Пиратик се има декларирано како либерал, а не либертаријанец. Ја знам разликата и можам да се согласам дека вториве многу подостоинствено држат до своите принципи. ДПМНЕ и СДСМ се далеку од либерали, според начинот на кој го користат државниот апарат додека се на власт, би се сместиле во друга категорија, ама многу ќе забегаме од тема.
Инаку, во вториот параграф само укажував на нелогичноста на ставовите на Пиратик на темава со тоа што го пишува во економија. Кога се работи за реални проблеми најголем дел застануваат на страната на сигурноста. Доколку стварно мислиш дека пазарот треба да биде апсолутно слободен и државата не би требало да влијае врз него дури и кога гиганти пропаѓаат и луѓе умираат за леб, си еден од ретките што стварно ја става слободата пред сигурноста.
А која е па разликата помеѓу либерал и либертаријанец, зарем не е исто тоа !
Е сега исто така сум чул дека постоеле и леви-либерали и десни-либерали, која е разликата, либерал си е либерал, значи ниту десно, ниту лево, откај тоа леви и десни либерали ................
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
Инаку секако дека државата како држава мора да постои, никој не рече дека треба државата и нејзините институции комплетно да згаснат ............ без државата т.е. без државните институции за 24часа би настанал сеопшт хаос, бидејќи мирот и безбедноста во државата е во рацете на полицијата, без полиција секој ќе почне по свое да си дели правда, без армија исто така ќе бидеш комплетно незаштитен пред се од надворешни фактори, без судство т.е. без правен систем и без закони секој ќе може да си прави што си сака пљачкање, убивање, тепање, силување, палење, колење... никој нема да може да му суди, здравството и школството исто така според мене треба да бидат во најголема мера државни, а не приватни, бидејќи овие две гранки се есенцијални .......... ОК е да има и приватно здравство, но мора да има и државно, всушност и во западните држави покрај приватно има и државно здравство, исто и школството покрај приватните школи и универзитети мора да има и државни, секаде низ светот е тој принцип ................... значи сума-сумарум мора да постои државата како држава, но мора да се олабават одредени закони и законски акти, олабавување на казнената и даночната политика, полесни и поедноставни услови за започнување на сопствен бизнис, бидејќи вака како што е сега кај нас со овие бирократски лавиринти ептен е заебано и да додржиш, а камо ли па да отвориш сопствен бизнис, како што еднаш кажа еден член, во МКД е далеку полесно да отвориш свој бизнис/фирма, а многу потешко е да го затвориш истиот, секако поради бирократските лавиринти и нереалните побарувачки од државата !
--- надополнето: 28 јули 2012 во 09:55 ---
Уште ова и крај
Иако сега ова што ќе го пишам се комплетни глупости али сепак како за пример.На тоа прашање горе ти што го напиша ти ќе им одговориш "Секој млад човек ќе добие шанса да си најде работа според своите класификации и знаења" и да си за легализирање комплетно на дрога ( што кај постарите генерации е комплетно непопуларно ) и те прашаат ти можеш да им одговориш само дека "Земјоделците треба да имаат право да садат што сакаат и да го продаваат каде сакаат и на кого сакаат зошто тоа е нивен труд и со тоа нивни пари".Многу е лесно да ги вртиш работите.
Јово со шатор стратегијата му пропадна зошто он немаше ништо поразлично да понуди од ВМРО или СДСМ: ВМРО и СДСМ нудат пари и вработувања за партиските членови.Единствен начин да им се спротиставиш без големи количини пари е да бидеш идеолшки чисти и да можеш луѓето да ги запалиш идеолошки.
Али и треба да се чека моментот.Види само во 90тите колку бил запален народот за промени имало многу партии сите разлчни мислења па дебати чуда сега се е измрцварено и се чека тиквата да пукне кога ќе пукне тиквата ќе се вратат истите моменти како во 90 тите и тогаш ќе биде вистинското време за идеолошки чистите.
Кај нас се две големи партии од кои едната се самонарекува десница, а другата се самонарекува левица ............. но владеењето им е ептен слично, јас и не гледам некои големи разлики во нивните владеења, ниту на политички план, ниту пак на економски план ........... ај тие што се самонарекуваат десничари можеби и навистина имаат одреден сегмент на десничарски политики, ама неможам да сфатам од каде тоа другите кои себеси се нарекуваат левичари имаат врска со левичарски политики ......... б.т.в. најголемите олигарси во МКД се дел или биле/беа дел токму од левицата, а не од десницата, значи во МКД имаш тешки капиталисти и олигарси кои се самонарекуваат левичари, а всушност немаат благе везе со левица .............. ај да ги оставиме тие олигарсите, исто така познавам и голем број на добро ситуирани луѓе, доктори, професори и сл. кои се самонарекуваат левичари ............. а всушност се тешки капиталисти, а знаеме дека левичарите се генерално против капитализмот и секогаш се на страната на работничката класа, а овие наши ’’левичари‘‘ благе везе немаат со леви политики, а се самонарекуваат левичари .............. навистина несфатливи работи !