Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ги немаме ни на хартија
Со данокот на имот се поништува правото на приватен имот зошто автоматски стануваш киријаш на државата ако не платиш кирија ( данок ) ќе ти го земат имотот.
Правото на слободен говор исто го немаме заради тужбите за клевета со тужбите на клевета е комплетно ограничено правото на слободен говор.
За владеење на закони не ни мора да се дадат аргументи зошто нема.
Правото пак на самоодрбана е комплетно уништено со тоа што е ограничен пристапот до алати за одбрана ( оружје ).Сите криминалци можат да дојдат до оружје за 1 секунда додека обичните луѓе кои ги почитуваат законите не можат.
Не само што не се спроведува во пракса и комплетно на хартија сите човекови права се унаказени како што кажа Ставрогин "ставени на ланец"
Слободата на говор е нешто за кое мислам дека секогаш ќе има две спротиставени страни. Ок е слобода на говор, но каде е границата? Твојата слобода не треба да ја гази мојата слобода, а ако ти земеш во јавност намерно да кажуваш лаги за да ме дискредитираш, ондак каде е линијата? Истото е и со говор на омраза...
Каде е линијата?
Има разлика меѓу слобода на говор и искористувањето и ставањето превез на лагите и манипулирање и извртување информации и тоа да го наречеш слобода на говор.
И? Кои се аргументите за „слобода“? На тогашниот роб, и на денешниот „модерен работник“ што зема 6 000 денари?
Достапност на ифнормации, просечен животен век... пријателе, прајме муабет за слобода!
Слобода? Што е денес слобода? Пари.
Ако мислиш поинаку, пробај, оди некаде беспари.
Е тука е врската (челична врска) меѓи робовите и работниците. Во илузорноста, дека нешто е поинаку. Робовите немале википедија и живееле некоја година подолго.
Да, ама за жените е малку поинаку. Сега жените ги имаат мање-више истите права како и мажите, смеат да гласаат, да учествуваат во политика, да се образуваат, да работата и сл. Порано биле третирани како роба која треба да ја оженат за да добијат некоја паричка.