Dobro nikoj li nema strucen okolu problemov malce da objasni ???????
има... и тоа повеќе луѓе има на овој форум, меѓу кои и јас... ама на форум никој неможе да ти каже како да ја наштеловаш машината т.е карбураторот... прво и основно тоа мора да го прави човек кој е искусен, од проста причина што треба да го следи т.е. слуша звукот на машината додека ги врти штрафчињата... НЕМА ШАБЛОН за штеловање на карбуратори... не постои такво нешто.. има само добар осет и искуство...
--- надополнето: 27 јули 2012 во 18:04 ---
Ako mu stavis poteski rolni pobavno ke zabrzuva no ke ti se pokaci krajnata brzina, so lekite rolni e obratno imas super zabrzuvanje no pomala krajna brzina. Neznam kolku e tocno no velat deka ako gi iskombiniras 3 teski i 3 leki rolni ke imas i dobro zabrzuvanje i dobra maksimalna. btw mislam deka so poteski rolni trosi poveke
тоа 3 лесни 3 тешки е бајка.. не може да се постигне такво нешто туку така се комбинираат кога сакаш да изведеш меѓу тежа на ролни а не ти се даваат пари за трет сет ролни... и брзо се трошат полесните...
второ, како што реков, секое мењање на тежината на ролните се зголемува потрошњата:
-потешки... затоа што односот на вбризгување гориво со чекорот на потрошена и добиена снага се намалува, бидеји машината станува по трома и забрзувањето е временски зголемено. ако моторот се вози до 65% од снагата без давање на полна гас (а тоа скоро никој не го прави), ке се задржи потрошњата на исто ниво...
-полесни... обртаите на старт се зголемуваат драстично а со самото тоа и тактот на работење и зголемен број на циклуси пред да се постигне крајно залепување на ламелите. до сега ти требале 4500-5000 обртаи за да залепиш ламела и тргнеш со полна снага од 30 па нагоре на час, а сега истото го правиш со 6500-7000 обртаи иако за пократко време, сепак бројот на поминати 4 такта е поголем... потрошено е повеќе гориво...
во првиот случај (потешки ролни), како забрзуваш обртаите прво се качуваат, па после се намалуваат, се до 4500 обртаи, па почиња да се гуши ако иде подоле. тоа значи дека има ставено претешки ролни за таа машина. или треба да се отвара карбураторот и иглицата да се дигне 1 чекор погоре, па да се наштелова воздух и ке се добие на снага ни и на екстра потрошња. доколку се наполни брзината на максимум (затегнат ролните на максимум) полека ке почнат да се качуваат обртаите а со самото тоа и брзината ке се зголеми. тоа е моментот што го велат, поголема крајна брзина.
негативни ефекти:
-се троши каишот многу брзо
-се троши варијаторот многу брзо
-ламелите ги троши побрзо
-троши бензин повеќе од вообичаено
во вториот случај (полесни ролни), како забрзуваш обртаите се зголемуваат и негде до 8500-9000 обртаи машината се укочува и неможе повеќе, а тоа е затоа што ролните не се доволно тешки за да го исфрлат-затегнат каишот повеќе па со самото тоа он да се спушти подоле на варијаторот и да има поголем обртен момент... се разбира доколку нема блокажа на еку-то ке ги дигне тие обртаи. ако има ке иде до онолку колку што има... се мења еку-то ако има блокажа...
негативни ефекти:
-кариките се трошат многу брзо
-цилиндарот-хилзната се трошо брзо
-летечи и лежечи лагери се трошат многу брзо
-троши бензин повеќе од вообичаено
и во едниот и во другиот случајпожелно е да се има подобар издув-ауспух без катализатор и секако спортски филтер. ефектите се далеку подобри. потребно е да се појача дизната бензинска и во двата случаи, односно дизна со поголем промер.. да речеме 110 или 120 милиграми-милилитри
мислите ли дека само со ролни мењање ке постигнете нешто?
--- надополнето: 27 јули 2012 во 18:10 ---
Другарти има 50цц? Ако он троши 100ден на 15км ондак му лапа преку 8 литри на 100 што е несватливо за 50цц!
не е несватливо има логично објаснување и за тоа... сум видел 50-ки што лапаат и повеќе.. и 80-ки што лапаат и 12 бензин.. претерале со форсирање на машините а секое форсирање повлекува и потрошња.. поготово кај двотактните... туку тиа што инвестирале до 600-700 евра за китови и глупости баш и не му се секираат за потрошњата.. друг е мубаетот кај нив.. ако сакаш да не ти троши веспата, НЕ ЈА ДИРАЈ во фабричкиот сетинг... ако треба ролни да смениш, стави со иста тежина како што имале... каиш ист, не си играј со димензии, гуми исти, не мењај димензии... и уље мењај на секои 1000 километри... така ке си остане фабричак потрошња... и ден денес има луѓе кои и после 5 години визење на кинези се фалат од потрошња... 3 литри на 100 за 50-ки и 3,5 до 3,7 на 100 км за 150-ки... јас лично имав лингкен 150-ка, со мењач трошеше едвај 3 на 100.. малку сељачки мотор на изглед (ја го викав мотор за дедовци), ама супер економичен а и релативно стартен и брз само ради мењачот.. и се разбира фабричка постава на 150-ка и без чепкање идеше до 90... имав и 125ка лингкен, го чепкав, го појачував, друг клип, хилзна друга, карбуратор, дизни, филтери спортски, ауспух со добар издув бла бла бла... 6,5 ми трошеше.. е да, одеше 140 ама кркаше повеќе од дупло дупло повеке од претходниот а на моменти и до 7,5 се качуваше потрошњата..