Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Го видовте отварањето на Олимписките игри синоќа, еве линк од Пекинг, колку за споредба. :pos:

Најинтересна ми беше кралицата, односно падобранскиот скок на кралицата и што ни покажуваше колку и` е досадно. :icon_lol:

П.С. Мит Ромни ги проколна. :pos:
 
Ќе има ли пренос од нашиов, мајку им распалим... кај да се бараат стримови сега.
 
Даваа на МТВ, трето место.

4.32.38. :(
 
Нема везе тоа трето место, и коментаторов треска глупости. Најбитно е времето во heat-овиве. Катастрофа, 4:32, 5 секунди послабо дури, што пливаше мешано кога е тапа во грбно, ете овој Али баш таму му направи толкава разлика. Требаше да тера 100 или 200 делфин само ај :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
4.32.38, 3,5 секунди послабо од сопствениот рекорд и околу 5 секунди од државниот.
 
Пеперутка се држеше добро дечкото , грбно ептен пропадна :unsure:
 
Зашто секад на Олимпијада имаат послаби времиња од нивните најдобри и тоа многу?
 
Јас не знам шо не проба да земе шампон со него, да си замие главата, додека овој Атари од Катар ја завршуеше трката.
Тоа е таа доминантност.
 
Фелпс во тесна битка го совлада Чех, беа далеку од останата конкуренција, потврдија дека се 2-ца од 3-цата фаворити за златото во 400 м мешано. Останува уште Лохте да ги затвори квалификациите...

Гледајте Еуроспорт, Хрт 2 велосипедизам, само нашиве изглеа ке го тупат со кошарка, ракомет итн.
Инаку кога е полуфиналето и финалето од 400м мешано?

Хаха Лохте си играше кур на крај и ја остави победата...:pos:
 
мажите или жените возат велосипедизам моментално?
 
Да не знаете дали ќе има реприза на отворањето? Вчера бев станат од 5, па очите ми паѓаа во 22 часот :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom