Сега скоро купив кола и во неа имам 4 звучници 2 се на предните врати и имам 2 елипси но само еден на предната врата ми е повржан и сега сакам да ве прашам како иде повржувањето можам ли да земам од кабелот кој иде накај тој звучник што свири да го исечам и да одвојам кабли што ке одат накај другите звучници
Ај прво биди малце појасен:
1. Велиш дека еден звучник само е поврзан, на предната врата. Сакаш да кажеш дека на другите звучници НЕМА КАБЛИ ВООПШТО ИЛИ ИМА КАБЛИ АМА НЕ РАБОТАТ?
2. На радиото постојат ли излези? Зелен, бел, лила и сив кабел, заедно со уште еден таков (зелен, бел, лила и сив) но со црна црта?
3. Ако нема на радиото такви излези како под 2, отвори го радиото и сам извлечи жици (излези) од сечените остатоци на излезите. Кога ќе го направиш тоа поврзи ги на звучниците.
4. Ако влечеш кабли од тој едниот излез, и ги поврзеш и другите звучници на него ќе немаш стерео, а ќе свири на сите звучници.
едит: Чисто да знаете при поврзување на радио во колата:
1. Црвена жица од радио е + постојано.
2. Жолта жица од радио е + со вклучен контакт.
3. Црна е маса
4. Ако има тегет, тоа е за ел. антена (палиш радио и вззззззз се крева антената кај постари возила)
5. Може да има и портокалова... демек за телефон.
6. Излезите се опишани погоре.