Совети за купување на автобуси

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Не видов баш ваква тема ... но би сакал да знам ако има некој на форумов да препорача добра марка на автобуси... за кои ќе има делови во Македонија и нема да биде премногу скап... и некој совет на што треба да се внимава кога се купува автобус. :) - Ова се однесува на туристички автобус.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 21:43 ---
a4f30121b1ff492cbf4b07d2d1e6f560.jpgbbc9f113afa0475aa5e6da9bd5b019e3.jpg

Ми треба мислење за овој вид на Автобус
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 21:46 ---
ca7646001eab4e149c4e5006997441dc.jpgd8c00366afe340bca4a94e134e3122d5.jpg

Исто како и за овој неопланов

Кој е подобар дали саносот? или Неопланов ?
 
јас врска немам од автобуси.
само ме интересира, дали толку ти значи да е со 55 седишта.
нема ли повеќе да заврсши работа некој помал?
зависи до душа за што ти треба, ама ако ти е за низ Македонија,
размисли за помал.
 
Другар повеќето автобуси што се продаваат во Македонија се толкави единствено има од Минибусите ама за таков не баш... бидејќи ептен се мали а и не се премногу комотни ... :) а инаку знам дека се големи :)
 
Неопланот,ти кажувам чисто од култура не дека имам многу големо разбирае од автобуси :)
 
И јас сум за неопланот бидејќи е поефтин а и поубав на изглед и плус мислам дека е појак мотор има од Саносот со мерцедес мотор
 
Од овие два, погорниот Санос (Ѕ-315) со менувана предна маска.Неопланот можда на изглед е помодерен и една од двете најдобри светски марки, ама тука негде се со годините, а можда и постар.Ако веќе си заозбилен за оваа работа, за Санос во Македонија имаш мајстори и ефтини делови во секое место.Добар дел и се компатибилни со Мерцедес (S-315 е фактички македонска верзија на MB O303) па ова му е плус.
A за Неопланов (со неоригинална предна врата) тука ќе имаш поголем проблем, особено ако не е на MB механика произведен (порано се работеле со MB или MAN мотори, а сега строго со МАН, после спојувањето Neoplan и MAN).Според вратата и делот зад неа, најверојатно е и удиран.
Вака би требало да е оригиналот.
Најдобро ниту еден од овие, стари се по околу 15 години (последниот Ѕ-315 излезе од фабрика некаде 1999/2000, а исто и оваа генерација Neoplan Cityliner).Саносот е веќе еднаш репариран, а другиов удиран.Значи исто како и за колите, најдобар совет е да не земаш од Македонија, во сегашни услови на дозволен увоз со Е2, туку преку добро пратење на нет, како моментално сите превозници и ќе налеташ на нешто
Само ако дедо ти поседувал автобус, чудно е да не е запознаен со овие (основни) работи :confused:
 
Attachments

  • N116_Cityliner.jpg
    N116_Cityliner.jpg
    92,3 KB · Прегледи: 31

Мој братучед има линија градска на 9 и 61 и 19 е сега он му даде на дедоми еден бус е сега дедо ми сака да земе еден бус да купи работата е што некаде да фати се на се до кај 7 или 8.000 евра автобусот а како што гледам на германскана страница има доста добри автобуси ... гледам дека ти се разбираш колку толку :) па ако може совет на пр. од која страница да барам и која марка до кај 8.000 евра а инаку од која земја е оваа http://autoline.info/s/buses-coach-bus--c5tk2226.html?page=2 ? и дали може да се земе автобус од станство со еуро2 и тука да можам да го регистрирам?
 
80fc367757a44f47b50984bffef244da.jpgb19e4df527cd4ad997360a7b71f9a8dc.jpgfb294ff6ace542baa31306590d79b0b8.jpg

Да ве прашам дали на овие саносиве што се на пр ако нема клима дали може да се стави клима? и колку пари чини истото?
 
Прегледај го приврзокот 46887Прегледај го приврзокот 46888mig 315.21.jpg

Да ве прашам дали на овие саносиве што се на пр ако нема клима дали може да се стави клима? и колку пари чини истото?

На втората слика е со клима, на заокруженото место претпоследниот бокс, место за багаж е искористен за клима.Санос овие модели со багажна клима ги работеле до 94-95 година, после се префрлија целосно на кровна клима (од лично искуство во често патување багажните клими се помалку ефективни и најверојатно застарен метод па поради таа причина ги прекинале).
А за клима местење е секако можно (исто како и повисока категорија Еуро), 2 до максимум 4.000 евра со монтажа, зависно од мајстори и јачина/модел/марка на климата.
Еве ист модел (Санос 315) со накнадно ставена кровна клима после ремонт
DSCN2861.jpg
 
Вака не се разбирам многу многу но колку троши со клима еден ваков автобус? отприлика? И каква е таа клима можеби е глупаво но дали само лади или? и топли.. бидејќи не се разбирам можеби е глупаво ова :D Инаку гледам некако имаш разбирање од автобуси ... Овие сетра што се автобуси какви се според тебе? и каде е поубаво да се купи автобус Македонија,Бугарија,Словенија или Германија... според цениве во Германија се поефтини како што гледам ... :) Фала ... однапред.
 
Не е некоја голема разлика.Ладење на лето и греење во зима нормално.
Сетра за автобуси ти е нешто како Мерцедес за коли.Додуша, малку преценето, ама име си е име :)
За купување, Западна Европа (+делумно Словенија), прво поради патиштата, а после и поради одржувањето и строгите критериуми за работа.Дури и да е со 30% поголема километража од некое исто возило на Балкан или Унгарија/Полска на пример, сепак е подобро поради ненормално доброто одржување и перфектните патишта.
 
Somnitelno Lice* Стварно извини вака што те замарам но дали знаеш што се под разбира под тоа СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ
--- надополнето: 1 август 2012 во 19:18 ---
Somnitelno Lice* Стварно извини вака што те замарам но дали знаеш што се под разбира под тоа СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ Бидејќи знам еден човек кој превезува патници и му пишува слободен превоз но не вози како на пр галеб и транскоп ...
 
Somnitelno Lice* Стварно извини вака што те замарам но дали знаеш што се под разбира под тоа СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ
--- надополнето: 1 август 2012 во 19:18 ---
Според Законот за патен сообраќај

. Слободен превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот сообраќај е превоз за кој релацијата и другите услови се утврдуваат посебно за секој превоз меѓу превозникот и корисникот на услугата;

Или со друг збор - школски екскурзии, возење војници за АРМ, други туристички групи, пензионери и слично.Значи не е редовен превоз односно превоз на патници без возен ред.
 
Ок фала а колку пари е отприлика? да се земе таа линценца? или како се вика бидејќи мојот дедо веќе има автобус еден :) а планира да земе уште еден.. сака фирма да отвори... за редовен превоз како на пр галеб што вози колку што знае он треба околу 70.000 евра а толку нема пари. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom