ нема да се случи, тука ќе останат пензионерите, јавна администрација, олигархија со фамилија и остала патриотски просветлена раја.
Многу наеднаш ќе дојди, сепак избори идат. Уствари зависи математиката штабска како ќе излези, се е можно, комплицирани квазиматематички функции се тие.
 
F

fantomX

Гостин
Листам на Тајм сега, и гледам дека Сител воопшто не ни известил за ова. Која бламажа човече, па тоа е телевизијата со чист профит од преку 3 милиони евра за 2011 година, за неколку стотици илјади евра повеќе и од Електрани. Страшно.
Вака свечено со новиниве во енергетикава, ја бришам и Сител од листата на меморирани канали на домашниов телевизор.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Џабе поскапуваат кога ова важи само за Македонците.
"Браќата" наши љочкари ни денар не плаќаат, ние плаќаме за нив.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.224
Цената на струјата има повеќе удел во стандардот на живото околку што изгледа на прв поглед.

Порано пред 10 години со 100 евра можеше да живееш пристое живот. Денеска соо 200 едвај се крпи, а тешко тие што се на социјална помош, самите знаат колку им е тешко.

Струјата поскапува, но со струјата поскапува буквално и се. За да се произведе нешто најчесто е потребно струја. Кога ке биде готов производот ке има поголема цена поради поскапата цена на струјата. А владата упорно тера со реклами, купувајте македонски производи, произведени со „македонска“ струја, наменети за македонци со повисока цена.
Ако некој приметува (сите приметуваат) платата останува искта како пред 6-7 години, а цените се поголеми.

И додека ние си мислиме дека овие 10%, 20% проценти или колку и да беа, плус укинувањето на евтината струја се најлошо сценарио, да го почекаме новиот бран на поскапувања.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Листам на Тајм сега, и гледам дека Сител воопшто не ни известил за ова. Која бламажа човече, па тоа е телевизијата со чист профит од преку 3 милиони евра за 2011 година, за неколку стотици илјади евра повеќе и од Електрани. Страшно.
Вака свечено со новиниве во енергетикава, ја бришам и Сител од листата на меморирани канали на домашниов телевизор.
Јас не знам некој сеуште да гледа Шител
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Абе ти млад си и знајш да користиш интернет и ќе разбериш шо се дешават.
А стариве шо прает ?
Баба и дедо не знаеја дека ја укинале ефтината струја, јас им објасвев.
А гледет вести.
Ќе дојде први и шуто и рогато и сакато ќе разбере се шо треба, сигурно нема Сител да го прикрие и тоа што реално го има на сметката на струја.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.647
Поени од реакции
35.206
Регулаторна комисија ти било тело избрано од парламентот на Република Македонија, по предлог на владата на Република Македонија :tapp:

In the future:

Нови поскапувања на парно, храна и на се живо и диво ќе има до крајот на годината (декември)
Цените ќе се вивнат до плафон, а народецот само ќе си дига раменици, ќе си трпи и трае.
Најнормално пред крајот на година (влегуваме во изборна година) ќе се појави Латаско на Шител и ќе соопшти дека ‘‘Владата ја остварува својата преродба и на администрацијата им ја покачува плата за 5%‘‘ , После оваа 5 дневна ударна вест ќе се изнаслушаме како Влада се грижи за своите граѓани и како за некое чудо Македончето си има кратка меморија, па ‘‘свако чудо за 3 дана‘‘ и ќе си продолжи да си живее со народната ‘‘ Ќути има и полошо‘‘

П.С. Регулатори неможете да не ебете, колку што ние можеме да издржиме, на на на на нааааааааааааааа
 
F

FuckYouAll

Гостин
Ќе дојде први и шуто и рогато и сакато ќе разбере се шо треба, сигурно нема Сител да го прикрие и тоа што реално го има на сметката на струја.
Епа не е финтата на први да дознајт.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нема луѓе со став и достоинство, ни машки ни женски.
Тие кои имаат, сфатија колку е часот и си заминаа одовде.
Што вреди ако јас единка се бунам, кога има цело стадо овци кое наглас вели: Еј, па немој да се буниме, ние сме немоќни, ништо не зависи од нас!
Пуст кукавичлак..
И платите да ни бидат по германски стандард, амин.
Jaс ниту сум кукавица, ниту лесно ќе се предадам.
Но да ти објаснам со неколку збора како гледам на работите.
Пред Уставниот суд на Република Македонија јас го нападнав зонското паркирање ( дека има повластици ), не само со Уставот, Европската конвенција за човекови права, Универзалната декларација за правата на човекот, Пактот за човекови права, туку и со Цицерон.
Го цитирав Цицерон:
Iura paria debent esse eorum inter se qui sunt cives in eadem res publica
И Уставниот суд одби да поведе постапка.
Од сите права, најсилни се природните права, а
од природните права нај силно правото е дека граѓаните имаат еднакви слободи и права
Тоа е член 9 од Уставот. И не постои нешто друго, што е посилно од оваа одредба.
Но Уставен суд не поведе постапка

Што се случи денес со Топлификација?
Донеле одлука кој се исклучил од парно ќе им плаќа 50%
Во составот на Регулаторната комисија има еден Правник кој сега се подготвува да брани докторат и мислам дека е доцент
Зарем мислиш дека тој иден доктор не слушнал дека:
Quae te invito acta sunt, tibi non praeiudicant
А сега, со некаков правилник наметнуваат со сила да плаќаат тие кои се исклучени, односно тие кои не добиваат ништо, да плаќаат за тоа ништо,бидејќи наводно Топлификација ќе пропаднела ако сите не плаќале.
Па кој е предмет на тој облигационен, за што ќе се плаќа?
Зарем мислиш дека Докторот не слушнал за
dare, facere, non facere
Сигурно слушнал....Тоа е стварноста, ниту еден правник, не би донел таков правилник, а таков правилник е донесен.
И сега Топлификација, ако не се случи чудо, ќе почне да ги задолжува граѓаните, да тужи и да праќа извршители..
Ако се обратиш на Уставен, можно е тој ќе одбие ....И каде после да се обратиш?
И сега јас имам само една мисла: Како да стигне предметот што побрзо во Стразбур, бидејќи тоа е единствена надеж.
Друга надеж немам,... џабе ти се и демонстрации и протести...Што да демонстрирам, па тие знаат дека тој правилник е противуставен...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom