Слобода или сигурност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Слобода или сигурност?

  • Вкупно гласачи
    69
Ги немаме ни на хартија

Со данокот на имот се поништува правото на приватен имот зошто автоматски стануваш киријаш на државата ако не платиш кирија ( данок ) ќе ти го земат имотот.

Правото на слободен говор исто го немаме заради тужбите за клевета со тужбите на клевета е комплетно ограничено правото на слободен говор.

За владеење на закони не ни мора да се дадат аргументи зошто нема.

Правото пак на самоодрбана е комплетно уништено со тоа што е ограничен пристапот до алати за одбрана ( оружје ).Сите криминалци можат да дојдат до оружје за 1 секунда додека обичните луѓе кои ги почитуваат законите не можат.

Не само што не се спроведува во пракса и комплетно на хартија сите човекови права се унаказени како што кажа Ставрогин "ставени на ланец"

Слободата на говор е нешто за кое мислам дека секогаш ќе има две спротиставени страни. Ок е слобода на говор, но каде е границата? Твојата слобода не треба да ја гази мојата слобода, а ако ти земеш во јавност намерно да кажуваш лаги за да ме дискредитираш, ондак каде е линијата? Истото е и со говор на омраза...

Каде е линијата?

Има разлика меѓу слобода на говор и искористувањето и ставањето превез на лагите и манипулирање и извртување информации и тоа да го наречеш слобода на говор.

И? Кои се аргументите за „слобода“? На тогашниот роб, и на денешниот „модерен работник“ што зема 6 000 денари?

Достапност на ифнормации, просечен животен век... пријателе, прајме муабет за слобода!

Слобода? Што е денес слобода? Пари.
Ако мислиш поинаку, пробај, оди некаде беспари.
Е тука е врската (челична врска) меѓи робовите и работниците. Во илузорноста, дека нешто е поинаку. Робовите немале википедија и живееле некоја година подолго.

Да, ама за жените е малку поинаку. Сега жените ги имаат мање-више истите права како и мажите, смеат да гласаат, да учествуваат во политика, да се образуваат, да работата и сл. Порано биле третирани како роба која треба да ја оженат за да добијат некоја паричка.
 
Слободата на говор е нешто за кое мислам дека секогаш ќе има две спротиставени страни. Ок е слобода на говор, но каде е границата? Твојата слобода не треба да ја гази мојата слобода, а ако ти земеш во јавност намерно да кажуваш лаги за да ме дискредитираш, ондак каде е линијата? Истото е и со говор на омраза...

Каде е линијата?

Има разлика меѓу слобода на говор и искористувањето и ставањето превез на лагите и манипулирање и извртување инфорации и тоа да го наречеш слобода на говор.

Ама никој не ги тера сите мене да ме слушаат .

Во Америка на телевизија можеш слободно да излезеш и да кажеш што сакаш за кого сакаш.Наа главни вести го имаат викано Обама подржуваш на терористо а Буш убиец на мали деца.

Проблемот е дека телевизиите ќе изгубат кредибилитет и никој нема да ги гледа а тој новинар сите ќе го сметаат за шарлатан.Еве го кај нас тоа право си го има Латас кој си збори што сака.Не знам човек кој го смета него за новинар а уште помалце па да му верува на лагите.

Не смее да се прави компоромиси со права или ги имаш или ги немаш така и правото на слободен говор не смее да се ограничува.
 
Да, ама за жените е малку поинаку. Сега жените ги имаат мање-више истите права како и мажите, смеат да гласаат, да учествуваат во политика, да се образуваат, да работата и сл. Порано биле третирани како роба која треба да ја оженат за да добијат некоја паричка.

Па, и не е баш поинаку. Жените го добија она на мажите - илузорната слобода, т.е само некој глуп, неоснован филинг дека се слободни и сигурни. Порано, барем знаеа дека не се, и не ни биле. Новината и разликата е дека мислат дека се, ама учествуваат во еден убав, набиен затвор, заедно со мажите. И едните и другите се задоволни со својата “слобода и сигурност“ која никогаш не ја испробале.
 
Ама никој не ги тера сите мене да ме слушаат .

Во Америка на телевизија можеш слободно да излезеш и да кажеш што сакаш за кого сакаш.Наа главни вести го имаат викано Обама подржуваш на терористо а Буш убиец на мали деца.

Проблемот е дека телевизиите ќе изгубат кредибилитет и никој нема да ги гледа а тој новинар сите ќе го сметаат за шарлатан.

Еве го кај нас тоа право си го има Латас кој си збори што сака.Не знам човек кој го смета него за новинар а уште помалце па да му верува на лагите.

Ама ќе те слушнат. И ќе дискретираш некој НАМЕРНО. Тоа веќе не е слобода на говор. Некој кажа и претходно, слободата е поврзана и со одговорноста. Треба луѓето да се одговорни и да ја употребуваат својата слобода, но да не газат во границите на туѓата слобода. Едноставно е.

Па, и не е баш поинаку. Жените го добија она на мажите - илузорната слобода, т.е само некој глуп, неоснован филинг дека се слободни и сигурни. Порано, барем знаеа дека не се, и не ни биле. Новината и разликата е дека мислат дека се, ама учествуваат во еден убав, набиен затвор, заедно со мажите. И едните и другите се задоволни со својата “слобода и сигурност“ која никогаш не ја испробале.

Ок, сепак работите се придвижиле, жените веќе не се само “дел од куќата“...
Добивање слобода е еволутивен процес, барем според мене.
 
Ги немаме ни на хартија

Со данокот на имот се поништува правото на приватен имот зошто автоматски стануваш киријаш на државата ако не платиш кирија ( данок ) ќе ти го земат имотот.

Правото на слободен говор исто го немаме заради тужбите за клевета со тужбите на клевета е комплетно ограничено правото на слободен говор.

За владеење на закони не ни мора да се дадат аргументи зошто нема.

Правото пак на самоодрбана е комплетно уништено со тоа што е ограничен пристапот до алати за одбрана ( оружје ).Сите криминалци можат да дојдат до оружје за 1 секунда додека обичните луѓе кои ги почитуваат законите не можат.

Не само што не се спроведува во пракса и комплетно на хартија сите човекови права се унаказени како што кажа Ставрогин "ставени на ланец"

Да не ни почнувам за данокот на приход кој се коси со секаква легалност.
Не велам дека нема дупки во законите ,а и не можам да навлезам во којзнае колку голема дискусија пошто не сум подлабоко запознаен со законите.
Поентата ми е правата ги има на хартија што е добро ,но мора и да се бориме да се спроведат бидејќи како што самиот кажа имаме ограничувања.
Јас лично не сум против данок сепак мора да постои данок за да опстане државата,но како што спомна има закони со кои сме ограничени без основа против кои мора да се бориме .
Правата се тука ,но без борба лесно може да бидат одземени.
Сите ограничувања што ги напиша се реалност,но само затоа што ние сме го дозволиле тоа.
 
Се усреќија жените со слободата. Еве како ја користат.

http://forum.kajgana.com/threads/Згодни-френдови-и-френдици-од-Фејсбук.62445/page-21#post-5192830

Што велат сите овие слики? Гледајте ме, јас постојам, јас сум парче месо со дупка на средина.

Јака работа оваа слободата.

Тоа е веќе друг муабет, јас зборувам за слободи како право на слобода на образование, гласање, работа и слично. Ова веќе претставуваат одредена група на општеството според која не може да се идентификува еден цел пол. :)
 
Не смее да се прави компоромиси со права или ги имаш или ги немаш така и правото на слободен говор не смее да се ограничува.
Ограничено е одговорноста на поединецот.
Значи слободата може да биде ограничена само од самиот себе си.
 
Тоа е веќе друг муабет, јас зборувам за слободи како право на слобода на образование, гласање, работа и слично. Ова веќе претставуваат одредена група на општеството според која не може да се идентификува еден цел пол. :)

Не е спорно дека животот во секуларните модерни општества е подобар и подолг од животот порано. Исто не е спорно дека жените имаат многу повеќе слобода. Само, секогаш кога се зборува за слобода, ми доаѓаат зборовите на Ниче напамет:

Слобода, од што, и слобода за што?

Баш на тие зборови се сетив кога ја гледав duck face темата...

А ако мислиш дека тие девојки таму претставуваат само еден мал сегмент од општеството, почекај уште некоја година...
 
Ограничено е одговорноста на поединецот.
Значи слободата може да биде ограничена само од самиот себе си.

Не е одговорноста на поединецот.Слободата да правиш што сакаш завршува таму кога со твоите дејства ги спречуваш истото да го прават и другите.Затоа постојат закони за да кажат каде одприлика оди таа линија и затоа постојат држави за да бидат спроведувачи на таа линија.

Проблемот е дека со времето системот на закони е изманипулиран од политичарите за сега да служи само како начин за они да дојдат до поголема моќ.
 
Не е спорно дека животот во секуларните модерни општества е подобар и подолг од животот порано. Исто не е спорно дека жените имаат многу повеќе слобода. Само, секогаш кога се зборува за слобода, ми доаѓаат зборовите на Ниче напамет:

Слобода, од што, и слобода за што?

Баш на тие зборови се сетив кога ја гледав duck face темата...

А ако мислиш дека тие девојки таму претставуваат само еден мал сегмент од општеството, почекај уште некоја година...

Затоа има два вида слобода: позитивна и негативна, баш во однос на болдираното.
Не е само кај жените duck face моментот и мажите “еволуираат“ во тој поглед, метросексуалци има еден куп, ама како и да е, тоа не е темата ќе забегаме во погрешен правец.
 
И? Кои се аргументите за „слобода“? На тогашниот роб, и на денешниот „модерен работник“ што зема 6 000 денари?

Достапност на ифнормации, просечен животен век... пријателе, прајме муабет за слобода!

Слобода? Што е денес слобода? Пари.
Ако мислиш поинаку, пробај, оди некаде беспари.
Е тука е врската (челична врска) меѓи робовите и работниците. Во илузорноста, дека нешто е поинаку. Робовите немале википедија и живееле некоја година подолго.
Треба или да се заебаваш или тотално да немаш допир со реалноста па тогашното ропство да го поистоветуваш со сегашниот однос на општеството и неговите поединци.
Денешниот работник има ИЗБОР, дали, што и каде ќе работи, робовите немале таков луксуз, тие биле сопственост нечива, биле на исто рамниште со предметите.
Денес секој има можност да направи нешто од својот живот, да заработи, да се докаже и да го искористи својот потенцијал, во минатите векови такво нешто немало! Просечниот животен век бил 20-30 години, за квалитетот на животот и да не зборуваме! Правото на слодобно изразување, правото на жените, достапност на информации и се останато кое денес го земаме здраво за готово, било научна фантастика за тие луѓе! Да тврдиш дека сега е полошо од тогаш, значи да немаш врска од историјата и сегашноста.
 
Не е одговорноста на поединецот.Слободата да правиш што сакаш завршува таму кога со твоите дејства ги спречуваш истото да го прават и другите.Затоа постојат закони за да кажат каде одприлика оди таа линија и затоа постојат држави за да бидат спроведувачи на таа линија.

Проблемот е дека со времето системот на закони е изманипулиран од политичарите за сега да служи само како начин за они да дојдат до поголема моќ.
Епа тоа е всушност одговорноста друже.Бидејќи нема одговорност постојат закони кои на некој начин те приморуваат на одговорност.
Слободата без одговорност е најголемото зло.
 
Треба или да се заебаваш или тотално да немаш допир со реалноста па тогашното ропство да го поистоветуваш со сегашниот однос на општеството и неговите поединци.
Денешниот работник има ИЗБОР, дали, што и каде ќе работи, робовите немале таков луксуз, тие биле сопственост нечива, биле на исто рамниште со предметите.
Денес секој има можност да направи нешто од својот живот, да заработи, да се докаже и да го искористи својот потенцијал, во минатите векови такво нешто немало! Просечниот животен век бил 20-30 години, за квалитетот на животот и да не зборуваме! Правото на слодобно изразување, правото на жените, достапност на информации и се останато кое денес го земаме здраво за готово, било научна фантастика за тие луѓе! Да тврдиш дека сега е полошо од тогаш, значи да немаш врска од историјата и сегашноста.

Всушност правото за слободен говор го имало посебно во Римската република било ценето.Достапот до информации и квалитетот на живот се подобрени само затоа што имаме подобри "алатки" од нив денес не зошто системот е подобар.

Правата на жените пак варирале од регион до регион.Во Азија и ден денес има многу општества кои се матријахални.
 
Сигурен сум дека оние кој ги фрлале во арената на лавови биле презадоволни од правото на слободен говор.
Ако на вас ви е до инает, немам намера да учествувам во него. А тврдење дека слободата сега и во минатите векови била иста е токму тоа - терање инает.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom