3 години исти плати, но трошоците не се истите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Толку ли е тешко државата да започне некој проект, што ќе може повеќе луѓе да се вработат и да земаат поголеми плати?

Веројатно,може и не е тешко,ама за овие 20 год. на сите влади им било тешко..или па незнаеле како.
 
Веројатно,може и не е тешко,ама за овие 20 год. на сите влади им било тешко..или па незнаеле како.
Ако се скрати од градењето, парите да се инвестираат на други работи...? Звучи едноставно.

... или пак, цело време се надеваме на странски инвестиции, па затоа сакаме да привлечиме луѓе? А да пробаме малце со нешто наше...? Не сме бар до толку глупи за да не можеме нешто да направиме / отвориме.
 
Ако се скрати од градењето, парите да се инвестираат на други работи...? Звучи едноставно.

... или пак, цело време се надеваме на странски инвестиции, па затоа сакаме да привлечиме луѓе? А да пробаме малце со нешто наше...? Не сме до толку бар глупи за да не можеме нешто да направиме / отвориме.

Што да се скрати кога најголем дел од буџет оди за плати и пензии и други социјали..прво што треба да се скрати е јавна администрација,ама нема политичар со муда тоа да го направи,зашто невработеноста од 30% ќе рипне на 40 и кусур..
А за отварање,капитализам е, тоа неможе..неможе држава да отвара фабрики како порано,таков е системот..само приватни лица и приватни компании можат..е сега како и зошто,тоа е широка дискусија.Нашиве стопанственици од една страна не се толку моќни,од друга секоја влада ги ебе како сака,од трета судовите не функционираат и така пропаѓа бизнисот.. Странските доаѓаат малку по малку,ама и они бараат многу.. зошто би ја избрале Македонија од 20 земји од централна-источна и југоисточна Европа..? Голема е конкуренцијата,капиталот е ограничен,секој се бори за евро повеќе..така е тоа во капитализмот.
 
кој е тој што ја рачунал просечната плата нека ми ја каже математиката како израчунал...

да беше 20 000 просечна плата никој немаше да се жали за ништо
Па друже кога ќе земеш 30% невработеност,30% сива економија ,остануваат 30% вработени во администрација и 10 % приватен сектор и богаташи.
За жал бројкава е далеку од реалната слика.
 
Не верувам дека во блиска, па и во подалечна иднина стандардот нешто ќе мрдне нанапред .......... без разлика значи кој е на власт, тоа е ирелевантно дали Н.Г. или Б.Ц. проблемите се повеќегодишни(конкретно зборам за невработеноста и ниските плати кои ги земаат голем дел од вработените граѓани, не сите секако) ............ средната класа почна да осиромашува овие последни години, а што се однесува до 30% невработеност и сиромаштија тие проблеми си беа и пред 2006 год. тоа се стари рак рани уште од почетокот на 90ите(при промената на системот од Соц. во Кап.), голем број фабрики едноставно рикнаа(од ХХХХ причини) и за краток врем.период стечајци на улица колку сакаш ................. мене повеќе ме плаши тоа што и средната класа постепено иде надоле некако во последно време, не сите има и такви кои сеуште се држат(оние со јаки примања), ама многумина од средната класа дефинитивно одат надоле во ниската класа ........... поради стагнацијата на платите и поради постојаниот континуиран пораст на сите трошкови за живот !
 
некој јаде цел живот зелка, некој цел живот месо, во просек сите јадеме сарми..
 
Ова е просечна плата народе , не се бунете , не викаме дека сите зимаат толку.

еве на пример просечни плати по сектори (цифрите ќе ги укрупнам):

призводство на текстил : 9.400 денари ( некои зимаат 20.000 , некој 6.000 , и така се добива 9,400)

облека : 10.000

кожа : 10.000

прехранбена : 16.000

земјоделство: 16.000

воздухопловство : 41.000

производство на фармацевтски призводи : 44.000

на пластични маси : 13.000

дрво и мебел : 11.500

градежништво : 16.700

телекомуникации : 40.000

финансиски дејности : 37.000

правни и сметководствени : 41.500

образование : 21.000

јавна управа : 25.500

здравство : 24.000


Државната плата и некои силни приватни сектори го креваат просекот на 20.000 денари.
 
20.000 просечна плата? Тогаш зошто во вемед зимаат 8.000?
A зошто во РЕК 45 000 ?
--- надополнето: 27 јули 2012 во 18:40 ---
неможе држава да отвара фабрики како порано
Од тоа порано, колку што знам, се затвораа а не се отвораа. Сеа зависи на кое "порано" мислиш.
 
Фармација, финансиски, правно-сметководствени, телекомуникации, шпедиција, брокери, газдите...е тоа се плати. Све друго е преживување.
 
Да знаев дека правно сметководствените работи се волку платени ќе го продолжев тоа школување а сега и колонијал ми е премија со диплома по археологија.
 
Треба да најдат друг начин за пресметување на овој просек, не може 10тина особи да го кренат просекот за 40%
 
Да знаев дека правно сметководствените работи се волку платени ќе го продолжев тоа школување а сега и колонијал ми е премија со диплома по археологија.

Треба да имаш знаење не само диплома , највише правници и економисти има невработени.

Со диплома и знаење имаш плата од 40.000 , а со диплома и со просечно знаење 20.000.

А такви работни места со по 40.000 денари ретко се призведуваат.
 
Треба да имаш знаење не само диплома , највише правници и економисти има невработени.

Со диплома и знаење имаш плата од 40.000 , а со диплома и со просечно знаење 20.000.

А такви работни места со по 40.000 денари ретко се призведуваат.

Катастрофа е у секој случај еве погоре имаш наведено за производство на маси од пластика и генерално тој сектор дека земаат 13 000 а уствари имам другари што работат баш во такви погони и платата им е 7 500 денари. Може чобанот( газдата) да зема 100 000 т е цел кајмак и просекот да дојде околу 13 000.
 
И мене то ме чуди, од кај ја извадија таа бројка -_- Ја колку шо знам плативе се движат од 6.000 до 14.000.

Па просек удираат, вклучувајќи ги платите на пратениците по 2000 евра, и вклучувајќи ги на народот по 100 евра, добиваат просечна плата.
 
20.000 просечна плата? Тогаш зошто во вемед зимаат 8.000?
Абе многу едноставно. Административците што седат дома а земаат плата по 20 000, џаболебарите (политичарите) земаат 60 000+, рајата 8000, еве ти "просек" како во швајцарија.
Па сега ти со твоите 8000 вџеб влези во продавница и купувај со "просечните" 20 000...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom