Актер(к)и кои се препознатливи по улога (лик од филм)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не ми текнуваше подобар наслов, така што ако модераторите им текне некој посоодветен наслов (а сигурна сум дека има само не ми текнува) нека сменат слободно. :)

На пример, колку често во друштво се случило да правиме муабет за некој филм и кога се обидуваме да ги објасниме актерите (а не ни текнува на името), обично викаме: “А бе тој што глумеше тоа и тоа, таму и таму“.

Еве уште посликовит пример:



Овој човек секогаш ќе остане Хари Потер, макар и 16000 филмови снимил.

Има многу примери на актери, особено тие што глумеле во серии со многу сезони да бидат запаметени едноставно како лик, а не како актер.

Што мислите дали тоа зависи од актерот и колку добро глумел во филмот/серијата?

Има актери камелеони, што не можеш да ги поврзеш со филм или да ги асоцираш со лик, затоа што нон-стоп некако се трансформираат, а има актери кои ќе снимат 100 филма, ама секогаш ќе има еден филм, еден лик по кои ќе ги памтат. Голем дел од актерите во интервјуа велат дека некои ликови се како проклетство, иако ги направиле славни, сепак не можат да побегнат од нив иако сакаат.

Иако огромен е бројот на хејтери на форумов (а и јас не сум oбожавател):

Овие двајца не верувам дека ќе се отргнат од нивните ликови, колку и филмови да снимат. Секогаш ќе бидат двајцата од Твајлајт. (Каква несреќа :icon_lol:)
Јас ги лупнав овие два примери затоа што први ми паднаа на памет, не дека ги сакам многу...

Па кажете примери за актери кои се попрепознатливи по некој одреден лик или филм, без разлика на тоа колку е богата/сиромашна нивната кариера со филмови.

Значи кој актер/актерка кога ќе ви го/ја спомнат ве асоцира одма на одреден лик или филм?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Дастин Хофман - The Graduate.

Том Хенкс - Forrest Gump.

Џо Пеши - Goodfellas .

Де Ниро - Таxi Driver.

Џек Николсон - One Flew Over The Cuckoo's Nest.

Кевин Бејкон - Mystic River .

Ал Пачино - Scarface.

Tим Робинс - The Shawshank Redemption .

Џек Лемон - Some Like It Hot .

Џорс С. Скот - Patton.

Џоди Фостер - The Silence of the Lambs.

Кетрин Хепберн - The Philadelphia Story .

Одри Хепберн - Breakfast at Tiffany's.

Мерил Стрип - Kramer vs. Kramer.

Сигурни Вивер - Аlien.

Џулијан Мур - Magnolia.

Дајaна Китон - Annie Hall.

Клер Денс - Romeo + Juliet.

Маги Смит - Murder By Death.

Кејти Бејтс - Misery.

Џуди Денч - Shakespeare In Love.


Доста се сега за сега :)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.828
Поени од реакции
7.167
Ме насмеа погорниот пример за Миле Паника ( секако, на позитивен начин ), мислам дека и останатите од к-15 не може да избегаат од својата улога.

На пример, секогаш кога ќе помислам на Хуан Мекрегор секогаш во глава ми е Рентон, без разлика што има играно и во други познати улоги.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Mathew Perry - Chandler
Robin Williams - Mrs. Doubtfire
Pierce Brosnan - James Bond
Harrison Ford - Indiana Jones
Jim Carey & Jeff Daniels - Dumb and Dumber
Eddie Murphy - Beverly Hills Cop
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Дастин Хофман - The Graduate.

Џек Николсон - One Flew Over The Cuckoo's Nest.

Кевин Бејкон - Mystic River .
Е за овие грешиш.
Дастин Хофман не е поврзан со тој филм само. Rain man, Kramer vs Kramer?
Џек Николсон е повеќе поврзан со Џокер и Сјаење, пример.
Кевин Бејкон и Мистик Ривер не е ни приближно до Кевин Бејкон и Футлуз.

А да не бидам офтопик - Џон Траволта - Диско играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom